Филков: Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ – за две години подготвивме 33 закони - Канал 5

Филков: Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ – за две години подготвивме 33 закони

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда во изминатите две години беа исправни, а реформите што ги започнавме и реализиравме даваат конкретни резултати. 

Филков: Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ – за две години подготвивме 33 закони

Она што за некого беа само ветувања, за нас беше обврска.

Она што го ветивме пред граѓаните, го преточивме во конкретни реформи.

Денес, резултатите од таа работа се препознаени и во извештајот на Европската комисија.

Особено значајна е позитивната оценка за новиот Закон за Судскиот совет, донесен во декември 2025 година. Европската комисија утврдува дека законот ги адресира препораките на Венецијанската комисија и Оценската мисија.

Комисијата конкретно истакнува дека со законот се подобрени транспарентноста и јасноста на постапките за избор на судии и водењето дисциплински постапки.

Позитивна оценка доби и новиот Закон за Советот на јавните обвинители, донесен во 2026 година.

И за овој закон Европската комисија констатира дека е имплементирано мислењето на Венецијанската комисија.

Станува збор за два исклучително значајни системски закони.

Со нив поставивме квалитетна законска основа за унапредување на независноста, транспарентноста и отчетноста при изборот и одговорноста на судиите и јавните обвинители.

Посебно сум горд на донесувањето на новиот Закон за парничната постапка, со кој по повеќе од 20 годишен застој, се обновува една од најважните процесни законски рамки во државата.

Со овој закон се предвидуваат суштински промени за модернизација и забрзување на граѓанските судски постапки. Донесувањето на овој закон значи исполнување на препораките на Европската комисија од Извештајот за 2025 година.

Покрај законодавните реформи, особено значаен е и напредокот во спроведувањето на Развојанта секторска стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028.

Во реализацијата на активностите планирани за 2025 година бележиме значителен пораст и тоа од 42,9% за 2024 година, на 56,9% за 2025 година.

Препознаен е и напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото.

Тој претставува основа за усогласување со европското законодавство и исполнување на обврските во процесот на европската интеграција.

Како позитивен исчекор, во извештајот е нотирано и потпишувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото во мај 2026 година.

Ова е важно за прифаќање на меѓународните стандарди за одговорно користење на вештачката интелигенција.

Би сакал да се осврнам накратко и во делот на критиките во извештајот.

Борбата против корупцијата, недоволните финансиски и човечки ресурси, независноста на правосудните институции и ефикасноста на постапките.

Да појаснам: антикорпуцијата се следи како хоризонтален процес, кој влијае на сите 6 кластери и е поврзан со секое 31 поглавје преку кои се оценува процесот на пристапување кон членство во Европската Унија.

Односно, директно се оценува во најмалку 3 поглавја, од 31.

Достигнувањата во делот на Владеењето на правото треба да се гледаат низ призмата на Поглавјето 23, кое во суштина е основата на процесот на преговорите со Европската Комисија.

Овие предизвици бараат конкретно постапување од сите надлежни институции – судови, обвинителства, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и на сите други чинители.

Во текот на мојот двегодишен мандат, заедно со тимот во Министерството за правда, подготвивме вкупно 33 закони. Пет од нив се веќе донесени, 2 се во Собраниска процедура, 10 во владина процедура, а останатите објавени на ЕНЕР или финализирани.

Зад овие 33 закони стојат илјадници часови работа, стручни анализи, јавни дебати, консултации со домашни и меѓународни експерти и усогласувања со европски и меѓународни стандарди.

За прв пат, пред донесување на било кој закон, од Министерството за правда, прокрај организираните стручни дебати, беа организирани и јавни дебати од страна на Собранието на Република Македонија.

Тоа е многу битно да се напомене.

Ова претставува сериозна работа на која сум исклучително горд и за која им изразувам благодарност на сите колеги, експерти и институции што беа дел од процесот.

Сакам да нагласам дека донесувањето на овие закони, како и подготовката на останатите, не беше само прашање на исполнување на чекори од Реформската агенда.

Целта беше и вистинска промена во функционирањето на правосудството во целост.

Нешто што не било направено со децении!

Верувам дека преостанатите подготвени закони ќе бидат донесени во најскоро време, без непотребно одложување, и дека ќе продолжи реализацијата на веќе започнатите реформи. Токму овие закони адресираат голем дел од препораките нотирани во Извештајот.

Дозволете да набројам неколку од нив: Закон за спречување на корупција и судир на интереси, Закон за јавно обвинителство, Закон за судски буџет, Закон за судови, Закон за кривична постапка, Закон за академија за судии и јавни обвинители, новиот Кривичен законик, како и многу други финализирани до јули 2026 година.

Искрено се надевам дека во следниот Извештај, Европската комисија ќе констатира уште поголем напредок во правосудството.

Позитивната оценка на Европската комисија е огромна потврда за вложениот труд и реализираните реформи.

Поставивме важни темели, но за постигнување на крајната цел – независно, ефикасно и праведно судство – неопходно е да се задржи континуитетот, да се донесат преостанатите подготвени закони и доследно да се спроведе започнатото. Започнавме сериозен процес но, за да бидат завршени реформите во интерес на граѓаните, и во целост, мора активно да се вклучат сите засегнати чинители и страни.

ЗНАМ останува доследен на принципот на владеење на правото и дава целосна поддршка на институциите во овие комплексни процеси, како внатрешен коректив на Владата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие – 17 лица лишени од слобода.

Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Притоа, 17 лица се лишени од слобода, а со едно лице е извршен службен разговор.

Од лицата опфатени со полициските постапки, 11 управувале возило без положен возачки испит или без да се стекнат со право на управување. Меѓу нив се Ф.М.(27) од село Романовце, кумановско, А.Ш.(20) од село Доброште, малолетник од село Горно Седларце, 16-годишен малолетник од село Здуње, кој управувал мопед, А.А.(35) од село Градец, М.П.(42) од Скопје, Д.М.(19), А.С.(20), Е.Е.(25) и А.С.(30), сите од Скопје. Во еден од случаите, со И.В.(25) од Кавадарци е извршен службен разговор.

Во шест случаи, возачите управувале возило под дејство на алкохол. Кај Х.Ј.(29) од Битола биле измерени 3,23 промили алкохол во крвта, кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили, кај З.Н.(55) од Македонски Брод 1,74 промили, кај И.С.(40) од Скопје 2,20 промили, кај Б.М.(35) од село Нивичани, кочанско, 2,03 промили, а кај Е.П.Е.(63) од Струмица 1,55 промили алкохол во крвта.

Дополнително, Б.П.(20) од Битола учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета, управувајќи патничко возило „шкода“ без регистарски ознаки и без да поседува возачка дозвола. Б.П.(29) од Скопје управувал возило без да се стекне со право на управување, а со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без положен возачки испит, без стекнато право на управување или под дејство на алкохол. Родителите и старателите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да ги исполнат законските услови. Само со одговорно однесување и почитување на прописите можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се двајца велешки дилери- пронајдена дрога, таблети и вага

Лишени од слобода двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага.

Уапсени се двајца велешки дилери- пронајдена дрога, таблети и вага

На 06.11.2026 година, во 22:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(36) и Ј.А.(26), двајцата од Велес, откако во нивна близина биле пронајдени и одземени марихуана, таблети и дигитална вага, кои претходно еден од нив ги оставил.

На 07.11.2026 година, по добиена судска наредба од Основниот суд Велес, бил извршен претрес во домот на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени пари.

Двете лица биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитријевиќ: Со премиерот секако“ за Алта банка – Славески го посочи Мицкоски, Обвинителството е на потег!

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство.

Димитријевиќ: Со премиерот секако“ за Алта банка – Славески го посочи Мицкоски, Обвинителството е на потег!

„Со премиерот секако“ - Имаме признание на Трајко Славески дека Мицкоски ја донел одлуката за Алта банка, пералницата на пари на Вучиќ и неговата мрежа.

СДСМ алармираше уште пред 11 месеци да не се дозволи но Христијан Мицкоски ја внесе Алта банка во Македонија.

Додека во Европа имаше санкции и суспензии, додека во Црна Гора имаше одбивање и притисоци што не влегла Алта банка, Мицкоски и Трајко Славески ја внесоа во Македонија.

И покрај тоа што Европската централна банка реагирала, и покрај сомнителниот капитал, и покрај тоа што формалниот сопственик имал менувачница а не банка.

Не само што ја донесоа. Мицкоски на седница на Влада носел одлуки јавни претпријатија да ги продаваат акциите на Алта банка.

Со одлука на Влада му овозможиле на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата.

Банкарот на Вучиќ е и банкар на Мицкоски.

Сега во Србија има отворено стечај за Алта банка, Мацура е уапсен, има истрага за 380 милиони евра.

Во Македонија има принудна управа, народот не може да дојде до своите пари и заштеди, пензионерите до своите пензии, фирмите не можат да исплатат плати.

Фактите се на виделина.

Затоа Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара.

Знае дека документите и трансакциите се тука. Затоа што знае дека не може да се сокрие кој вршел притисок.

Затоа прават притисок врз една домашна и една странска банка да се јават како купувачи.

Мицкоски јавно признава дека ќе преговара за купување на Алта банка иако Народна банка треба да е независна.

Политички услови и сензитивност, како што призна Славески.

Сега е на потег Јавното обвинителство и Ненад Савески. Мора нешто да преземе.

Прво Савески треба да ги блокира телефонските повици од Мицкоски, да ги одбие нарачките, наредбите од телевизија или од собраниска говорница и да постапува по закон.

Во спротивно станува соучесник.

Во Кривичниот законик, членот 368-а, јасно е посочена одговорноста за „попречување на правдата“.

Мора да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО.

Истрага и одговорност за Мицкоски, Славески, Кочовска за сите инволвирани во носењето на Алта банка во Македонија, на сите кои ја донесоа, кои помагаа, правеа притисок врз јавни претпријатија и кои дозволија да се случи овој огромен скандал, рече Александар Саша Димитријевиќ - генерален секретар на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер