Продажбата на Фолксвагени падна за речиси една четвртина поради недостигот на чипови - Канал 5

Продажбата на Фолксвагени падна за речиси една четвртина поради недостигот на чипови

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген објави дека продал четвртина помалку возила во првите пет месеци од оваа година поради недостиг на чипови отколку во истиот период минатата година.

Продажбата на Фолксвагени падна за речиси една четвртина поради недостигот на чипови

Во периодот од јануари до мај се продадени 3,07 милиони возила, според VW.

Така, продажбата е намалена за четвртина, а истиот процентуален пад е забележан и во последниот месец од тој период, со продадени 658.000 возила. Недостигот на микрочипови создава проблеми, а продажбата на важниот кинески пазар дури сега почнува да се опоравува од ефектите на карантинот, истакнуваат од компанијата.

Но, ситуацијата со микрочиповите и продажбата во Кина треба да се подобри до крајот на годината, вели извршниот директор Херберт Дис. Во Западна Европа продажбата паднала за 22,9 отсто, а во Кина за 23,8 отсто. Централната марка VW продала 23,3 отсто помалку возила, но Škoda забележала уште поголем пад, за дури 39,3 отсто.

Продажбата на Audi паднала за 21,3 отсто, а продажбата на Porsche за 10,4 отсто. Тратон продаде значително повеќе камиони и автобуси од MAN, Scania, Navistar и јужноамериканскиот бренд VW Caminhoes e Onibus, со стапка на раст од 15,8 отсто, само затоа што VW го вклучи Navistar во САД од јули минатата година. Без Навистар, Тратон ќе паднеше, покажуваат податоците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роџер Федерер веќе не е милијардер

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Швајцарецот, Роџер Федерер повеќе не е милијардер, флуктуациите на берзата го чинеле десетици милиони долари, а неговото нето-богатство сега изнесува 952 милиони.

Роџер Федерер веќе не е милијардер

Федерер се најде на листата на милијардери по завршувањето на својата тениска кариера, благодарение на многу промислени и паметни инвестиции во разни бизниси, но ова е и категорија што може да биде многу „нестабилна“.

Во еден ден, Федерер изгуби десетици милиони поради флуктуациите на берзата, откако акциите на луксузниот бренд „On“ забележаа пад поради послабата продажба од предвидената, тоа се одрази и врз сметката на славниот Швајцарец.

Падот од 19 отсто го чинеше Федерер најмалку 52 милиони долари, пишуваат американските медиуми, потсетувајќи дека тој поседува удел од 2,5 отсто во оваа компанија.

Акциите првпат се појавија на Њујоршката берза во 2021 година и нивната вредност вртоглаво порасна, особено минатата година, кога Федерер за првпат официјално беше вброен меѓу милијардерите.

„Форбс“ проценува дека нето-вредноста на имотот на Федерер сега изнесува 952 милиони долари, што е значително помалку од минатата година, кога неговото богатство се проценуваше на 1,1 милијарда долари.

Швајцарскиот бренд „On“, кој потекнува од Цирих, денес важи за еден од препознатливите производители на патики за трчање. Федерер првпат се вклучи во работата на компанијата во 2019 година, преземајќи ја улогата на сосопственик и неформален моден консултант, при што наглиот раст во претходната година се поврзуваше и со специјалната линија на Федерер, „The Roger“.

Инаку, кон крајот на својата играчка кариера, Федерер почна да истражува можности за инвестирање, а една „локална“ компанија од Цирих се покажа како една од најпримамливите.

Неговата сопруга Мирка носеше патики од овој бренд, кој во тоа време беше фокусиран на обувки за трчање. Компанијата беше основана од Швајцарци, поранешни спортисти, кои сакаа на своите колеги да им понудат соодветна опрема за рекреација и натпреварување. Меѓу основачите е Оливер Бернхард, швајцарскиот „Ајронмен“ (Ironman), кој развиваше сосема нова технологија за производство на спортска опрема, но „Најк“ (Nike) – компанијата со која тој тогаш соработуваше – не сакаше да започне нов проект.

Од турнири Роџер Федерер има заработено 130 милиони долари и се наоѓа на третото место на „вечната“ листа, зад Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз; сепак, само прашање на време е кога Алкараз и Јаник Синер ќе го престигнат, едноставно затоа што паричните награди во „нивно време“ се многу повисоки.

Од друга страна, Федерер секогаш заработуваше многу пари и надвор од теренот. Имаше неколку силни спонзорски договори, а во 2018 година потпиша и со „Уникло“ (Uniqlo) за сума од 300 милиони долари. Во Азија добро знаеја дека Федерер ќе го помине „половината“ од времетраењето на договорот во пензија, но тоа не им пречеше особено, додека Швајцарецот сакаше да му се „одмазди“ на американскиот гигант „Најк“ по 24 години соработка.

