МОН: Со доградба на шест училници, овозможена е едносменска настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода
2МОН: Со доградба на шест училници, овозможена е едносменска настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
Други спортовиПродолжува победничката серија на шахистите на Алкалоид Во четвртото коло од Европскиот клупски куп 2015 што се игра во Скопје, екипата на Алкалоид извојува значајна победа над Аве Нови Бор од Чешка со 3,5:2,5.Победата над поранешниот европски шампион (2013 година) за Алкалоид беше четврта по ред со што го задржа максималниот ефект, а со тоа остана при самиот врв на табелата. Победата за македонскиот првак ја обезбеди кинескиот шахист Ју Јангји по речиси 6 часа и одиграни 85 потега. Во динамична Сицилијанска партија, Ју го диктираше темпото, одржуваше напрегната позиција и во далечната дамска завршница успеа да ги искористи последните ресурси во борбата за цел поен. Во тој момент резултатот во мечот беше 2,5:2,5 и конечниот исход зависеше од таа партија. Драмата на мечот се решаваше во ситуација кога двата противници имаа преостанато помалку од 2 минути за завршување на партијата. Ју успеа да најде комбинација со која премина во добиена завршница крал и пешак против крал. На другите пет табли партиите завршија реми. За Алкалоид покрај Ју настапија и Иванчук, Јаковенко, Томашевски, Криворучко и Андреикин. Од другите македонски екипи учесници во купот, Центар го победи Гонзага од Ирска со 3,5:2,5, Гамбит Асеко загуби од Беер-Шева од Израел со 2:4, а Карпош беше поразен од Зеке Хасај од Косово со 3,5:2,5. На табелата со максимални осум бода се Сокар (Азербејџан), Алкалоид и Сибир (Русија). На женскиот дел од ЕКК во 4.коло македонскиот претставник Гамбит Асеко го победи холандскиот тим Де Штукенџерс изби на 2.место со 6 бодови, два помалку од лидерот Нона (Грузија). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институцииГраѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација што решава проблеми, а не создава нови!„Професионалноста не е она што го пишува во нашето работно решение. Професионалноста е она што граѓанинот го добива кога ќе влезе во институцијата.“ Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешните генерички обуки за административните службеници во Охрид, нагласувајќи дека суштината на реформата на јавната администрација не е само во промената на законите, туку во конкретната промена што граѓаните ќе ја почувствуваат преку поквалитетни услуги, поголема ефикасност и одговорни институции. Министерот потенцираше дека државата не може да биде силна без професионални и компетентни луѓе во институциите, поради што Министерството инвестира во континуираното унапредување на знаењата и вештините на административните службеници. Oбуките се насочени кон три клучни области: менторство, комуникациски вештини, еднаквост и недискриминација, со посебен акцент на нивната практична примена во секојдневното работење и односот со граѓаните. „Нашата цел е институции кои нема да бидат пречка за граѓаните, туку нивна поддршка. Институции кои нема да го трошат времето на граѓаните, туку ќе го почитуваат“ порача Минчев, посочувајќи дека професионалниот развој мора да стане траен и системски процес, достапен за секој административен службеник, независно од институцијата и местото каде што работи. Во таа насока, Министерството интензивно работи на воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, која ќе започне со работа на почетокот на 2027 година. Академијата ќе претставува нов институционален модел за континуирано учење, развој на компетенции и унапредување на професионалните стандарди. Минчев се осврна и на пошироките системски промени што ги спроведува Министерството, меѓу кои и новата законска рамка за административните службеници и Законот за високите раководители, со кои се поставуваат појасни критериуми за професионалност, избор, оценување и одговорност. Тој потенцираше дека раководните позиции мора да носат одговорност за резултатите, а професионалниот придонес, компетентноста и интегритетот да бидат вистинската мерка за напредување и вреднување во институциите. „Државата не е силна кога има голем број на институции, туку кога институциите имаат капацитет да им служат на граѓаните“ истакна министерот, нагласувајќи дека реформата на јавната администрација е заедничка одговорност на сите институции и административни службеници. Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање услови во кои знаењето, стручноста и професионалниот интегритет ќе бидат најголемата вредност на секоја институција. Преку континуирана поддршка, нови можности за учење и вложување во човечките капацитети, Министерството докажува дека квалитетот на јавната администрација започнува од луѓето, а се потврдува преку нивната работа, однос и одговорност кон граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Со доградба на шест училници, овозможена е едносменска настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела ВодаВо основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода од први септември годинава е воведена настава во една смена.Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода од први септември годинава е воведена настава во една смена, откако претходно со заедничка инвестиција од 19 милиони денари на Владата и локалната самоуправа се проширија училишните капацитети со шест нови училници. Денес училиштето го посетија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. „Едносменското работење е концепт за кој се залага актуелната Влада и во соработка со локалните самоуправи, постепено ја прошируваме неговата примена. Ефектот е повеќедимензионален – децата повеќе се концентрирани на наставата наутро, се задржуваат повеќе на училиште со оглед дека имаат помалку часови на годишно ниво од нивните врсници во Европа, повеќе се социјализираат, а воедно се намалуваат и трошоците за функционирањето на училишните објекти“, рече Јаневска. Министерката посочи дека Кисела Вода ќе добие поддршка за проширување на капацитетите и на други училишни објекти, за да се воведе едносменска настава на целата нејзина територија. „Министерството веќе има изготвени проекти за проширување на уште три училишта со по шест училници – централното ОУ „Круме Кепески“, ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево и ОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Многу скоро ќе објавиме постапки за избор на градежни компании и на почетокот на следната година очекувам да започнат теренските активности“, информираше Јаневска и додаде дека во земјата, од вкупно 1023 училишни објекти, во 620 има настава во една смена. Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска рече дека општината целосно ги опреми новите простории во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ со столчиња, клупи, катедри, табли, смарт-уреди во сите училници и преносни компјутери за наставниците. „ Грижата за децата и континуираното подобрување на условите во сите училишта е наш заеднички фокус“, истакна градоначалничката, заблагодарувајќи се на Владата и Министерството за образование и наука за поддршката и партнерскиот однос, со порака дека кога локалната и централната власт работат со иста визија, резултатите се видливи веднаш и директно го подобруваат животот на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор од Струмица се лагитеЗаеднички именител на Филипче и неговиот ментор од Струмица се лагите, манипулациите и корупциските скандали, СДС бега од одговорност бидејќи со ДУИ ја отвораа вратата за Алта банкаРЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко, како и неговиот газда од Струмица, манипулира и се однесува неодговорно во континуитет. Ако некој се прашува што ги поврзува еден неврохирург и еден бизнисмен-политичар од Струмица, освен тоа што се склони кон распродажба на идентитетот, склони се и кон лажење и корупција. Филипче, доста со политички претстави. Прво СДС и Филипче обвинуваа, па самите се најдоа во ситуација да објаснуваат зошто токму во нивно време биле направени чекори поврзани со продажбата на акциите. Ги претставуваа Давор Мацура и Алта банка како спорни, за на крајот да се испостави дека тие биле првите што дозволиле да се купат акции од Македонија. Второ, ширеа приказни за наводна забрана на Алта банка за работа во Европската Унија поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор. Трето, ја плашеа јавноста со сценарија за пропаѓање на банката и губење на штедните влогови, а откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со лични напади и лаги. СДС и Филипче бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, продолжетокот на истата го закажаа 2 недели подоцна од првата. Толку од итноста и грижата на СДС и Филипче. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Архитекти и главни подизведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00