Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЖивотПринцезата која се одрече од тронот поради љубов, работи како волонтерка без плата (ВИДЕО)Поранешната јапонска принцеза Мако, која се откажа од титулата - и од 1,3 милиони долари - сега наводно е неплатен волонтер во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк.Причината зошто Мако се откажа од сè , е љубовта - нејзиниот сопруг е обичен човек што го запознала на колеџ. Мако Комуро (30) сега работи во азиската уметничка колекција на култниот музеј и помага да се постави изложба на слики инспирирани од животот на монасите од 13 век, кои го претставуваат будизмот, пишува Japan Times. Музејот се наоѓа на Апер Ист Сајд и е на 10 минути возење од еднособниот стан во Хелс Кјчен кој го дели со сопругот, идниот адвокат Кеи Комуро (30). Иако живеат во еднособен стан, тој наводно е луксузно уреден. Зградата е опремена со велосипедска теретана Peloton, студио за јога, внатрешен спа простор, симулатор за голф, скара, пинг-понг, библиотека и консиерж. Апартманите со една спална соба во таа зграда се изнајмуваат за 4.809 долари месечно, додека апартманите со две спални се по цена од 7.085 долари . Двојката беше свршена осум години пред да се венчаат минатиот октомври. Нивната венчавка беше мала граѓанска церемонија во Токио. Бидејќи само на машките членови на јапонското царско семејство им е дозволено да се венчаат со обични луѓе, Мако одлучи дека повеќе нема да биде принцеза, а нејзините синови нема да бидат во ред за тронот. Мако и Кеи се запознале во 2013 година кога и двајцата студирале на Меѓународниот христијански универзитет во близина на Токио, каде што таа студирала уметност и културно наследство. Потоа продолжила да работи како специјален истражувач во Музејот на Универзитетот во Токио. Студирала и историја на уметност на Универзитетот во Единбург во Шкотска и магистрирала музејски и галериски студии на Универзитетот во Лестер во Англија во 2016 година, пренесува People. "Таа е квалификувана и веројатно се занимава со предмети од колекцијата. Тоа е работа која бара многу подготовка и честопати значи многу време во библиотеката", рече поранешниот кустос за новата работа на поранешната принцеза. Мако е ќерка на престолонаследникот Фумихито и внука на владејачкиот јапонски император Нарухито. Таа и Кеи „неофицијално се свршија“ во 2017 година, а планирале свадба во ноември 2018 година. Најпрво веста во Јапонија беше дочекана со ентузијазам, но потоа избувна скандал кога беше откриено дека неговата мајка, вдовицата Кајо, не вратила 35.000 долари на својот поранешен вереник за да ја плати школарината на нејзиниот син. Критичарите веднаш го нападнаа Кеи дека сака да се омажи за принцезата само поради пари или слава. Рече дека тоа е подарок, а не заем и дека ќе ги врати парите, но не се знае дали ги вратил. Во 2020 година, Мако јавно побара од јапонската јавност да ја поддржи нејзината одлука да се омажи за обичен човек. „За нас, нема никој друг, нема друга личност на која можеме да се потпреме и во среќни и во несреќни моменти“, рече таа. Тие се венчаа во октомври минатата година, а кралската куќа соопшти дека младенците не сакаат голема свадба „бидејќи нивниот брак не го слават многу луѓе“. Пред да се преселат во Њујорк, Мако ги одби 1,3 милиони долари кои ѝ следувале откако го напушти кралското семејство. Нејзиниот сопруг се обидува да положи правосуден испит во државата Њујорк за да стане адвокат откако не успеал минатото лето. Повторно полагал во февруари, но не се знае со каков успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е гостиварец- му пронашле кокаин „Task Foce“ пронајде дрога во Гостивар и лиши од слобода едно лице.На 25.10.2026 во 01:55 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(27) од Гостивар. При преглед извршен кај него, полицискисте службеници пронашле две пакувања со кокаин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаПијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци Двајца возачи на подрачје на СВР Струмица возеле под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и со тешки телесни повреди.На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Македонија18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полицијаНа 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица. Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите. Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter