Промени во образовниот систем за да се поттикнат вештините кај младите за финасиската писменост - Канал 5

Промени во образовниот систем за да се поттикнат вештините кај младите за финасиската писменост

Младите луѓе во државава не знаат да го планираат сопствениот буџет, и многу малку знаат како да ги користат средствата со кои располагаат, не знаат да штедат а во денешно време тие што имаат вакви навики врсниците ги исмеваат како скржави.

Промени во образовниот систем за да се поттикнат вештините кај младите за финасиската писменост

Овие работи мора да се сменат, метаат учесниците на денешниот трет Женски Економски Форум што се одржа во Скопје. Во фокусот на економската писменост, претседателката на здружението „Јас сум жена“, Ана Докоска побара промена на образовниот систем во кој преку воведување нови наставни предмети, ќе се стави акцент на вештините на младите околу економската писменост.

-Според нашите истражувања не сите училишта имаат предмет за финансиска писменост и преку вакви настани посакуваме да издејствуваме еден ден во сите да има предмет за финансиска писменот бидејќи финансиски едуцирано население придонесува кон општествен раст и развој, рече - Ана Докоска- претседателка на здружението „Јас сум жена“.

Министерката за образование Весна Јаневска, нагласи дека учениците и сега во рамки на изборните предмети имаат можност да стекнат знаење за тоа што значи финансиската писменост. Таа најави и дополнителни обуки на наставниците со кои финансиската писмнеост би се доближила уште повеќе до младите.

-Македонското образование во своите програми содржи елементи на финансико образование и во основно и во средно образование, преку обврзни и изборни предмети различно во основното и во средното образование, каде децата ги стекнуваат знаењата кои им се потребни на соодветно ниво на нивна возраст за натамношно работење или водење на сопствените финансии. Секој систем, додаде таа, може да биде подобрен и затоа Министерството заедно со Бирото за образование, Народната банка, Македонската банкарска асоцијација и други институции постојано разменува информации и искуства за да го подобри и овој сегмент во образовниот процес, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека зголемување на платите во образованието од седум проценти ќе има во април и оти тоа, покрај за наставниот кадар, ќе важи и за сите вработени во основните и средните училишта.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа.

Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка.

На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер.

На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание.

Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата.

Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи.

За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер