Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
1Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
3Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
МакедонијаПриведен насилникот кој во живо на ТикТок тепаше жена, полицијата поднесе кривична пријаваПолицијата експресно го привела насилникот од Радовиш кој тепаше бремена жена во живо на Тик Ток.. Насилникот од Радовиш, кој брутално ја тепаше својата бремена партнерка, а со својата „машкост“ и надмоќ во живо се „пофали“ преку социјалните мрежи доби кривична пријава од МВР... Од она што може да се види и слушне на вознемирувачкото видео, 35 годишникот прво ја критикува беспомошната жена за начинот на кој седела на клупа, по што ја удира во неколку наврати, ја навредува и се заканува дека ќе ја избрка од дома... „Стани тука, стани тука. Што ти е јасно? Што да ми биде јасно, ме утепа, а не сум ни седела. Што ти е јасно?---- Добро бе Аце! Такви к***ви дома да имам јас, не! Сега парталите и дома!“ Насилникот, кој на социјалните мрежи има и фотографии со пиштол, бил пријавен од мајката на жртвата пред четири дена, по што и таа добила закана по животот од негова страна во живо на социјалните мрежи.. Од МВР велат дека веднаш по пријавата бил приведен, по што, неофицијално и пуштен, но за ова не добивме прецизна потврда од истражните органи. Неговата партнерка одбила кривично да го гони, со образложение дека дека нападот наводно се случил минатата година, иако на снимката на која тој се изживува врз неа и е во живо емитувана стои датумот 22 март, 2025 година. Од обвинителството пак велат дека постапката е во тек, а меѓудругото ќе се испитало и дали постоел основ за негово задржување. „ОД жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог и дека видеотот било доставено од нејзината мајка. За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО РАдовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки. Врз основа на преземените мерки, од страна на ОЈО Радовиш на 25.03.2025 е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“. “ Нејзиното одбивање да го гони насилникот кривично е уште една јавна потврда дека многу жени се преплашени и не се охрабруваат да побараат помош од институциите... Ова, според Хелсиншкиот комитет, ја покажува итноста од носење на закон, кој ќе дозволи ваквите насилници да бидат гонети без пријава на жртвата и по службена должност. „Законот за кривична постапка и она што значи постапување по службена должност во услови кога се случуваат кривични дела, секако во постапувањето на обвинителството по предлог на жрвтата и она што треба да се измени со цел да се постапува по службена должност е нешто што треба да се промени за да може да имаме ефективна и ефикасна заштита на жртвите. Ако немаме ситуација каде што немаме согласност на жртвата и имаме секако ризик по однос на живот и здравје, а со цел да превенираме фемицид, можеби обвинителството би можело да гони и по некое друго кривично дело со цел да ја заштитиме жртвата.“ Инаку, според податоците на ОБСЕ, во последните години растата приајвите за семејно насилство, но бројките се далеку од реалните, бидејќи според невладините организрации, само 2% од жртвите се охрабруваат да пријават во полиција. Друг проблем е што 80 проценти од оние кои пријавуваат потоа се повлекуваат од кривично гонење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници.Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука проф. -д-р Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија. „Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа“, посочи министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап. Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на воспитно-образовните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема. Јаневска нагласи дека успешната едукација не е можна без подготвени наставници и современи наставни ресурси и затоа, дел од активностите ќе бидат насочени кон јакнење на компетенциите на наставниот кадар и обезбедување соодветни едукативни материјали и алатки за работа со учениците. Ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации. „Создавањето побезбедна средина околу местата каде што престојуваат децата е заедничка обврска на сите институции и на целата заедница. Подеднакво важно е младите да стекнат основни знаења и вештини за соодветно постапување во првите критични минути по сообраќајна незгода, во соработка со Црвениот крст и со здравствените институции“, рече министерката. Успехот на Стратегијата зависи од способноста за заедничко и координирано делување. Јаневска ги охрабри училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници да градат трајна култура на безбедност, неопходна како одговор на ризиците со кои се соочуваме како општество.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМицкоски на самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашањаПремиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.„Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ. Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме.“- објави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услугиФондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности.Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување. Целта на засилените контроли е да се утврди дали здравствените установи доследно ги почитуваат договорните обврски и законските прописи, особено во делот на евентуална двојна наплата, односно случаи во кои за иста здравствена услуга се наплатуваат средства и од Фондот и од осигуреникот. Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество со лични средства (партиципација), доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество. Ова се однесува на здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, согласно утврдените права и услови за нивно остварување. Во рамките на контролите, особено внимание ќе се посвети на усогласеноста меѓу извршените и фактурираните здравствени услуги, износите наплатени од осигурениците и почитувањето на прописите за учество со лични средства. Фондот потсетува дека здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, согласно важечките прописи, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата. Осигурениците имаат право на јасна информација за здравствените услуги што ги покрива Фондот, како и за износот што евентуално се должни да го платат по основ на партиципација. Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности, согласно договорите склучени со здравствените установи и важечките законски и подзаконски прописи. Воедно, осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно закон. Со засилените контроли Фондот ја потврдува својата определба за доследно почитување на правата на осигурениците, одговорно користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување и поголема отчетност во работењето на здравствените установи со кои има склучено договор. Заштитата на правата на осигурениците и законитото користење на средствата на Фондот остануваат наш врвен приоритет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter