3Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
МакедонијаПродолжи судскиот процес за модуларната болница во ТетовоСо читање на писмените докази од страна на одбраната, денеска продолжи повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми, и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице.Со читање на писмените докази од страна на одбраната, денеска продолжи повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми, и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, а во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица. Откако одбраната ги прочита писмените докази кои тие ги доставуваат, од страна на Обвинителите беше побарано, заради ефикасност на постапката, наместо да се повикаат нивните сведоци и повторно да се сослушаат, да се изврши читање на исказите кои тие ги дадоа при првото судење. По дадена пауза од половина час, за да може да се консултира за овој предлог, одбраната го прифати овој предлог. Во делот пак на предложените сведоци од страна на одбраната, адвокатот на прво обвинетиот Флорин Бесими, предложи три сведоци кои побара да бидат сослушани на наредното рочиште. Иако уште на почетокот на судењето судијата Реџеп Муса ги предупреди присутните на судењето да се однесуваат пристојно и да не го попречуваат судењето, додека адвокатот на Клиничка болница Тетово го читаше списокот на лицата кои добиле материјална помош, роднина на едно лице загинато во пожарот во модуларната болница, гласно реагираше зошто се изнесуваат вакви податоци и дека тоа не е етички кон жртвите во пожарот. Ваквата реакција адвокатот ја оцени како закана кон него, но судијата Муса не го оцени овој испад како таков, по што судењето продолжи. Наредното рочиште е закажано на 22 април во 9.30 часот кога ќе се читаат исказите на сведоците од Обвинителството и ќе се сослушаат трите сведоци предложени од одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центарОпштина Центар го заокружува уредувањето со нова урбана опрема долж Градскиот ѕид. Деновиве активностите го опфатија потегот од улицата „Македонија“ до Соборниот храм и внатрешниот простор кај „Агромеханика“. Во оваа фаза се поставени 48 клупи и 39 корпи за отпадоци. Заедно со клупите поставени во првата фаза на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ и кај Зелено пазарче, вкупниот број изнесува 68. Клупите се со различен дизајн, стандарден и модерен, што придонесува за подинамичен и попријатен градски амбиент. Во исто време, граѓаните можат да се одморат, да седнат, да поразговараат и да уживаат на отворено кога временските услови го дозволуваат тоа. „Се стремиме улиците во Центар да добијат современ европски изглед, но и да ја задржат хуманата димензија. Да бидат места каде што секој ќе може да се одмори за момент, да земе здив и да помине пријатни моменти, а не само да протрча низ градот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Тој упати апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат новата урбана опрема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСелекторот Берокал ги одбра 12. кошаркари за дуелот со КипарСелекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар.Селекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар, во рамките на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во составот на Македонија се наоѓаат и Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои им се приклучија на репрезентативните колеги во завршницата од подготовките за овој дуел. Конечниот состав на Македонија: Ненад Димитријевиќ Виктор Ташовски Виктор Ефремовски Војдан Стојановски Лука Стојановски Адем Мекиќ Стојан Ѓуроски Резарт Мемед Тома Стојаноски Андреј Маслинко Дамјан Робев Мозес Рајт Селектор: Жозеп Марија Берокал Натпреварот Македонија – Кипар се игра вечерва, со почеток од 18:00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook