Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“- пожарникарите со ужасни сведочења - Канал 5

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“- пожарникарите со ужасни сведочења

Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените во судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани... 

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“- пожарникарите со ужасни сведочења

Кога дојдовме во билетарата имаше над 10 деца кои не даваа знаци на живот – вака на денешното рочиште за кочанската трагедија сведочеа дел од пожарникарите кои интервенирале кобната ноќ во дискотеката „Пулс“. Дојавата за пожарот ја примиле во 2.35 минути, а огнот бил изгаснат околу 4 часот утрото, а Командирот на противпожарна единица сведочеше за драматичната сцена која ги дочекала пред дискотеката.

„Пред објектот имаше многу луѓе, викотници, пискотници, растрчани луѓе и возила. Кога слегов од возилото, одма до него лежеше една девојка каде пристапивме да ја реанимираме бидејќи беше во бессознание. Прво почнавме со вештачко дишење и пумпање на граден кош. Дојде медицинско лице, ме фати и ми рече: Господине, девојката е мртва. Потоа се упативме да влеземе во објектот. Додека одевме имаше многу деца кои панично бараа помош, беа исцрнети. На мене имав ставено апарат со кислород, така се упатив внатре во загушената просторија. На самиот влез затекнав многу лица кои беа паднати на земја, беа во бессознание и беа испреплетени едни врз други.“

Девојка која кобната вечер била во дискотеката, кажа како пожарот брзо се проширил, и додаде дека никој не им дал насоки каде да се движат, а не забележала ниту противпожарни апарати.

„Не видов кога се запалил плафонот, видов кога кажаа да излеземе и беше проширен пламенот до средината на дискотеката. Почнавме сите да излегуваме но настана голема гужва, до влезната врата се сеќавам, веќе кога бев таму, настана стампедо, паднав доле на земјата и натаму не се сеќавам на ништо. Насоки каде да се движиме никој не ни даде, ниту забелажв ПП Апарати и противпожарни знаци за излез.“

Родителите на загинатите во „Пулс“ пак, на денешното судење истакнаа дека се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот.

Како и на претходното судење, така и денеска, дел од адвокатите повторно побараа да биде повлечено обвинението за некои од обвинетите, бидејќи како што рекоа, тие не се директно поврзани со пожарот.

Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка. Продолжението е закажано за 19 февруари, кога се повикани уште пет сведоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион.

Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“.

Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. 

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5..

Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер