3Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата
Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
ЖивотПроект за управување со ризик од неавтохтони водни видови во Западен БалканПроектот е во завршна фаза, а финална конференција ќе се одржи во Мугла во Турција, во Кампусот на Универзитетот Мугла Ситки Кочман од денеска до 16 септември. Здружението за екологија Екоменлог Охрид во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид и останатите партнери спроведува проект „Зајакнување на образовните капацитети за управување со ризик од неавтохтони водни видови во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) – Рискмен“, во рамките на европската образовна програма Еразмус+ CBHE 2020. Конзорциумот на проектот RiskMan се состои од партнери од осум земји: Турција, Италија, Северна Македонија, Грција, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Главен координатор на конзорциумот е Универзитетот Мугла Ситки Кочман од Турција. -Неавтохтоните (алохтони) и инвазивните видови се глобално познати како една од главните закани за матичната биолошка разновидност на водните екосистеми, а нивното присуство може да има економски и социолошки импликации и за локалните заедници. Затоа, главната цел на проектот е да го промовира образованието на засегнатите страни и високото образование во областа на проценка на ризикот од неавтохтони видови и да поттикне истражување и соработка за управување со неавтохтони видови во регионот на Западен Балкан, соопшти Екоменлог Охрид. Конзорциумот Riskman досега објави оценка за регулативата, образовната практика и социоекономската перцепција на неавтохтоните водни видови на Балканот. Исто така, креиран е и онлајн прашалник со цел да се соберат информации за присуството на неавтохтони видови во водотеците на Западен Балкан и да се изгради единствена база на податоци која би послужила како една од алатките за проценка на ризик и планирање на активностите за управување. Како што соопшти Здружението Екоменлог Охрид, биле развиени три нови курсеви кои ќе станат дел од наставната програма во партнерските високообразовни институции од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Курсевите биле тестирани на Факултетот за наука на Универзитетот во Сараево, Универзитетот за земјоделство во Тирана и Институтот за мориња од Котор во март 2022 година и биле оценети со највисока оценка од учесниците. – Посебен фокус во проектот, според неговата кратенка, е посветен на концептот на управување со ризик. Управувањето со ризикот денес е важна тема на истражување бидејќи ризиците се секогаш присутни во индустриската активност, вклучително и во секторот за аквакултура и рибарство. Една од целите и спецификите на овој проект е развој на рамка на политики за создавање на нова професија – менаџер на ризик, со цел да се отворат нови можности за вработување на младите во земјите партнери. Конзорциумот досега има воспоставено заеднички модел на управување со ризик во земјите од Западен Балкан и разви приспособен курс за управување со ризик во секторот аквакултура и рибарство наменет за невработените млади луѓе, со цел да ги направи што е можно поконкурентни во пазар на труд кој постојано се развива, се наведува во соопштението. Проектот е во завршна фаза, а финална конференција ќе се одржи во Мугла во Турција, во Кампусот на Универзитетот Мугла Ситки Кочман од денеска до 16 септември. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чЛишена од слобода жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чНа 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.Тагови: Ресен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжуваМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари. Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард. Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра. Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија. „Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот. Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт. Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата. „Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб. Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица. Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата. Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter