Продавачка ѝ ја претресува чантата на холивудска ѕвезда, мислела дека краде облека (ФОТО) - Канал 5

Продавачка ѝ ја претресува чантата на холивудска ѕвезда, мислела дека краде облека (ФОТО)

Британската актерка Ема Томпсон (65) доживеала непријатност кога излегувала од британска продавница за луксузна облека.

Продавачка ѝ ја претресува чантата на холивудска ѕвезда, мислела дека краде облека (ФОТО)

Имено, папараците го снимиле моментот кога продавачката ја запрела на излезот и ја замолила да ја прегледа чантата што ја имала со себе.

Познатата актерка беше облечена во лежерна облека со темни панталони, темен џемпер и сива капа на главата, а околу половината врзала јакна. На грбот имала голем црн ранец.

Судејќи според фотографиите, Ема се засрамила, но сепак ја отворила и ѝ ја покажала внатрешноста на чантата.

На крајот учтиво ја поздравила продавачката и продолжила по патот. Сан напиша дека продавачката не ја препознала и дека дури во еден момент ја следела низ продавницата, сомневајќи се дека сака да украде нешто.

Ема е англиска актерка, комичарка и сценарист, добитничка на два Оскари и Еми, Златен глобус и БАФТА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско жито

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји Полска, Романија, Словачка и Унгарија да дозволат транзит на украинско жито поради блокадата на Црното Море.

Маѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско жито

Маѓар, кој вчера се согласи да ги обнови односите меѓу Украина и Унгарија на билатералната средба со Зеленски, рече дека нема да се спротивстави на таквата мерка ако украинските пратки жито минуваат само низ Унгарија, објави „RTL.hu“.

Украина имаше тешкотии со извозот на жито по море поради руските напади врз нејзините пристаништа на Црното Море, па затоа пренасочува дел од своите земјоделски производи кон копнени патишта преку соседните земји.

Сепак, капацитетот на овие патишта е ограничен и не може целосно да го замени поморскиот извоз.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Покрај лично во канцеларија, граѓаните  ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот  ќе  биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082,

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер