3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
КултураПристапна изложба на Григор ЧемерскиВо Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечер ќе биде отворена пристапна изложба на слики „Води и пловидби - Земни плодови“ на македонскиот сликар, графичар и мозаичар Глигор Чемерски. Со изборот на сликите и циклусите, поставени на оваа изложба, Чемерски на свој начин есеизира за сопственото сликарство. Григор Чемерски е роден во Кавадарци во 1940 година. Се образувал во Скопје, Белград и Париз. Академија на ликовни уметности завршил во Белград во 1963 година во класата на Ѓорѓе Андреевиќ - Кун. Постдипломски студии завршува 1965 на истата академија, а како стипендист на француската Влада престојува во Париз во 1969 и 1970 година. Оттогаш често престојува, работи и изложува во Париз. Од 1983 до 2003 година е еден од постојаните сликари на Галерие ду Фелуве во Париз. Студиски престои има во Египет, Грција, Италија, Холандија, Шведска, САД. Првата самостојна изложба ја одржал во Скопје во 1962 година, а потоа следуваат над триесетина самостојни изложби како во Македонија така и во светот. Во октомври и ноември 2010 година во Националната галерија во Македонија - Даут пашин амам и Чифте амам се одржа неговата ретроспективната изложба „50 години творештво“. Добитник е на многубројни национални награди за сликарство. Дел од неговите монументални дела во Скопје се Мозаиците во палатата на Претседателот на државата и Фреската во централната на Стопанска банка. Застапен е во колекциите на Ватиканскиот музеј, Светската банка, Музејот на современа уметност, Нацоналната галерија, Собранието на Република Македонија, Кабинетот на Претседателот, Музејот на современа уметност во Белград, Современа галерија Будва, Меѓународната колекција Свети Кирил и Методиј во Софија, Музејот на уметностите во Фејетвил, Северна Каролина, САД и други. Исто така негови дела има во многу приватни колекции како во земјата, така и надвор од неа. Чемерски од 2012 година е редовен член на МАНУ, а во 2013 година е примен за почесен член на Руската художествена академија-Имперјална. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter