Приказна која ќе ви го скине срцето: Тато, врати се здрав и жив, само тебе те имам! - Канал 5

Приказна која ќе ви го скине срцето: Тато, врати се здрав и жив, само тебе те имам!

Тато врати се здрав и жив, само тебе те имам - му рече 8 годишниот Гојко кој го испрати својот татко на операција. Детенцето го има само татко си, кој една година е неподвижен. Мајка му го напуштила пред 4 години.

Приказна која ќе ви го скине срцето: Тато, врати се здрав и жив, само тебе те имам!
Пред една година стебло му ја расекло ногата на Петар, додека во шумата сечел дрва. Од тогаш тој е неподвижен, а неговиот мал син се грижи и за таткото и за домашните работи. Таткото и синот од Бјелина ја имаат поддршката од целиот крај, да издржат и во оваа борба.

Тие биле напуштени од мајката кога Гојко имал само 4 години. Детето морало бргу да порасне и да стане позрело од врсниците. Но по несреќата на Петар уште повеќе - Гојко се грижел за домаќинството дури и го негувал неподвижниот татко. А уште е мало дете.

Кога тој взори го испратил татко си во болница, прво се погрижил Петар да земе се што му е потребно со себе, а потоа со насолзени очи му рекол: Тато врати ми се здрав и жив, те имам само тебе на светот. Ќе ја чувам нашата куќа!

Петар има сериозна повреда. Во Белград ќе биде темелно прегледан а потоа лекарите ќе го оперираат.

Малиот Гојко вели дека има само две желби - првата, најважна , татко му да си дојде дома жив и здрав и да е добар. Втората - да има лап топ.

- Гојко е многу зрел за своите години. Животот го научи да прифати секаква ситуација. Ми вети дека нема да плаче бидејќи знае дека ќе се вратам. Тој верува дека се ќе биде во ред - вели Петар./ извор. Курир.рс

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Украина стои зад нападот во кој потона рускиот брод „Меркури“ во близина на либискиот брег, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Тој ја опиша операцијата како пример за украински одговор на руската војна, а во официјална изјава наведе дека украинските сили погодиле и втора цел, рускиот товарен брод, кој русија го користела за транспорт на оружје. Според Зеленски, руската корвета „Меркури“, еден од поновите бродови во флотата на Москва потонала по напад изведен од седум поморски дронови од украинско производство. И властите во источна Либија потврдија дека дошло до експлозија на руски брод кој бил застанат во поморска база во градот бенгази за да наполни гориво и да се врати кон Русија. Засега не е позната судбината на екипажот. Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека овие акции ќе резултираат со многу болни последици за режимот во Киев. Потонувањето на руски воен брод крај брегот на Либија претставува голем удар за путин и значително проширување на конфликтот, со оглед дека украина е оддалечена 1.600 милји од Бенгази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруени

Над осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. 

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви  кучиња, кои веројатно биле отруени

Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик.

Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата.

Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер