Проблеми на Хонда со турбо бензинецот - Канал 5

Проблеми на Хонда со турбо бензинецот

Хонда CR-V е еден од најпродаваните автомобили во САД , со над 500 000 продадени возила.

Проблеми на Хонда со турбо бензинецот

Еден од главните адути на CR-V е 1,5 литарскиот турбо бензинец. Сепак , последните неколку недели сопствениците на ова возило во САД се жалат на проблеми со моторот на CR-V , односно со чудни гаснења на моторот на новите возила .

Неколку сопственици на популарниот автомобил прво се пожалија кај организацијата Consumer Reports, за подоцна десетици да се јават во Националната администрација за безбедност на автопатиштата, додека голем број се пожалија и преку социјалните мрежи.

Граѓанската организација Consumer Reports го поврзува овој проблем со повлекувањето ан 380 000 CR-V во Кина во февруари годинава, кога проблем создаваше мешањето на маслото со 1,5 литарскиот агрегат.

Од Хонда пшотврдуваат дека го испитуваат случајот , а реакции преку мрежата на овластени сервисери најавуваат за ноември . Тогаш најверојатно возилата ќе се поправат како дека од заштитата со гарантниот лист.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Ристовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Љупчо Ристовски.

Љупчо Ристовски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ВМРО-ОКГ врти стара плоча дека наследиле деценски долг а за две години направија нов долг од 4 милијарди евра

ВМРО-ОКГ повторно ја врти истата плоча - тврди дека наследиле долг од изминатите 35 години.

СДСМ: ВМРО-ОКГ врти стара плоча дека наследиле деценски долг а за две години направија нов долг од 4 милијарди евра

А што направија тие за две години?

За само две години Владата на Мицкоски направи околу 4 милијарди евра нов долг.

Тоа е темпо што никој во 35 години независност не го постигнал.

Касата е празна. Се задолжуваат секоја недела.

Каматите скокнаа од 120 на 350 милиони евра годишно.

Парите одат во криминални партиски тендери а не во плати и пензии, не одат кај земјоделците или за стандардот на граѓаните.

ВМРО-ОКГ беше на власт речиси половина од тие 35 години, од Георгиевски, преку 11-те години на Груевски, до Мицкоски денес.

И тие земаа кредити. И тие создаваа обврски.

Сега се прават како да е сè „наследено“ и како да немаат никаква одговорност за новото задолжување.

Бројките за некаков раст не ги полнат фрижидерите.

Граѓаните најдобро ја гледаат вистината во своите паричници, во сметките и во идните обврски што ќе ги плаќаат нивните деца и унуци.

СДСМ земаше кредити за да им даде на граѓаните пари во време на најголема криза, после ковид пандемијата и светската економска криза.

Разликата е јасна:

* 8 милијарди евра долг - тоа е вкупниот долг што го создадоа сите претходни влади, во изминатите децении.

* Мицкоски создаде 4 милијарди евра нов долг за само две години, без конкретни резултати за народот.

Оваа организирана криминална група нема граници.

Ниту во задолжувањето, ниту во префрлањето на одговорноста.

СДСМ ќе продолжи да ги бара одговорите: каде одат парите од новите кредити, зошто касата е празна и до кога ќе се задолжуваат генерациите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер