Преживеана девојка од автобуската несреќа во Црна Гора:Паднав од автобусот додека леташе(ВИДЕО)

Билансот на тешката сообраќајка на патот Цетиње - Будва, кога автобус со триесетина патници излетал од патот, резултира со две загинати лица, четворица тешко повредени и неколку полесни повреди.

Девојката од Никшиќ, Сања Вучиниќ (24), за „Вијеста“ изјавила дека цело време била во свесна состојба, а при слетувањето испаднала од автобусот.

По 16 часот од Цетиње била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица за понатамошна дијагностика.

Девојката за „Вијести“ раскажала дека седела на десната страна среде автобусот, и дека гледала во телефонот кога удриле во банкината.

„Ги слушнав крикот на патниците и тогаш паднавме. При падот испаднав, навистина не се сеќавам како излегов од автобусот. Успеав сама да излезам од бездната на патот. “ изјавила Сања Вучиниќ.

Таа околу 10 часот утрово со автобус на фирмата „Паповиќ“ од Никшиќ тргнала кон Будва, каде попладнето требало да дојде на работа во хотелот „Медитеран“.

„Имав два дена одмор и ова се случи на враќање“, рече таа.

Најмалку две лица загинаа, додека неколку лица се повредени во сообраќајката што се случи на патот Цетиње-Будва.

Како што потврдија од „Вијести“, автобусот слетал на релација Обзовица – Брајиќ. Првичните податоци на полицијата покажуваат дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници, а во автобусот немало деца.

Возачот на автобусот е приведен во полиција.

Сите осум семејства со деца со Даунов синдром го добија посебниот додаток од 6 илјади денари

Сите осум семејства со деца со Даунов синдром кои беа одбиени за посебен додаток од шест илјади денари го добија додатокот.

Од министерството за труд и социјална политика за Канал 5 потврдија дека сите родители ја однеле потребната документација откако биле повикани на нова проценка. Едно од нив е и семејството Петрови од Струмица. Тие го добија додатокот од шест илјади денари. Ивана Петров вели дека новото решение ќе биде валидно до мај 2024 година, кога ќе треба нова проценка бидејќи нејзиниот син ќе треба да биде оценет дали ќе биде прво одделение.

„Ние не однесовме нова документација. Ни рекоа дека додаток ќе добиеме и секако повторно ќе одиме на проценка“ објасни Ивана Петров родител на дете со Даунов синдром.

Канал 5 го отвори ова прашање, откако неколку родители реагираа на новите измени каде децата со Даунов синдорм дека треба да одат на проценка во посебна комисија која ќе одлучи дали ќе земаат додаток или не. Родителите реагираат дека во центрите нема логопеди и нема термини за дефектолози, затоа сами плаќаат логопеди и дефектолози.

Професорите од Филозофскиот факултет по предметот интелктуална попреченост, дијагонистика и психомотрен развој објаснуваат дека не треба да има воопшто проценки бидејќи дауновиот синдорм има и други тешкотии не се само лесна или тешка попреченост.

Новите измени во правилникот ги разгледуваат и од канцеларијата на Народиниот правобранител кој по сопствена иницијатива отвори постапка.

Поради оштетување на 1000 прагови во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола

Најдоцна до петок ќе биде во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола, поради оштетување на околу 1000 прагови од пругата.

До оштетувањето дошло откако изминатите два дена избиле пожари во близина на селата Слепче и Тројкрсти, кај Прилеп, па сега ќе мора да се санира штетата.

Никола Марков, од Македонски железници-Инфраструктура верува дека проблемот ќе биде решен до предвидениот рок и нема да има негово пролонгирање.

„Бидејќи се работи на долга релација, нашите работници работат интензивно и сообраќајот ќе биде во прекин до петок. Може да се случи да биде и продолжен, се зависи од временските прилики и ситуацијата на лице место. Ние имаме резервни прагови, кои се за други намени, но поради овој вонреден случај, ќе бидат веднаш пренаменети“,изјави, Никола Марков, пом. директор на МЖ-Инфраструктура.

Дека пругата ќе биде оспособена за сообраќај веруваат и од Синдикатот на машиновозачи, затоа што како што велат, трпат штета сите учесници во овој сообраќај.

„Трпат и патниците, а трпи и нашето друштво МЖ Транспорт. Бидејќи, ние од превозот што го вршиме, земаме финансиски средства за плати, за трошоци околу фирмата.- Претседател на синдикат на машиновозачи, Тони Димковски.

Проблемот со изгорените прагови од пругите е само уште еден во низата кои го следат железничкиот сообраќај во Македонија веќе подолг период.

Последно, до почетокот на овој месец, машиновозачите од Македонски-железници Транспорт ја бојкотираа работата поради неисплатени плати. Потоа дојде до позитивен договор со претрпијатието и повлекување на суспензијата за 12 машиновозачи.

Ковачевски оптимист за уставните измени, без коментар за кавгата меѓу Мицкоски и Груевски

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери.

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери кои се залагаат за евроинтеграциите на Македонија.

Ковачевски верува и дека до февруари земјава може да го затвори првото поглавје од преговорите со ЕУ, доколку промената на уставот се случи до крајот на оваа година.

Наспроти оптимизмот на премиерот за двотретинско мнозинство, опозицискиот лидер Мицкоски и од партиски настан вчера повтори дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснила против промена на уставот, а уверува дека партијата е сплотена.

-ВМРО-ДПМНЕ драги браќа и сестри е силно и без внатрешни поделби. Обединето и сплотено. Фокусирано кон пад на оваа власт. А, тоа го покажува и бројката на 44 пратеници кои се гаранцијата дека нема да попушти браната против уставните измени кои значат прифаќање на надворешен диктат, наспроти поделената СДСМ и помалиот број на пратеници за уставни измени. Тука не треба да се заборави и фактот за дестабилизрината и поделна ДУИ. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Мицкоски го посочува Груевски како соработник на владејачките партии во обид да ја подели ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени, Груевски со контра напад – дека Мицкоски тајно соработувал со Заев. До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е нај корумпираниот политичар, предавник итн. Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање? – пишува Груевски на фејсбук.

притисни ентер