БалканПродадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и МакедонијаЕдна од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман“.Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман“, соопшти американскиот весник „Волстрит џурнал“. Агенцијата објави дека ја продала вилата во Њујорк, инаку поранешна резиденција на југословенска мисија во Обединетите нации, на престижната Петта авенија на Менхетен, за целосната барана цена од 50 милиони долари во готовина. Продавачот на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, а вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк. -Новиот сопственик штотуку купи значаен дел од историјата на Њујорк, изјави Тристан Харпер, агентот на „Даглас Елиман“ кој го склучи договорот. Тој истакна дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал многу добар вкус за недвижнини“. Според агентот, вилата првпат била понудена на продажба во 2017 година. Во јуни 2021 година, Харпер објави дека е добиена понуда во готовина од 50 милиони долари за купување на вилата и дека земјите што ја продаваат (сукцесори на СФРЈ) постигнале консензус за продажба. Српските медиуми го цитираат државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Немања Старовиќ, кој во февруари изјави дека врз основа на Анекс Б од Договорот за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ во странство, на Србија и припаѓаат неполни 40 отсто од парите од продажбата на зградата на постојаната мисија во Њујорк. Претставникот на Србија во Мешовитиот комитет за сукцесија на имотот на ДКП на СФРЈ, генералниот секретар на МНР Вељко Одаловиќ, своевремено изјави дека Србија со продажбата ќе се ослободи од големи трошоци за одржување и чување. -Станот на Петтата авенија во Њујорк, кој е заклучен од 1992 година и се распаѓа, нè чинеше 14.000 долари месечно, а досега вкупно 2,7 милиони долари, објасни Одаловиќ. Со Анекс Б од Договорот за сукцесија на СФРЈ дефинирано е дека од 123-те дипломатски претставништва на СФРЈ, на Босна и Херцеговина и припаѓаат 15 отсто, на Хрватска 23,5, на Северна Македонија осум, Словенија 14 и на Србија и Црна Гора – кои тогаш ја сочинуваа СРЈ – 39,5 отсто. Според претходно објавен оглас за продажба, вилата е изградена на четири нивоа и има два ката, 18 соби, шест бањи и винарска визба. Тоа беше првата зграда која имаше два електрични лифтови, кои се уште се во функција. Во неа е зачуван оригиналниот ентериер, а од 1969 година е под заштита на државата и градот Њујорк. За време на Студената војна, кога тука престојуваше и Тито, на врвот наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, како и непробојни прозорци кон Петтата авенија. Првиот сопственик на зградата бил гувернерот на Лонг Ајленд, Роберт Бикман Ливингстон, според кого зградата се нарекува и Бикменова куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter