3Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
1Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
ЖивотПрочка - празник за проштавање и очистување од гревовитеПрочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста. Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла со која ја метеме нашата душа од гревовите. Велики поклади – Неделата навечер се поклади. Неделната вечера е богата со млечни производи, пита со сирење и јајца. Сето ова се збива во еден ден – во последениот ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Денес и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот. Денешната порака е: Проштевајте! – Бог да прости, лесни пости! Ако не простиме, залудно ќе постиме. Лицемерно е да јадеш леб и вода, а да не проштеваш и да не се каеш. Датирање Прочка секогаш е во недела. Денот не го менува, но датумот го менува. Тоа е празник со непостојан датум – подвижен празник. Таа не се врзува со календарот, со конкретен датум, туку е поврзана со Велигден. Кога ќе се празнува Прочка зависи од тоа кога се празнува Велигден. И Велигден и Прочка се секогаш во недела. Седмата недела по Прочка е Велигден. Прочка е предпочеток на Велигденскиот пост. Црквата го поставила како силен потсетник на духовниот карактер на постот. Постењето треба да започне со проштевањето и со покајанието, инаку значи дека не ни започнало или започнало само формално. Без каење и проштевање се губи суштината на личносните односи на луѓето кон луѓето и на луѓето кон Бога. Преку тоа се искажува и се покажува љубовта кон Бога и кон луѓето. Откако ќе прости, човекот ќе има кротост, трпение, смирение и човекољубие низ добродетелноста на постот и молитвата. Цел и смисла Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Проштевањето е резулататот на љубовта. Тоа е израз на љубовта, а љубовта „сè извинува“ (1. Кор. 13,7). Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него, бидејќи „Бог е љубов“ (1. Јов. 4,8). Ако, таква проштална љубов покажуваат христијаните на Прочка, тогаш се добри како светиите и праведниците, како Христос и Богородица. Проштевањето е безгранично и безусловно. Прочка е празник колку на проштевањето, толку и на покајанието. А покајанието и проштевањето се почеток на Евангелието. Таков е почеток на христијанското живеење. Првите зборови на Господ Исус Христос биле повик на покајание, проштевање и љубов. Проштевањето е духовен пост, кој треба да му претходи на телесниот пост. Духовниот треба да биде пред телесниот, како што е душата пред телото. „Затоа, прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји“, вели свети апостол Павле (1. Кор. 6,20). Целта на празникот е со чиста душа да се започне велигденскиот пост. Уште денеска треба да започне чистењето на душата што ќе биде главна задача во постот. Утре нека почне и телесниот пост, за скротување на телото и воздржување од сластите и страстите. Чистењето и подготовката е како што чистиме и подготвуваме за доаѓањето на важен гостин кај нас, а тоа е приемот на Господа Исуса Христа преку светата Причест. Богослужба Богослужбено Прочка е посветена на првиот човек Адам – на оној што прв згреши. А првиот грев на човекот во светов е гревот со храна. Светот горко нека заплаче со оној што прв падна во грев поради слатката храна и отпадна од Бога, заедно со паднатите ангели. Денеска, пред почетокот на Постост, се сеќаваме на тоа дека, поради лакомоста и невоздржувањето од храна, Адам го изгуби рајот. Поради јадењето на Адам, Христос постеше 40 дена. Сегашниов пост е запазување на она што Адам не го запази и повторно стекнување на она што тој го изгуби. Богослужбата ни кажува колку и е потребен постот на човечката природа, како средство за лекување. Текстот од Евангелието на денешната Литургија говори за проштевањето, за постот и за богатството – за нивната смисла, за значењето и постапувањето (Матеј 6,14-21). Тоа е цела програма за Велигденскиот пост: да простиме – да постиме и душата да ја гостиме. На Прочка попладне, за Вечерната богослужба, се прави едноцрквие, што значи сите свештеници и верници се собираат на заедничка богослужба во централниот – Соборниот храм, со цел, во домот Божји, по молитвата, секој секому да му пружи рака за покајание и прошка и христијански да се прегрнат. Со целивот на евангелската љубов да си ги простиме грешките, навредите, омразата, пакоста, измамата, непочитта и лошото што сме го сториле едни на други. Да му простиш некому, па тоа е вистинското дело на љубовта. Да ги избришеш сите навреди, лаги и клевети на другиот кон тебе е духовен херојство. Тоа е растоварување на двете души – и твојата и неговата, од голема тежина. Традиција Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле. Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто. На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот. Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост. Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден. Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување. Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера. Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината. Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно. Како да простуваме Простувањето не треба да биде формално, само со обични зборови, само изговорен збор, туку вистинско, кое ќе се случи прво во нас, во срцето и во душата, а потоа и во устата, низ зборовите: „прости ми“ – „простено ти е“. Простувањето е завршено кога сме преминале од простување во љубов. Тогаш вистински сме простиле или вистински ни простиле. Тоа не е лесно, а не е ни тешко, бидејќи љубовта прави чуда. Простувањето е дело на љубовта. Простувањето е слобода. Тоа ослободува. Силно е чувството на слобода што доаѓа со простувањето. Тоа е духовно миење, чистење на душата и ослободување од гревот со сите негови отрови. Покајанието и простувањето значи менување на своето мислење и постапување. Кога ќе престанеш да мислиш како што си мислел претходно, кога ќе почнеш да говориш поинаку од претходното и кога ќе го правиш она што требало да го правиш – тогаш си се покајал и си простил. Проштевањето е решеност повеќе да не се греши. Што, ако речеме: Ете, му простив и готово! Ми грешеше и ме навредуваше и сè ми правеше – и пак му простив, толку е, крај! Не, не. Тоа не е проштевање. Тоа е формалност. Гневот ти останал. Гревот те гризе. Ти не си се очистил, ниту него си го ослободил. Треба љубов да ви се всели во душата. А таа зрачи низ нашите мисли, зборови, чувства и дела. Тие што не простуваат, не го разбирале Христа и Евангелието. Тие немаат право да се нарекуваат христијани, зашто не се христијани. Кому да простуваме На сите да им простиме сè. Дури и на непријателите. Така Господ направил. Бог бара од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме злопамтливост (Матеј 5,23-24). Да простиш, значи да не дозволиш веќе во срцето да ти влезе лоша желба или да ти падне лоша мисла на ум. Да ти исчезнат лошите намери и планови. Очистеното срце да го наполниш со љубов. Ако е до грешност и до казна, сите сме грешни и сите сме за казна. Но, Бог не нè повикал да судиме и да казнуваме, туку да простуваме. И поставил правило: Бог ќе ни ги прости нам гревовите, доколку и ние им простуваме на оние што ни згрешиле (Матеј 6,14-15;18,35). И рекол: „Проштевајте и ќе ви биде простено“ (Лука 6,37). Колку да простуваме Прости му целосно и сè. Ако не му простиш ти, ќе му прости Бог. Така ти си си наштетил себе си, а не нему. Колкупати да му простиме? Вака прашал и апостол Петар, а Христос му одговорил: „До седумдесет пати по седум“ (Матеј 18,22), што значи безброј пати. Откако ќе си простиме и ќе се измириме, во мир ќе го почнеме постот. Така започнуваат и богослужбите, со повикот: – Во мир да се помолиме на Господа! /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Уште еден Спутник, Српска лига на далечинско, конгрес без членовиСаша Богдановиќ држи прв изборен конгрес на здружение Српска лига. Најавено уште во март. Сега, кога арамијата бара алиби за избори, сателитот добива датум.Во Орбан–Вучиќ медиумите го продаваат како поранешен функционер на СДСМ. Градоначалник на Центар, 2017 година. Намерно се прескокнува ЗНАМ, прва верзија. Екипата што ја делеше партијата, заедно со Максо. Прво партијата. Потоа гласачите. Сега нова фирма. Помлада верзија на Стоилковиќ. И полоша. Неспособен оперативец, со години на услуга на српската БИА. Кога на јавноста ѝ е јасно дека министерот работи српско-руско-кинеска агенда, треба нова верзија да ги собере гласовите што Стоилковиќ ги губи. Иста матрица како Српската лига во Србија: еден човек, членовите не се гледаат. Лигата таму излезе од проруски ориентирани фашисти, претходно Трета Србија, име што алудира на Трет рајх. Богдановиќ нема капацитет да ја прочита службата. Извршува. Почетокот на годината, фалејќи го Вучиќ, СДСМ ги нарекува Усташи. Иста кампања како во Србија, каде студентите се Усташи. Иста како талогот на арамијата, по терк на Ванчо. На мрежите се кити со Вучиќ и со однос кон Русија. Уште еден српско-руски Спутник, покрај Левица, анти-НАТО и анти-ЕУ, и покрај Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони. Уште една проруска, антизападна партија во Македонија. Арамијата, стар руски прокси, не знае да склопи партија што барем на старт гледа кон Европа. Далечинскиот му е правен во Кремљ. Друг јазик не познава. Полетувањето е неуспешно пред да заврши конгресот. Овој Спутник, оваа нова Лајка на Вучиќ, нема да се врати. Сателит не е опозиција. Тоа е алиби за банда што останала без рејтинг и без пари. Скопје, 09.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВо гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)Група американски ентузијасти создадоа автомобил кој ретко се гледа на патот. Тие создадоа возило кое е широко три метри од стар Форд, кое може да достигне брзина поголема од 110 километри на час, објави Аутонет. Кога решија да го преполови стариот Форд Фестива и да го прошират на неверојатни три метри, членовите на американскиот Јутјуб канал Prop Department имаа необична идеја. Сепак, тие не застанаа само на изградба на автомобил кој изгледа сосема поинаку од сè што среќаваме во сообраќајот. Тие исто така успеаја да добијат документација што им овозможува да го возат по јавни патишта. Резултатот е автомобил кој е речиси широк колку што е долг, а неговиот изглед на улиците привлекува огромно внимание. Тие користеа уште три автомобили за конверзијата. Основата на овој необичен проект беше Форд Фестива, мал градски автомобил познат на европскиот пазар како Киа Прајд. За да ја реализираат својата идеја, авторите набавија уште три автомобили што ги користеа за делови. Секој од нив чинеше само неколку стотици долари. Прво, го отстранија ентериерот на возилото, а потоа ја исечоа каросеријата по должина. Дополнителни челични елементи беа инсталирани во просторот помеѓу двете половини, така што структурата ја задржа потребната цврстина. Прилагодувањето на погонскиот систем беше особено тешко. Погонското вратило мораше да се продолжи за повеќе од еден метар за да може моторот да ја пренесува моќноста на тркалата. Промените не го заобиколија ниту ентериерот. Контролната табла и предниот дел од автомобилот беа прилагодени на новата ширина со помош на делови изработени на 3D печатач. Исто така, беа инсталирани дополнителен генератор за напојување, како и систем за климатизација. Има два волани и дури 14 држачи за чаши. Еден од најнеобичните детали се наоѓа во кабината на овој Форд. Автомобилот има два волани поставени пред предните седишта, додека на централната конзола има дури 14 држачи за чаши. И покрај огромната ширина и бројните модификации, возилото е способно да достигне брзина поголема од 110 километри на час. Неговите креатори открија и дека толку широк автомобил може да има практични примени. Благодарение на големиот простор, тој е погоден за транспорт на гломазни предмети, големи купувања, па дури и дрва. Полицијата ги запре, но тие можеа да продолжат да возат Најголемиот предизвик не беше само да се направи автомобил широк три метри, туку да се обезбеди дека на такво возило му е дозволено да учествува во сообраќајот. Имено, ширината на Фордот ги надминува вообичаените дозволени димензии на патничките автомобили. Затоа, неговите креатори мораа да добијат посебни дозволи за вонреден транспорт, како и соодветно осигурување. За време на првото сериозно тестирање, кое траеше два дена, тие поминаа повеќе од 640 километри. Полицијата ги запре неколку пати, проверувајќи ги регистарските таблички, документацијата и начинот на кој толку широко возило се движи по сообраќајната лента. Сепак, откако утврди дека возачите ги имаат потребните документи, полицијата им дозволи да го продолжат своето патување секој пат. Така, автомобилот создаден од стар Форд, и покрај неговите необични димензии, успеа да влезе на јавни патишта во согласност со посебните дозволи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалка.Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу детали, ниту објаснување за необичното име. Постои само информација дека Симеон Сак управува со инвестициската група. 🚨🇵🇪 BREAKING — Hitler Mussolini: Hitler Mussolini Flores elected Mayor of Queropalca, Peru, securing 34.54% of the vote. https://t.co/hchskpwYBI — Pamphlets (@PamphletsY) October 9, 2026 И други политичари со името Хитлер Ова не е прв пат политичар со тоа име да се појави на избори. Во Перу во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде на изборите за градоначалник на округот Јунгар. „Јас сум добриот Хитлер“, изјави Алба за медиумите за време на кампањата. Во Намибија, од друга страна, Адолф Хитлер Уунона беше избран по петти пат по ред на локалните избори минатата година. „Како дете, тоа име ми изгледаше сосема нормално“, изјави Уунона за Би-Би-Си.Тагови: Мусолини Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook