Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард
2Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард
3Двајца патници загинаа во автобуската несреќа во Хрватска, 27 се повредени - се преврте автобус на „Ниш експерес“
Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
1Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаПревентивни активности на МВР за заштита на децата во сообраќајотНа подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола и Куманово, вчера беа реализирани низа активности посветени на безбедноста во сообраќајот од повеќе аспекти, соопшти Министерството за внатрешни работи.-На подрачјето на СВР Битола, во градовите Македонски Брод, Демир Хисар и Ресен, полициските службеници ги посетија првачињата и второодделенците во тамошните основни училишта при што беа одржани едукативни часови за основните сообраќајни правила важни за децата како пешаци, но и како корисници на тротинети и велосипеди, соопшти МВР. Во Прилеп била реализирана превентивна активност насочена кон возачите на моторни возила за важноста за користење заштитен појас при возење, а во Крушево полициските службеници превентивните активности ги фокусирале на акцијата „Слави со срце, не со оружје“. -На подрачјето на СВР Куманово, поточно во градот Куманово, во централното градско подрачје беа спроведени, исто така, сообраќајни превентивни активности насочени кон важноста од правилно паркирање и за неопходноста од носење заштитен шлем при управување мотоцикли, наведува МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилков: Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ – за две години подготвивме 33 закони Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда во изминатите две години беа исправни, а реформите што ги започнавме и реализиравме даваат конкретни резултати. Она што за некого беа само ветувања, за нас беше обврска. Она што го ветивме пред граѓаните, го преточивме во конкретни реформи. Денес, резултатите од таа работа се препознаени и во извештајот на Европската комисија. Особено значајна е позитивната оценка за новиот Закон за Судскиот совет, донесен во декември 2025 година. Европската комисија утврдува дека законот ги адресира препораките на Венецијанската комисија и Оценската мисија. Комисијата конкретно истакнува дека со законот се подобрени транспарентноста и јасноста на постапките за избор на судии и водењето дисциплински постапки. Позитивна оценка доби и новиот Закон за Советот на јавните обвинители, донесен во 2026 година. И за овој закон Европската комисија констатира дека е имплементирано мислењето на Венецијанската комисија. Станува збор за два исклучително значајни системски закони. Со нив поставивме квалитетна законска основа за унапредување на независноста, транспарентноста и отчетноста при изборот и одговорноста на судиите и јавните обвинители. Посебно сум горд на донесувањето на новиот Закон за парничната постапка, со кој по повеќе од 20 годишен застој, се обновува една од најважните процесни законски рамки во државата. Со овој закон се предвидуваат суштински промени за модернизација и забрзување на граѓанските судски постапки. Донесувањето на овој закон значи исполнување на препораките на Европската комисија од Извештајот за 2025 година. Покрај законодавните реформи, особено значаен е и напредокот во спроведувањето на Развојанта секторска стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028. Во реализацијата на активностите планирани за 2025 година бележиме значителен пораст и тоа од 42,9% за 2024 година, на 56,9% за 2025 година. Препознаен е и напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото. Тој претставува основа за усогласување со европското законодавство и исполнување на обврските во процесот на европската интеграција. Како позитивен исчекор, во извештајот е нотирано и потпишувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото во мај 2026 година. Ова е важно за прифаќање на меѓународните стандарди за одговорно користење на вештачката интелигенција. Би сакал да се осврнам накратко и во делот на критиките во извештајот. Борбата против корупцијата, недоволните финансиски и човечки ресурси, независноста на правосудните институции и ефикасноста на постапките. Да појаснам: антикорпуцијата се следи како хоризонтален процес, кој влијае на сите 6 кластери и е поврзан со секое 31 поглавје преку кои се оценува процесот на пристапување кон членство во Европската Унија. Односно, директно се оценува во најмалку 3 поглавја, од 31. Достигнувањата во делот на Владеењето на правото треба да се гледаат низ призмата на Поглавјето 23, кое во суштина е основата на процесот на преговорите со Европската Комисија. Овие предизвици бараат конкретно постапување од сите надлежни институции – судови, обвинителства, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и на сите други чинители. Во текот на мојот двегодишен мандат, заедно со тимот во Министерството за правда, подготвивме вкупно 33 закони. Пет од нив се веќе донесени, 2 се во Собраниска процедура, 10 во владина процедура, а останатите објавени на ЕНЕР или финализирани. Зад овие 33 закони стојат илјадници часови работа, стручни анализи, јавни дебати, консултации со домашни и меѓународни експерти и усогласувања со европски и меѓународни стандарди. За прв пат, пред донесување на било кој закон, од Министерството за правда, прокрај организираните стручни дебати, беа организирани и јавни дебати од страна на Собранието на Република Македонија. Тоа е многу битно да се напомене. Ова претставува сериозна работа на која сум исклучително горд и за која им изразувам благодарност на сите колеги, експерти и институции што беа дел од процесот. Сакам да нагласам дека донесувањето на овие закони, како и подготовката на останатите, не беше само прашање на исполнување на чекори од Реформската агенда. Целта беше и вистинска промена во функционирањето на правосудството во целост. Нешто што не било направено со децении! Верувам дека преостанатите подготвени закони ќе бидат донесени во најскоро време, без непотребно одложување, и дека ќе продолжи реализацијата на веќе започнатите реформи. Токму овие закони адресираат голем дел од препораките нотирани во Извештајот. Дозволете да набројам неколку од нив: Закон за спречување на корупција и судир на интереси, Закон за јавно обвинителство, Закон за судски буџет, Закон за судови, Закон за кривична постапка, Закон за академија за судии и јавни обвинители, новиот Кривичен законик, како и многу други финализирани до јули 2026 година. Искрено се надевам дека во следниот Извештај, Европската комисија ќе констатира уште поголем напредок во правосудството. Позитивната оценка на Европската комисија е огромна потврда за вложениот труд и реализираните реформи. Поставивме важни темели, но за постигнување на крајната цел – независно, ефикасно и праведно судство – неопходно е да се задржи континуитетот, да се донесат преостанатите подготвени закони и доследно да се спроведе започнатото. Започнавме сериозен процес но, за да бидат завршени реформите во интерес на граѓаните, и во целост, мора активно да се вклучат сите засегнати чинители и страни. ЗНАМ останува доследен на принципот на владеење на правото и дава целосна поддршка на институциите во овие комплексни процеси, како внатрешен коректив на Владата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаПетрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во ЕуростандардФилипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард.Додека денес не бираат средства со кои ја напаѓаат Владата, во 2019 година, во времето на Заев и Филипче од Венецуела во Македонија беа слеани 110 милиони евра во струмички фирми блиски до Заеви. Да потсетиме, тогаш Венецуела беше под меѓународни санкции, но тоа за Владата на Заев и Филипче не беше важно. Истражувачки новинари, тогаш открија дека тие 110 милиони евра биле првата транша од планирате дури милијарда и 600 милиони евра. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, чии вистински сопственици биле латиноамерикански државјани, а дел од парите оделе и преку руски банки. Каде има криминал, корупција и уништување, таму се Филипче и Заев. Затоа денес се гласни, затоа што имаат за цел да уништат банка, да шират паника дека ќе им пропаднат парите на клиентите, и да дојде бизнисмен близок до Заев да ја преземе банката. Тие гледаат само корист. Додека е Мицкоски претседател на Владата, банка нема да пропадне, а граѓаните ќе бидат заштитени, рече Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ТехнологијаБританија постави воен сателит во вселената- „Титанија“ влезе во орбитата на ЗемјатаВелика Британија доби „нов пар очи“ во вселената откако лансираше нов воен сателит во орбитата, објави Министерството за одбрана.Титанија е вториот воен сателит што влезе во употреба, по лансирањето на Тајче во 2024 година, а уште два се планирани за блиска иднина. Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, изјави дека сателитите ќе им овозможат на вооружените сили на Велика Британија „порано да детектираат закани, правејќи ја Велика Британија побезбедна“. Титанија е со големина на машина за перење и тежи околу 100 кг. Патува со брзина од 27.000 км/ч и кружи околу Земјата на секои 90 минути. Беше лансиран минатиот месец со ракета на SpaceX од Калифорнија. Сателитите ќе бидат управувани од Вселенската команда на Велика Британија, со седиште во RAF Хај Викомб. Покрај набљудувањето на Земјата од вселената, Министерството за одбрана тестира и мрежа од вселенски сензори од три локации низ целиот свет. Проектот се нарекува Инарос. „Способноста за набљудување на Земјата од вселената е од суштинско значење и за националната отпорност и за воената предност“, рече главниот воздухопловен маршал Сер Харв Смит, началник на Воздухопловниот штаб. „Ова ќе биде демонстрирано во годините што доаѓаат со сателитите Тајче и Титанија, заедно со Јуно и Оберон“, додаде тој. „Ќе ги следиме овие критично важни сателити со најсовремена технологија од целиот свет, вклучувајќи ги и нашите сензори Инарос, за да се осигураме дека нашите вооружени сили можат да се борат и да победуваат каде и да се.“ Britain has launched a new military observation satellite into space named Titania, the Ministry of Defence has announced https://t.co/ILPrACyJh4 — Nation.Cymru (@NationCymru) November 7, 2026 Титанија е дизајнирана и изградена во Хемпшир, како дел од партнерството помеѓу Лабораторијата за одбранбена наука и технологија (Dstl) и BAE Systems. Британскиот министер за одбрана нагласи дека сателитите Титанија и системот Инарос се „изградени и дизајнирани во Велика Британија“ и дека се поддржани од „повеќе од 3 милијарди фунти инвестиции во вселенски капацитети“. Секретарот Стритинг рече дека проектите ќе значат „висококвалификувани работни места низ Велика Британија, посилна индустриска база и побезбедно Обединето Кралство“. Соопштението доаѓа кратко време по откривањето на првата вселенска ескадрила на Велика Британија. Шефот на RAF рече дека вселената „станала домен на војување, без разлика дали ни се допаѓа или не“. Ризикот беше илустриран минатиот месец кога руски воен сателит се приближи опасно до комерцијален сателит, што некои експерти го сметаат за проба за напад. САД неодамна за прв пат потврдија дека распоредиле оружје во вселената за да се заштитат од „непријателска акција на противникот“. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, сака да изгради систем за ракетна одбрана „Златна купола“ составен од копнени системи и „вселенски сензори и пресретнувачи“.Тагови: вселената сателит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28