Роџер Федерер сè уште има огромни договори со спонзори, но постои голем интерес за соработка со него дури и кај компании што претходно не го спонзорирале.

Едноставно кажано, Роџер Федерер е многу привлечен за корпорациите – како поради својата беспрекорна кариера, така и поради начинот на живот по повлекувањето од спортот.

Швајцарецот не е поврзуван со скандали, неговото семејство живее мирно, а постојат големи шанси некое од неговите деца да се обиде во светот на тенисот, што би го ставило целото семејство во центарот на вниманието и со тоа би донело профит за компаниите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Светот повторно ги отвора рудниците.. 

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали.

Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар. Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на минерална суперсила. Повеќе од една милијарда долари треба да бидат обезбедени за проектот „Санта Круз“ во Аризона, а Трамп тврди дека процедурите за рударски дозволи се скратени од три до пет години на само 25 дена.

Најавувајќи ги новите инвестиции, Трамп нагласи дека критичните минерали се стратешки ресурси за американската економија и безбедност – одбранбената индустрија, автомобилската индустрија и современите технологии зависат од нив.

-Ги враќаме рударите назад на работа и ја потврдуваме позицијата на Америка како светска минерална суперсила. Голем дел од затворените рудници повторно ќе се активираат, а и многу нови рудници се градат. Во последните 18 месеци нашата администрација потпиша и одобри 160 договори за ископ на минерали, во вредност од 40 милијарди долари. Затоа, сега во САД се отвораат рудници на брза трака. Ова не се случило од 50-тите години на минатиот век,- Доналд Трамп – претседател на САД .

Додека светските сили ги забрзуваат инвестициите во критични минерали, Македонија се уште не го користи целосно сопствениот потенцијал.

Единствениот голем проект за бакар е „Иловица-Штука“, вреден над 350 милиони евра, со години е во застој. Според инвеститорот, во услови кога цената на бакарот надминува 14 илјади долари за тон, проектот може да донесе значителни економски придобивки.

Според истражувањата на „Еуромакс Ресурсис“, наоѓалиштето располага со над 700 илјади тони руден концентрат и има потенцијал за годишен извоз од повеќе од 10 илјади тони бакар во период од две децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светот се воодушевува на синоќешно спектакуларното затамнување на сонцето

Mилиони луѓе вчера го следеа затемнувањето на Сонцето од неколку делови во Европа. 

Светот се воодушевува на синоќешно спектакуларното затамнување на сонцето

Во поголемиот дел од Европа имаше делумно затемнување, а целосното затемнување беше видливо од делови во северна и централна Шпанија, Гренланд и Исланд, каде што илјадници туристи се собраа за да го набљудуваат реткиот феномен.

Патеката на целосното затемнување помина низ голем дел од северната половина на Шпанија, од Галиција на запад, преку внатрешноста на земјата, па сè до источниот брег и Балеарските Острови.

Меѓу градовите што се најдоа на патот на целосноста беа А Коруња, Овиедо, Билбао, Леон, Сарагоса, Валенсија и Палма. Во остатокот од земјата, затемнувањето беше делумно. Локацијата на Шпанија им даде на сцените дополнителна драма. Затемнувањето се случи во вечерните часови, додека Сонцето веќе се приближуваше кон хоризонтот, па целосен мрак се случи непосредно пред зајдисонце.

Во Англија, Месечината покриваше и до 90% од Сонцето.

И експедиција од Скопското астрономско друштво вчера во Шпанија посведочи на соларното затемнување, кога денот на неколку минути се претвори во ноќ.

Метеж се направи и во Скопје, поточно надвор од градот на Козјак. Стотици возила кои се искачиле на повисоко и неосветлено место за да можат поубаво да го видат затемнувањето но и метеорскиот дожд Персеиди, синоќа истовремено тргнаа од подрачјето на Козјак кон Скопје, создавајќи долги колони на патот од Брезница кон главниот град.

На повеќе делници возилата се движеа бавно, а колоните се протегаа во должина од повеќе километри. Возачите беа повикувани на трпение, одржување безбедно растојание и внимателно возење додека траеше расчистувањето на колоните.

И на Скопското Кале имаше голем број посетители кои чекаа да го видат затемнувањето, кое над Македонија се случи речиси истовремено со зајдисонцето.

Последното целосно затемнување на сонцето што ја погоди Европа се случи на 11август 1999 година кога. Тогаш во Македонија, Месечината го покри сончевиот диск со висок процент — помеѓу 85% и 90% додека додека во Војводина, Бугарија и Романија, затемнувањето беше целосно.

Иако Европа чекаше повеќе од 20 години за ваков настан, следната можност нема да бара децении чекање. Според податоците на НАСА, веќе на 2 август 2027 година ќе се случи ново целосно соларно затемнување, кое повторно ќе помине преку јужна Шпанија, а потоа ќе продолжи преку Северна Африка, Саудиска Арабија и Јемен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер