Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
1Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
МакедонијаПрофесорката Ачкоска повикана во полициска станицаДенеска професорката Виолета Ачкоска била повикана на информативен разговор во МВР по вчершаниот статус во кој таа соопшти дека матурант бил отруен со дрога во пијалак.Денеска професорката Виолета Ачкоска била повикана во полициска станица на службен разговор за фејсбук статусот во кој таа напиша дека матурант бил отруен со дрога во пијалак. Информацијата која подоцна се испостави дека е лажна, професорката ја слушнала од деца, потврди денеска министерот Спасовски, кој најави дека полицијата ќе поднесе соодветен поднесок до Јавното обвинителство. „Денеска во полициска станица беше извршен службен разговор со лицето в.а. поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога кој бил ставен во пијалак, со цел да се обезбедат дополнителни податоци за случајот, кои лицето може да ги има“. „Лицето соопштило дека нема информации за таков настан и дека слушнала муабети од деца. кога новинарите ја повикале да разговараат со неа, таа го избришала статусот. тогаш сфатила дека направила грешка“. Полицијата уште вчера објави дека смртта на средношколецот од Ѓорѓи Димитров настапила поради повреди настанати од пад од висина. Спасовски апелираше сензитивни информации да не се шират на социјалните мрежи, и граѓаните да се обратат до надлежните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупувањеВо изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи, три се се уште активни, четири се под контрола, а 24 се изгПожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-БлацеМицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. За изградбата на автопатот пред околу еден месец во владата договор потпишаа ЈП Државни патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни европски коридори - 8 и 10 , што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираа тогаш од владата. Автопатот ќе го гради компанијата Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР. Автопатот е со должина од 10,5 километри. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Одбележување на роденденот на Мајка ТерезаВладина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на Мајка Тереза. А централниот настан по повод роденденот ќе се одржи во музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер Сали, настан на кој гостин ќе биде и премиерот на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата од министерството за внатрешни работи велат дека денеска во Скопје ќе има и посебен режим на сообраќај, за што од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.Тагови: Мајка Тереза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter