Приведено лице во Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол - Канал 5

Приведено лице во Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол

На 05.04.2025 во 01 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Д.М.(27) од с.Тодоровци, Македонска Каменица.

Приведено лице во Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол

При извршена контрола на патничко возило „даеву матиз“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал пријавениот, констатирано било дека бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во Полициската станица Делчево. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измени

Охрабрување за проширувањето на регионот но и расчистување на дилемите околу предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц очекува шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за време на самитот ЕУ Западен Балкан во Тиват.

Муцунски: Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измени

Во одговор на новинарски прашања ги повтори и цврстите позиции на земјава – Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измени. Според Муцунски без гаранции нема поместување од позициите и повтори дека најмалку што може да направи Софија во моментов е да ги исполни своите обврски согласно меѓународното јавно право.

„Без сомнеж очекува дека нешто ќе се промени на самитот во Тиват пред се што истиот се одржува во регионот, очекуваме да се пратат дополнителни сигнали за охрабрување кон регионот од една колективна смисла веројатно една од темите за дискусија бидејќи се очекува присуство на канцеларот Мерц како тој ја гледа политиката на проширување. Еден од позитивните сигнали што ги слушаме веројатно изворно ќе го слушнеме во Тиват е дека тие идеи кои тој ги образложи во своето писмо не се толкуваат алтернативно односно дека ќе има некој нов модел без пат кон полноправно членство туку како еден паралелен процес кој би се одвивал. “-Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи.

На самитот ЕУ – Западен Балкан, од својата последна дестинација Белград, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заминува со порака дека проширувањето на Западен Балкан е најважното прашање на Унијата во моментов но земјите вели мора да ги спроведат реформите и обврските. Во Тиват освен шефовите на држави и влади на шесте земји од регионот пристуни ќе бидат и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен, високата претставничка за надворешна политика Каја Калас, и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„ За нас проширувањето на Западен Балкан е најважно геополитичко вложување со кое Европската унија се занимава во моментов. Знам дека утре лидерите на ЕУ ќе разговараат со лидерите на Западен Балкан како да ја унапредиме методологија, како брзо би напредувале и подобро, но тоа не значи дека ќе биде лесно туку како да ги испорачаме заедно резултатити побрзо.“ - Антонио Кошта – претседател на Евроспкиот совет.

Самитот според најавите ќе биде поделен на пленарна сесија каде главна тема ќе биде интеграцијата на регионот и планот за раст, додека на работниот ручек фокусот ќе биде ставен на проширувањето и усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на Унијата.

Вчера и премиерот Мицкоски пред заминувањето во Црна Гора рече дека преговарачкиот процес со ЕУ е маратон, не спринт, а ставот на Владата останува непроменет и нема цена што ќе ги натера да влезат во авантура без јасни гаранции и извесен крај. За следната недела Муцунски пак најави можни средби на високо ниво, за време на, како што рече, неговата и посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Бугарија по повод регионален настан...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна расправата за Предлог-Законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот

Во наелектризирана атмосфера, во Собранието почна расправата за Предлог-Законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Почна расправата за Предлог-Законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот

Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот..

Во Собранието е Јана Јосифоска.. Јана, до каде е комисиската расправа?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30-дневен притвор за Стефан Богоев и тројцата осомничени за местење тендер во Царина

На поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешниот помошник-директор во Царинската управа,  управителот на приватната фирма „Ремондис Медисон“

30-дневен притвор за Стефан Богоев и тројцата осомничени за местење тендер во Царина

На поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешниот помошник-директор во Царинската управа, управителот на приватната фирма „Ремондис Медисон“ и на еден вработен во истата приватна компанија судот на барање на обвинителството синоќа им одреди 30-дневен притвор.

Четворицата се сомничат дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на економскиот оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на истиот да стекне противправна имотна корист во износ од околу 300 илјади евра. Според судотво случајот постои основано сомнение дека се сторени кривични дела злоупотреба на постапка за јавен повик, доделуваењ договор или јавно приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда..

-Постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание. Откако попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, судот донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т.2 од ЗКП. – Кривичен суд

Одбраната на Богоев најави дека ќе се жалат на одлуката за притвор

Адвокатката Алексиќ потврди дека понудиле и гаранции кои судот ги одбил. Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле дадени никакви докази.

-Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители за другите осомничени. Мислам дека во комбинација со другите мерки на претпазливост можеше да обезбеди присуство на осомничените. Токму на тие околности ќе се однесува жалбата.На одбраната на денешното рочиште не ѝ беа презентирани никакви докази во насока на постоење на основано сомневање. Само нѝ беше соопштено дека докази според обвинителството постојат.- Сања Алексиќ- адвокатка на Стефан Богоев.

Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева претходно рече дека ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор. Притворот бил побаран поради опасност од бегство и можно влијание врз сведоци

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер