3Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
МакедонијаЈаневска: 36.000 денари плата за наставниците и до 100.000 денари за универзитетските професори За идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, односно идната влада на Република Македонија, квалитетно и модерно образование претставуваат приоритет, рече Весна Јаневска.Квалитетното и модерно образование се темел за развој на другите општествени полиња и се темел за развиток на другите приоритети како што се економијата, градењето на демократско општество, градењето на праведно општество и развој на сите индивидуа се со цел за подобар живот. Квалитетно и модерно образование во функција на пазарот на трудот ќе изгради иновативни единки и широка распространета мрежа на иновации кои ова држава ќе ја водат во просперитет. Во програмата за образование на ВМРО-ДПМНЕ има многу приоритетни проекти, но ќе ги одвојам најважните. Ќе почнеме од основното и средно образование, а потоа и со високото. Во основното образование се предвидени реформи на наставните планови и програми, со особен осврт кон воспитната дејност на најмладите. Најмладите ќе бидат растеретени од заморното учење на факти и репродукција на факти, а ќе се обрне внимание на нивното критичко мислење на развој на демократски капацитет, на спознавање на себе и околината, на моралните и етичкие норми, на спознавање на различностите и прифаќање на различностите, на споделување на проблемите и решавање на проблемите. Наставниците ќе бидат растеретени од огромната административна работа на пишување и препишување на едни исти описни оценки или други оценки, како во е-дневникот така во дневникот и матичната книга. Тие ќе се посветат на образованието, а не на администрацијата. Наставниците ќе добијат повисока плата како мотив за нивната работа, достојна за нивниот труд кој го вложуваат во образованието на најмладите од кои ќе се продуцираат нашите научници, нашите политичари, нашите филозофи, нашите доктори. Платата на наставниците ќе биде според колективниот договор, ќе има израмнување и таа ќе изнесува 36.000 денари. Тука да не ги пропуштам професорите, како што веќе слушнавте платата на универзитетските професори ќе достигне до 100.000 денари. Наставниците ќе имаат кариерно напредување, нив ќе им бидат признаени сите достигнувања кои тие ги достигнале во својот професионален живот, магистериумите, докторатите, наставникот ментор, наставникот советник ќе бидат соодветно наградени и еволуирани за својата работа. Притоа учениците исто така ќе можат да работат со наставник кој е задоволен и мотивиран, ќе се трудат и ќе сакаат да стекнат знаење со мотивирани наставници. Од останатите проекти во однос на средното образование, предвидовме средно образование во функција на стопанството. Дуално образование, образование според пазарот на труд и според потребите на општеството. Предвидовме кариерно советувањ3е на учениците, како и нивно кариерно определување со помош на наставниците. За учениците како и за студентите ќе има можност за субвенционрање од страна на државата за нивниот научен или истражувачки труд. Исто така ќе биде соодветно награден секој успех на наставникот ментор за секој научен и истражувачки проект за кој ученикот ќе биде награден во Република Македонија или надвор од неа. Наставниците исто така ќе имаат можност да стекнат едукација која нема да биде на нивен терет туку на терет на министерството за образование. Во случај да треба од септември повторно да работиме на онлајн настава во преодната програма на нашата партија се предвидени повеќе чекори, меѓутоа во однос на образование предвидено е формирање на национална програма преку која министерството за образование заедно со македонските ИТ компании ќе изработи платформа, една единствена како за учениците така и за студентите и за наставниците да биде униформна да биде достапна на сите на кои што ќе им биде потребна. На неа наставниците ќе постават снимени материјали кои на учениците и студентите ќе им бидат достапни во секое време, кога тие ќе бидат спремни да се посветат на учењето. Истата платформа ќе биде користена не само во ситуации на кризи како што е КОВИД-19 епидемијата туку таа може да се користи и за учење во ситуации како на пример како што знаете во зимскиот период во Скопје и другите градови имаме зголемување на ПМ 10 честичките. Она што се однесува на високот образование, нашата влада ќе обезбеди средства за научно истражување најмалку 40 проекти годишно ќе бидат финансирани од нашата влада. Факултетите, универзитетите ќе го добијат кадровскиот потенцијал кој што им е потребен, не само во смисла на професорски кадар туку и технички. Нашата влада нема да дозволи ниту еден ученик, ниту едно лице со попреченост да биде заборавено како што тоа сега беше случај. Ние ним ќе им посветиме посебно внимание, се наведува во соопштениоето од ВМРО - ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 13. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска. Кариера Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Здравје и совет Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета. Кариера Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат. Здравје и совет Сѐ ќе ви биде интересно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба. Кариера Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле. Здравје и совет Бидете малку поскромни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно. Кариера Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа. Здравје и совет Ќе истражувате интересни работи . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи. Кариера Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности. Здравје и совет Не сте сами на светот. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската. Кариера Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете. Кариера Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа. Здравје и совет Верувајте во поубаво утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер. Кариера Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина. Здравје и совет Потрудете се да се храните здраво. Рак 22.6-22.7. Љубов Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното. Кариера Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите. Кариера Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно. Здравје и совет Размислувајте во тишина. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење. Кариера Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска. Кариера Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетар Арсовски и Иван Анастасовски во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Иван АнастасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook