Професорка на универзитетот во Штип уапсена за поткуп, земала 300 евра од студент за да положи испит - Канал 5

Професорка на универзитетот во Штип уапсена за поткуп, земала 300 евра од студент за да положи испит

Професорка на универзитетот во Штип уапсена за поткуп, земала 300 евра од студент за да положи испит
Наместо со 300 евра во џеб за положен испит, професорка од штипскиот универзитет Гоце Делчев заврши со лисици на рацете. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП одржа шест работилници за е-фактура со големите даночни обврзници

Управата за јавни приходи во текот на месец јуни одржа шест работилници за системот е-Фактура на кои учествуваа околу 90 компании кои ги администрира Дирекцијата за големи даночни обврзници.

УЈП одржа шест работилници за е-фактура со големите даночни обврзници

Работилниците беа организирани со цел компаниите да се запознаат со функционалностите на системот, процесот на негово користење и придобивките што ги носи дигитализацијата на фактурирањето. Големите даночни обврзници ја прифатија поканата на УЈП активно да се вклучат во тестирањето на системот е-Фактура и во соработка со даночните агенти на УЈП да придонесат за негово понатамошно унапредување и успешно имплементирање.

На работилниците беше извршена практична презентација на системот е-Фактура, при што беше демонстриран целиот процес на изготвување електронска фактура преку веб-апликацијата – од нејзино креирање до конечна обработка и испраќање. Дополнително беа прикажани и останатите функционалности на системот, вклучително издавање, прием, прифаќање, одбивање, сторнирање и преземање електронски фактури.

Претставниците на УЈП посебен акцент ставија на даночните индикатори, кои ќе претставуваат составен елемент на електронските фактури и ќе служат како основа за правилно утврдување на даночниот третман на прометот. Даночните индикатори се дефинирани согласно одредбите од Законот за данок на додадена вредност и овозможуваат јасно означување дали прометот е оданочив со општа или повластена даночна стапка, дали е ослободен од ДДВ со или без право на одбивка на претходен данок, дали не е предмет на оданочување со ДДВ или пак подлежи на примена на механизмот за пренесување на даночната обврска (Reverse Charge).

Тест-фазата континуирано се надградува со нови функционалности. Во моментот се достапни 12 даночни индикатори и повеќе типови документи, а развојот на системот продолжува со воведување дополнителни типови документи и функционалности согласно динамиката на проектот.

Преку директна комуникација со стручните тимови на УЈП, учесниците имаа можност да добијат одговори на прашањата поврзани со имплементацијата, техничките аспекти и тестирањето на системот. Присутните компании покажаа подготвеност активно да се вклучат во тест-периодот и преку практична примена на системот да придонесат со свои предлози, забелешки и сугестии за негово понатамошно унапредување.

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да го искористат тест-периодот и активно да ги тестираат функционалностите на системот е-Фактура. Повратните информации од корисниците ќе имаат значајна улога во понатамошниот развој и оптимизација на системот, со цел негово успешно, ефикасно и навремено воведување, како и обезбедување на современо, едноставно и сигурно електронско фактурирање

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц шокиран од шесткратното убиство во германскиот град Штаде

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство откако шест возрасни лица вчера беа застрелани во установа за социјална помош за млади во северниот град Штаде.

Мерц шокиран од шесткратното убиство во германскиот град Штаде

„Веста од Штаде е длабоко шокантна“, напиша Мерц на Икс, додавајќи дека многу луѓе „кои сакале да им помогнат и да ги заштитат другите биле убиени или повредени“.

Полицијата соопшти дека шест вработени во установата за социјална помош за млади биле убиени во вчерашниот напад. Прелиминарните наоди сугерираат дека мотивот веројатно бил спор за старателство, наведуваат истражителите.

Осомничениот напаѓач, 45-годишен маж роден во Германија со турско потекло, бил уапсен подоцна попладнето додека бегал, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила ќе донесе значително подобрување на системот за Итна медицинска помош .

Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила ќе донесе значително подобрување на системот за Итна медицинска помош и ќе овозможи воведување на современи услуги во реално време..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер