3Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
МакедонијаПриватните превозници утре на мирен протест пред дирекцијата на ЈСППриватните превозници утре во 9 часот излегуваат на протест пред седиштето на јавното сообраќајно претпријатие во Автокоманда но засега без автобусите.Како што информираа од здружението „Мак екпрес“ протестот е со цел да се оствари средба со раковдството на ЈСП за да си ги побараат парите во висина од околу полована милион евра што јавното претпријатие им ги должи. Според изјавата на Кемал Мурич за канал5 заедно со Мак епсрес на протестот целосно се приклучуваат и од слобода превоз кои имаат еден милион евра побарување од јсп. Автобуските превозници по денешната консулатиција со МВР главниот протест со блокади на раскрници низ главниот град се одлучија да го одложат за неделата по одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев заради чувствителноста на состојбата. Од град скопје за канал 5 го повторија својот став дека тие чекаат да заврши ревизијата за да имаат конкретни рагументи за разговор и се додека не заврши ревизијата не планираат средба со приватните превозници. Став од првиот човек на ЈСП дали утре ќе ги прими на разговори приватните превозници не успевме да добиеме. Инаку според претставниците на Мак експрес контролата која ја правело УЈП во нивното претпријатие утврдила дека ЈСП им должи 480 илјади евра дедека истата контрола утврдила долг од милион евра кон слобода превоз а деновиве од ЈСП добила исплата само на 5 илјади денари без никаква назнака за што се тие. Град Скопје објави два јавни огласи за пакет линии во јавниот градски превоз, откако го раскина договорот со приватните превозници, кои го блокираа центарот на Скопје. И на двата огласи, не се пријави ниту еден заинтересиран автобски превозник. Во моментов, јавниот градски превоз го врши само ЈСП со многу помалку автобуси отколку што му се потребни на градот на што веќе реагираат граѓаните кои чекаат на студот каде многу често без најава некои линии се откажуваат заради дефекти а други се многу ретки. Месец и пол во главниот град не возат 208 приватни автобуси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Холивудски пар воодушеви во ТоронтоХоливудската ѕвезда, актерката Пенелопе Круз во кожа и тантела, нејзиниот сопруг, шпанската актерска ведета Хавиер Бардем не го трга погледот од неа, холивудски пар воодушеви во Торонто.Шпанските актерски ѕвезди Пенелопе Круз и Хавиер Бардем блеснаа на премиерата на филмот „Бункер“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ги толкуваат главните улоги. Двојката, која важи за еден од најхармоничните парови во Холивуд, повторно привлече внимание на црвениот тепих, само неколку дена откако заедно блеснаа на Филмскиот фестивал во Венеција. Пенелопе и Хавиер ги толкуваат главните улоги во филмот „Бункер“, поради што публиката со нетрпение го очекува неговото пристигнување во кината. Нивното заедничко појавување во Венеција, а потоа и во Торонто, дополнително го поттикна интересот за филмот, кој веќе се вбројува меѓу најочекуваните остварувања во кои славните сопружници играат заедно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвропскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка Афродити ЛатинопулуЕвропскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка во Европскиот парламент и лидерка на партијата „Гласот на разумот“, Афродити Латинопулу.На 15 септември 2026 година, Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка во Европскиот парламент и лидерка на партијата „Гласот на разумот“, Афродити Латинопулу, со што се овозможува продолжување на правната постапка во Грција во врска со наводите поврзани со потписите за основање на нејзината партија. Со оваа одлука се укинува парламентарната заштита во однос на постапката опфатена со барањето. Таа не претставува утврдување вина и не го прекинува автоматски нејзиниот мандат како пратеник во Европскиот парламент. За што се работи во случајот со потписите Случајот се однесува на поплаки во врска со потписите поднесени при основањето на политичката партија на Латинопулу, „Гласот на разумот“ (на грчки: „Foni Logikis“). Во поплаките се тврди дека дел од потписите во документите за основање биле фиктивни или фалсификувани. Прашањето дали овие наводи се основани е во надлежност на грчките правосудни органи, а не на Европскиот парламент. Латинопулу јавно побара укинување на нејзиниот имунитет уште неколку месеци пред гласањето. Во писмото од 15 јануари 2026 година упатено до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола – кое беше објавено на веб-страницата на нејзината партија – таа изрази уверување дека непристрасната судска постапка ќе ја потврди нејзината невиност. Таа исто така изјави дека не сака парламентарниот имунитет да биде пречка за судската проверка. Извор: GreekreporterТагови: Афродити Латинопулу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМал авион падна во Хрватска Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter