3Искра Хаџи Василева даде свечена изјава за стапување на функцијата основен јавен обвинител во ОЈОГОКК
МакедонијаНародната банка со поддршка за вклучување на финансиската едукација во образовниот процесСредба со претставници на Сојузот на средношколци.Финансиската едукација овозможува подобро разбирање на финансиските производи, концепти и ризици, како и развој на способностите за носење издржани финансиски одлуки, што придонесува за поголема општествена благосостојба. Затоа, финансиската едукација е еден од стратегиските приоритети на Народната банка, при што посебно внимание ѝ се посветува на едукацијата на младите, кои се носечки столб на иднината на општеството. Ова беше посочено од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на средбата со претседателот на Сојузот на средношколци Берин Мухамед. На средбата присуствуваа и вицегувернерката Ана Митреска и главната економистка Анета Крстевска, како и претставниците на Сојузот на средношколци Ана Младенова, Ива Трпески, Влатко Стојкоски, Ана Бошкова, Гент Бина и Филип Најдовски. Последниве години Народната банка вложува зголемени напори за зајакнување на финансиската едукација и инклузија, во согласност со првата национална стратегија во овој домен, донесена од страна на финансиските регулатори, предводени од Народната банка. Меѓу другото, активностите на Народната банка ги имаат предвид и резултатите од Анкетата на Народната банка, која покажа дека околу половина од младите сметаат дека располагаат со делумно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства, а во однос на начинот на едукација, сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класични предавања, во комбинација со едукативни материјали на интернет и видеоматеријали. На средбата, претставниците на Сојузот го истакнаа финансиското образование како еден од приоритетите на средношколците, нагласувајќи ја потребата од воведување на финансиското образование во формалниот образовен процес. На средбата, претставниците на Сојузот на средношколци ја презентираа и својата публикација „Изучување на граѓанското и финансиското образование, медиумска писменост и дебатата во средните училишта како предуслов за градење активни граѓани“, каде што се прави осврт на клучните полиња во кои младите имаат потреба за продлабочување на формалното образование, заради нивна поголема вклучевност и активност. Изучувањето на финансиската едукација во образовниот процес е заложба и на Народната банка, којашто би се остварила преку воведување посебен предмет или посеопфатно вклучување на одделни сегменти во постојните предмети (иако и сега е делумно застапено во основното и средното образование). Ова е предвидено како посебна активност во Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, за што се остварува постојана соработка со Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Средбата со Сојузот на средношколците е дел од вкупните заложби на Народната банка за финансиска едукација на младите, заради што редовно се спроведуваат повеќе активности за средношколци за коишто можете да најдете повеќе информации на следната https://www.nbrm.mk/finansiska-edukacija.nspx Народна банкаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБлокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата, должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана. Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација. Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата. Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари. Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена. Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација. Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година. Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден. Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември. Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители. Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката. Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook