Пријателства кои го издржаа тестот на времето!

Пријателствата меѓу славните понекогаш траат со децении...

Мел Гибсон и Роберт Дауни Џуниор се пријатели од 1990 година кога го снимија филмот „Air America“. Познанството се претвори во вистинско пријателство, па Роберт му беше поддршка на Мел кога тој поминуваше низ скандалите во приватниот живот и разводот, а Мел му помогна на Роберт да се избори со зависноста од дрога.

Долгогодишни пријатели се и Сандра Булок и Рајан Рејнолдс.



Во 2009 го снимија филмот „The Proposal“ и многумина мислеа дека ќе ја пронајдат љубовта и во реалниот живот, но тие останаа пријатели. Сандра Булок е редовен гостин на премиерите на филмовите на Рајан, за да му даде поддршка!


Работата ги зближи и Џенифер Анистон и Кортни Кокс - заедно снимија бројни епизоди од серијата „Пријатели“ - и навистина се спријателија!




Се запознаа во 1994 кога почна да се снима серијата, и станаа најдобри другарки.

- Многу пати сум спиела во нејзината гостинска соба, и можам да кажам дека ми била поддршка во многу тешки моменти - изјави Анистон за Кортни Кокс.

Кира Најтли и Сиена Милер се запознаа на снимањето на филмот „The Edge of Love“ и станаа неразделни пријателки.






Сиена вели дека Кира за неа претставува поим за убавина и вели дека таа е најубавата жена на светот.

Леонардо Ди Каприо и Тобеј Мегуаер - другари од деца!







Се запознале пред 25 години кога заедно оделе на аудиции.

- Кога го видов веднаш посакав да ми биде другар, на сред сцена викав по него да ми даде број, а тој ми вели - кој беше ти? - се сеќава Леонардо...

/извор: brightside.me









Десетици илјади луѓе протестираа низ Франција барајќи повисоки плати и мир

Десетици илјади луѓе ширум Франција се приклучија на синдикалните собири за повисоки плати и мир по повод Меѓународниот ден на трудот.

Од Марсеј до Лион, Рен или Тулуз на големите поворки во големите градови се вееја знамиња на различни синдикати и палестински знамиња.

Во Париз, според синдикатите, се собрале 50.000 луѓе, а според полицијата 18.000, атмосферата на почетокот била карневалска, но на крајот полицијата интервенирала со солзавец.

Според полицијата, група од 4.500 луѓе, со „неколку стотици радикали“ запалиле камион, а уништени се и излози.

Досега се уапсени 25 лица.

Низ цела Франција, 12.000 полицајци се распоредени за да го зачуваат мирот, од кои 5.000 во Париз.

Моќниот синдикат ЦГТ упати апел против „мерките за штедење“, за отворање работни места, повисоки плати и мир.

Водечкиот синдикат ЦФДТ ги повика луѓето да се приклучат на маршевите во повиците за поамбициозна Европа која повеќе ги штити работниците. /МИА

Папата ја осуди индустријата за оружје

Папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“.

Папата Франциск денеска упати молитви за жртвите од војните во Украина, палестинските територии, Израел и бегалците Рохинџи во Мјанмар, нагласувајќи дека, „за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје“.

- Војната секогаш е пораз, секогаш. Ние бараме мир, бараме вистински мир за овие народи и за целиот свет, рече папата, по повод католичкиот црковен празник Свети Јосиф Работник, пренесе Ватикан Њуз.

Обраќајќи им се на присутните во салата Павле VI во Ватикан на општа аудиенција, папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“. /МИА

Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

Пронајдено е 5-годишното девојче кое доцна попладнето исчезна во паркот во Сарај.

Детето, чие оддалечување од местото било пријавено нешто по 16 часот од нејзин роднина, било пронајдено по околу два часа во близина на трговскиот центар Сарај, инфомираат од МВР.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли.

притисни ентер