Приближно 3000 учеснички го истрчаа 13. издание на Авицена Женска трка - Канал 5

Приближно 3000 учеснички го истрчаа 13. издание на Авицена Женска трка

Денеска во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се одржа 13. издание на традиционалната Авицена Женска трка. 

Приближно 3000 учеснички го истрчаа 13. издание на Авицена Женска трка

Како и во изминатите години, така и денес, учесничките успеаја да го наполнат Градски Парк со спортски дух и позитивна енергија.

Приближно 3000 жени учеснички од девет возрасни категории се појавија на стартот на кружната трка во должина од 3 километри, во близина на фонтаната „Лотос“, испраќајќи силна порака за женска солидарност, мотивација и поддршка. Трката започна точно во 10:00 часот, а претходно, сите учеснички заеднички се загреаја со енергични аеробик вежби во 09:40 часот, создавајќи позитивна енергија која ја одбележа целата манифестација.

„Авицена Женската трка и оваа година ја пренесе пораката дека здравиот начин на живот е најважен. Горда сум дека веќе 13- та година по ред успеваме да мотивираме голем број на жени, љубители на спортот, да излезат и да трчаат во името на здравиот живот. Авицена Женската трка дефинитивно препрасна во една традиционална спортска манифестација, со што искрено се надевам дека бројот на учеснички на следното јубилејно издание ќе биде уште поголем“, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.

Најбрза на годинашното издание на трката беше Теа Божиновска од Атлетскиот клуб „Скопски маратон“, која прва ја помина целта со време од 10 минути и 30 секунди. Второто место ѝ припадна на Фросина Михајловска од АК „Аеродром“ со време 10:39 мин, додека третото место и припадна на Дарија Крстевска од АК „Олимп“ со резултат од точно 11 минути.

По завршување на трката, на свечена церемонија беа прогласени најбрзите натпреварувачки, а награди од партнерите на трката добија и најдобрите во 9 одделни возрасни категории во кои беа поделени учесничките. Покрај нив, наградени беа и најсреќните во лотаријата што се одржа вчера, во која учествуваа сите стартни броеви на натпреварувачките.

Конечните резултати од овогодинешната Авицена Женска трка може да се проследат на веб-страницата tagtiming.mk.

Поддршка на годинашната Авицена Женска трка дадоа и претставниците од Здружението за промоција и поттикнување на спортски активности – 091 Run Crew од Скопје, кои со своето присуство и ентузијазам уште еднаш го потврдија значењето на заедницата во промоцијата на здравиот живот и спортот.“

Авицена Женска трка повторно го потврди својот статус како повеќе од спортски настан – таа е симбол на женска моќ, заедништво и промоција на здрав животен стил. Организаторите изразуваат огромна благодарност до сите учеснички, поддржувачи и партнери, со ветување дека следното издание ќе биде уште помотивирачко и повозбудливо.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

 Надежите на ПСЖ дека ќе ја заврши актуелната сезона во француското фудбалско првенство без пораз завршија, откако синоќа претрпе шокантен пораз од Ница на домашен терен со 3-1.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

Гостите поведоа преку Морган Сансон (34 минута), а Фабијан Руиз до крајот на полувремето израмни за ПСЖ (41), но Ница во продолжението постигна два гола преку Сансон (46) и Јусуф Ндајишимије (70).

Со ова заврши серијата на ПСЖ од 30 натпревари без пораз во француското првенство, во кое клубот од Париз веќе ја одбрани шампионската титула.

Пораз од Ница за составот предводен од Луис Енрике доаѓа пред полуфиналниот дуел против Арсенал во вторник во Лигата на шампиони. /МИА

Повторно престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир

Индиската армија соопшти дека синоќа имаше престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија на фактичката граница помеѓу двете земји во Кашмир.

Повторно престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир

- Неиспровоцирани истрели од лесно оружје од страна на пакистанската армија регистрирани се на повеќе пунктови долж целата конторлна линија во Кашмир. Индиските сили соодветно одговорија, се наведува во соопштението на индиската армија.

Во пограничниот инцидент нема повредени војници.

Тензиите помеѓу двете нуклеарни сили се зголемија по терористичкиот напад во Пахалгам, во индискиот дел на Кашмир, при што загинаа 26 цивили. Индија го обвинува Пакистан за нападот.

Индиската армија вчера уништи две куќи, кои биле во сопственост на семејствата на напаѓачите.

Парламентот на Пакистан вчера едногласно усвои резолуција, со која се отфрлаат индиските обвинувања како неосновани и предупредува дека Исламабад е подготвен да се заштити.

Советот за безбедност на Обединети нации вчера апелираше до Индија и Пакистан на максимална воздржаност.

Индија и Пакистан контролираат дел од хималајската територија Кашмир, а двете полагаат право на цела територија. Спорната граница меѓу двете земји вооружени со нуклеарно оружје вклучува област долга 740 километри на Хималаите наречена контролна линија.

Индија и Пакистан се во тензични односи откако се стекнаа со независност во 1947 година. Кризата во Кашмир датира уште од 1947 година кога Велика Британија го напушти тоа подрачје без да го реши статусот на регионот. Муслиманите сочинуваат 90 отсто од популацијата на Кашмир, а по повлекувањето на Британците побараа тој регион да се присоедини на Пакистан. Тогашниот гувернер сепак одлучи Кашмир да го присоедини кон Индија. Пакистан и Индија во 1947 година ја водеа првата војна за Кашмир, а потоа војуваа повторно во 1965 и 1999 година. Индија контролира околу 45 отсто од Кашмир, Пакистан околу 35 проценти, додека Кина 20 отсто./МИА

МОК со промоција на ЕМОФ Скопје 2025 на „Outdoor and travel fair“ во Скопје Сити Мол

Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за вклучување на јавноста и подигнување на свеста за значењето на овој голем спортски настан.

МОК со промоција на ЕМОФ Скопје 2025 на „Outdoor and travel fair“ во Скопје Сити Мол

Во рамките на саемот „Outdoor and travel fair“, кој се одржува од 25 до 27 април во трговскиот центар Скопје Сити Мол, со свој штанд се претставува и Македонскиот олимписки комитет, како дел од активностите за промоција на претстојниот Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025. Штандот на МОК во Сити Мол е отворен за посетители од 11 до 18 часот.

Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за вклучување на јавноста и подигнување на свеста за значењето на овој голем спортски настан, кој од 20 до 26 јули годинава ќе го донесе олимпискиот дух во Скопје и Куманово.

На штандот, посетителите имаат можност да се забавуваат преку различни интерактивни активности и игри, инспирирани од спортскиот и олимпискиот дух, како и да дознаат повеќе за самата мисија и вредности на ЕМОФ. Дополнително, сите заинтересирани кои ќе се пријават за волонтирање на фестивалот ќе добијат вредни подароци како знак на благодарност за нивната подготвеност да бидат дел од организацијата на овој престижен настан.

Штандот на МОК го посети и министерот за спорт, Борко Ристовски, кој направи обиколка и даде поддршка на активностите што се реализираат во рамки на подготовките за ЕМОФ Скопје 2025.

Македонскиот олимписки комитет ги охрабрува сите граѓани да го посетат саемот, да се информираат, да се забавуваат и да станат дел од семејството на ЕМОФ Скопје 2025. Преку учество на саемот „Outdoor and travel fair“, МОК продолжува да го гради мостот меѓу граѓаните и олимписките вредности, претставувајќи го фестивалот како настан од национално значење што ќе донесе позитивна енергија, спортски дух и незаборавни моменти за сите учесници и посетители.

Ова лето, повеќе од 4.000 учесници, вклучувајќи 900 волонтери, ќе бидат дел од ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во 15 спортови: атлетика, бадминтон, кошарка, баскет 3х3, кану слалом, велосипедизам, ракомет, џудо, пливање, стрелаштво, пинг понг, теквондо, одбојка, планински велосипедизам и гимнастика. За време на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин на најголемиот дел од

натпреварите, додека Куманово ќе ги пречека велосипедистите и кошаркарите. Уникатниот спортски амбиент ќе биде дополнет со натпреварите во гимнастика, кои ќе се одржат во Осиек, создавајќи вистинска олимписка атмосфера низ различни локации.

Покрај спортските натпревари, ЕМОФ Скопје 2025 ќе понуди богата културна и едукативна програма, со цел да се поттикне меѓукултурна размена, пријателство и солидарност меѓу младите спортисти од цела Европа. Фестивалот претставува значаен чекор напред за унапредување на спортската инфраструктура и меѓународната афирмација на Македонија, а истовремено е можност младите да се вклучат и да бидат дел од нешто големо, инспиративно и обединувачко.

ЕМОФ Скопје 2025 е повеќе од спорт - тоа е прослава на младоста, ентузијазмот и заедништвото.

притисни ентер