Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините - Канал 5

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините

 Во следните денови се очекува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. 

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта во југоисточните делови на земјата се очекуваат врнежи и над 20 литри на квадратен метар.

В петок поинтензивни врнежи од дожд ќе има во крајните западни делови од државата. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер.

Од недела се најавува заладување, при што врнежи од снег се очекуваат на планинските предели и во дел од повисоките места во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Битола: 25 год. од загинувањето на воените резервисти кај Гајре

Денес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.

О.Битола: 25 год. од загинувањето на воените резервисти кај Гајре

Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители.

Свежо цвеќе во име на градоначалникот на Битола и Општина Битола положи заменик градоначалничката Марина Крстиќ, претставници од Советот на Општина Битола, министерства, политички партии, семејствата на загинатите бранители и други граѓани.

Нека им е вечна славата на нашите херои Влатко, Пеце и Благојче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС

Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја.

Манасиевски: Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија.

Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период од 2027 до 2029 година. За првпат од независноста, ќе бидеме дел на едно од главните тела на системот на Обединетите нации. Ова е историски успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, на доверба, на работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но која носи конкретни резултати.

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува за периодот до ноември 2025 година, испраќа важна политичка порака, а тоа е дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност како и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО алијансата.

Имаме заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика. Пост-мониторингот со Советот на Европа е завршен со што ги исполнуваме сите демократски капацитети како држава. Имаме стратешки договори со Унгарија, Хрватска, Обединетото Кралство и САД. Но, исто многу важно во делот на дипломатијата конкретно во делот со Бугарија е дека по долги години потчинување, понижување и неработење од страна на тогашната влада предводена од СДС, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша Ратификување на договор со Бугарија за Коридорот 8, што е од клучно значење за Европа, регионот како и самиот Балкан.

Почитувани граѓани,

Додека едните се сликаа на автопати со маички и си делеа провизии од анексите за работа на коридорите, додека другите потпишуваа бланко листови за да останат ден повеќе на власт на штета на македонските интереси, ВМРО-ДПМНЕ работи на евроинтегративниот процес, со реални ефекти, со реални резултати и со државнички однос кој денес го поздравуваат голем број на функционери од земјите членки на ЕУ.

Затоа на СДС, дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им пречи. Затоа што за нив единствен успех би бил ставањето на Бугарите во Уставот за редефинирање на македонската историја.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кавадарци домаќин на Првата годишна средба на машинските инженери во Македонија

Кавадарци беше домаќин на Првата годишна средба на машинските инженери во Македонија, значаен настан кој обедини истакнати професионалци, академски кадар и претставници од индустријата. 

Кавадарци домаќин на Првата годишна средба на машинските инженери во Македонија

Средбата претставуваше платформа за размена на стручни знаења, искуства и современи практики, како и за продлабочување на соработката меѓу инженерската заедница и стопанството.

Во текот на настанот беше нагласена клучната улога на машинските инженери во технолошкиот развој, индустриската конкурентност и поттикнувањето на иновациите. Ваквите иницијативи имаат особено значење за унапредување на инженерската професија и за создавање нови можности за професионален развој, соработка и одржлив економски напредок, напиша на својот профил на фејсбук градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер