Прогласена за „Жена на годината“ - Канал 5

Прогласена за „Жена на годината“

Гламур магазинот ја прогласи Ешли Греам за „Жена на годината“ за 2016.

Таа е жената која го сврте вниманието кон убавината на жените со облини и ги освои страните на модните списанија.

29 годишната манекенка вели дека го сака своето тело, но не била секогаш толку самоуверена во врска со својот изглед.

- Кога имав 17 години учествував во групно снимање за голема кампања, и една од девојките која носеше најмал конфекциски број ме праша дали мене навистина ќе ми платат за ова што го правам. Се сеќавам дека помислив - ме прашува така бидејќи сум дебела.

Ова не е единствената ситуација кога Ешли се почувствувала отфрлено бидејќи не изгледа како другите манекенки. Многу пати била одбивана поради килограмите, но вели дека токму тие моменти и поддршката од мајка и ја направиле упорна да ги смени работите во модната индустрија.

Таа на социјалните медиуми покрена кампања за поддршка и охрабрување кон девојките од сите големини, да бидат самоуверени во врска со својот изглед.

- Се надевам дека кога ќе се погледнат во огледало, велат - колку сум убава! Тоа ја менува играта, и почнувате да разбирате дека тие зборови имаат моќ!

Покрај Ешли, Гламур за „жена на годината“ ја прогласи и 47 годишната Гвен Стефани, за долгогодишната успешна кариера и силата со која го надминала разводот од Гевин Росдејл, а за маж на годината го прогласи фронтменот на „U2“ Боно кој основа организација за помош на жените со финансиски проблеми.

- Борбата за еднаквост на половите не може да биде добиена ако заедно со жените не ја водат и мажите. Ние сме многу одговорни за проблемот и мора да бидеме вклучени во решението - рече тој за Гламур.

/ извор: hollywoodlife.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија.

Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам:

Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Најголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација.

Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции.

Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед.

Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата.

Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна.

Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“

Холивудската ѕвезда, актерот 58-годишниот Џејми Фокс  за време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ потврди дека тој и неговата 31-годишна партнерка, Алис Хакстеп, го очекуваат своето прво заедничко дете, шегувајќи се: „Бебе е на па

Џејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“

Сè уште ме бидува“. Како Фокс се подготвува за оваа нова улога? Добитникот на Оскар, кој веќе има 32-годишна ќерка, Корин, и 18-годишна ќерка, Анелиз, од претходни врски, изјави дека се подготвува повторно да ги извршува секојдневните родителски обврски – вклучително и возењето на децата до училиште.

Тој призна дека, на 58-годишна возраст, е свесен оти ова искуство ќе биде поинакво од претходните. Што рече тој за здравствената криза низ која помина?

„Дејли мејл“ (Daily Mail) пренесува дека за време на разговорот, Фокс се осврна и на мозочното крварење и мозочниот удар што ги доживеа во 2023 година додека работеше на филмот *Back in Action*.

Тој изјави дека сега се чувствува одлично и дека, по тоа искуство опасно по живот, станал поблагодарен за секој момент. Колку долго се заедно Фокс и Хакстеп?

Фокс и Хакстеп се поврзуваат уште од 2022 година, а нивната врска стана јавна следната година. Откако се појавија информации дека раскинале на почетокот на 2025 година, неколку месеци подоцна повторно беа видени заедно; бебето што го очекуваат ќе биде негово трето, а нејзино прво дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер