Советот на амбасадори: По однос новите европски иницијативи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија
2Советот на амбасадори: По однос новите европски иницијативи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија
МакедонијаПродолжи судењето за проневара на скапа биолошка терапија на Онкологија Во кривичниот суд продолжи судењето Онкологија 2 за несовесно работење и финансиски криминал. Во судницата беа сведоци членови на управниот одбор и доктори од клиниката за онкологија и радиотерапија. Доктор сведочеше дека на медицинска историја на негов пациент била допишната терапија, а тој лично не ја зголемил. Објасни дека терапијата е многу зголемена, но и дека не знае дали таа останала само на лист како бројка или ја примил пациентот. Исто така сведок сведочеше дека како членови на одборот не потпишувале терапија на реверс, но дека имало итни состаноци за зголемување на количини на терпија за што дозволувале министерство за здравство и ФЗОМ. Одбраната реагираше на сведок кој беше роднина на пациент дека тој не треба да е дел од ова судење туку во делот на медицинското судење. Сведокот рече дека преку врски добивале редовно биолошка терапија, а претходно им било кажувано дека терапијата доцни и ја нема. „Одбраната е нормално да реагира бидејќи тоа се прашања до сведоци кои не одат во прилот на обвинетите“, изјави обвинителката Јакимовска. Со повикување на членови од семејства на пациентите ние ги докажуваме финансиските малеврзации и дека се давала терапија во кабинет кај директорот, а не смеела таму да биде, објасни јавната обвинителка. Терапијата треба да стои во клиничката аптека, објасни Ана Гоговска Јакимовска. Вчера на судењето на „Онкологија 1“ во делот на несовесно лекување, роднини на пациенти кажаа дека давале и до 500-тини евра на обвинетиот Нино Васев со цел да добијат терапија. Нино Васев и неговата одбрана негираа и прашаа зошто не пријавиле никаде за барање на пари со цел да добијат терапија. Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење на 312 парчиња пуриПоголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Во конкретниот случај, мобилен царински тим, поради основано сомневање го застанал автобусот на детална контрола при што под седиштата како и во фабричка шуплина се пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители. Избегнатите давачки се проценети на 174,9 илјади денари. Акцизните производи, кои се предмет на обид за криумчарење се запленети и со донесување на наредба од ОЈО Куманово истите ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата, заштита на здравјето на граѓаните и овозможување услови за фер економија.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
МакедонијаСоветот на амбасадори: По однос новите европски иницијативи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската УнијаСоветот на амбасадори за европски иницијативи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.Овој документ претставува прво формализирање на идеи кои во изминатиот период беа артикулирани низ повеќе иницијативи и политички настапи во рамки на ЕУ, вклучително и во иницијативата на Министерството за надворешни работи на Република Австрија од април оваа година, како и во јавните настапи и писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Во таа смисла, Тиватскиот нон-пејпер може да се разбере како обид за создавање нов европски консензус околу концептот на постепена интеграција. Советот оценува дека овие иницијативи испраќаат значаен политички сигнал дека во земјите-членки расте свесноста дека сегашниот модел на проширување не ги дава посакуваните резултати со очекуваната динамика. Долгото отсуство на нови членки, слабеењето на ентузијазмот кај земјите-кандидатки, вкрстените интереси и влијанија во регионот и актуелните геополитички предизвици укажуваат на потребата од нови и пофлексибилни пристапи кон интеграцијата на Западен Балкан. Особено е значајно што во фокусот на овие иницијативи се наоѓаат секторската интеграција, пристапот до делови од Единствениот европски пазар, учеството во европските програми и постепеното вклучување во политиките на Унијата. Од перспектива на надворешно-политичките и економските интереси на Македонија и регионот, Советот ги поздравува сите иницијативи кои овозможуваат конкретни придобивки за граѓаните, компаниите и институциите уште пред формалното членство во ЕУ. Ваквиот пристап може да придонесе за побрза економска интеграција, зголемена конкурентност и зајакнување на довербата во европскиот процес. Истовремено, Советот смета дека во тековната дебата недоволно внимание се посветува на прашањето на економската конвергенција како суштинска цел на европската интеграција. Иако новите иницијативи предвидуваат различни форми на пристап до Единствениот пазар и европските политики, останува нејасно дали и во која мера земјите од Западен Балкан би добиле постепен пристап до клучните инструменти на европската кохезиска политика и структурните фондови. Советот потсетува дека историското искуство на државите од Централна и Источна Европа покажува дека нивната успешна економска конвергенција кон просекот на Европската Унија не била резултат исклучиво на пристапот до Единствениот пазар, туку и на значителната поддршка преку Кохезискиот фонд, Европскиот фонд за регионален развој, Европскиот социјален фонд и другите финансиски инструменти на Унијата. Оттука, модел на постепена интеграција кој обезбедува пристап до Единствениот пазар, но не и паралелен пристап до инструментите за финансиска конвергенција, носи потенцијален ризик од продлабочување, наместо намалување, на развојниот јаз меѓу регионот и Европската Унија. Следствено, Советот на амбасадори смета дека идните модели на постепена интеграција е неопходно да бидат проследени со постепено и условено отворање на инструментите на кохезиската и структурната политика за земјите кандидатки кои покажуваат капацитет за нивно ефикасно користење. Ова би придонело постепената интеграција да обезбеди реална економска конвергенција и видливи придобивки за граѓаните уште пред формалното членство во Унијата. Во оваа насока, Советот посочува на неопходноста од проактивно и конструктивно вклучување на земјата во претстојната европска дебата за содржината на постепената интеграција. Ова подразбира и подготовка на јасни национални позиции во однос на секторите подготвени за забрзана интеграција, пристапот до Единствениот европски пазар, учеството во европските политики и програмите, како и идниот пристап до финансиските инструменти на Унијата. Истовремено, успехот на секој модел на постепена интеграција ќе зависи и од капацитетот на самите држави кандидати да спроведуваат реформи, да ги зајакнуваат институциите, владеењето на правото и економската конкурентност, како и ефикасно да ги користат европските политики и средства. Советот на амбасадори останува цврсто посветен на европската перспектива на државата и смета дека тековните иницијативи отвораат можност за нова динамика во процесот на интеграција. Истовремено, тие треба внимателно да се обликуваат така што постепената интеграција ќе претставува инструмент за побрза политичка, економска и институционална конвергенција со ЕУ, но не и замена за полноправното членство, кое останува крајна цел на процесот на проширување и единствена рамка што обезбедува целосно учество во институциите, политиките и механизмите на одлучување на Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
ЕвропаУнгарска „шлаканица“ за Киев Унгарија нема да толерира двојни стандарди во својот пристап кон проширувањето на ЕУ и нема да се согласи со забрзан пристап на Украина, изјави синоќа унгарскиот премиер Петер Маѓар.Тој истакна дека унгарската влада не е против почетокот на преговорите за приклучување на Украина кон ЕУ. „Не прифаќаме никакви двојни стандарди. Не гледаме потреба од забрзано пристапување на Украина кон ЕУ, особено затоа што зборуваме за земја која, за жал, сè уште е во воена состојба“, рече Унгарецот во интервју за телевизијата ATV. Тој рече дека има 33 поглавја од преговорите за пристапување и дека Украина сè уште има долг пат пред да се донесе одлука за нејзиното пристапување кон ЕУ. Унгарецот повтори дека Будимпешта не е против почетокот на преговорите меѓу ЕУ и Украина, но дека ќе следи дали ќе го спроведе неодамна постигнатиот договор за враќање на правата на унгарското малцинство во Закарпатија. Унгарскиот премиер претходно изјави дека преговорите за 33-те поглавја од процесот на пристапување на Украина во ЕУ би можеле да траат од 10 до 15 години.Тагови: украина Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00