Претставен новиот Рено 5 Прототип, електричен модел со ретро стил

Рено го претстави електричното возило 5 Прототип- модерна реинкарнација на некогашниот модел 5.

Како што неодамна најави, францускиот произведувач одлучил да врати во живот некои од најуспешните автомобили од своето минати, во рамки на проектор наречен „Renaulution“. Оваа стратегија предвидува лансирање на концептот Рено 5 Прототип чиј дизајн е инспириран од моделот 5 од втората половина на 20 век.

Љубителите на класичните Рено автомобили ќе ги препознаат стилските детали од моделот кој бил многу популарен во 1970-те и 1980-те години.

И додека надворешноста на автомобилот јасно го отсликува изгледот на оригиналниот модел 5, Рено не ја покажа внатрешноста на автомобилот. Но судејќи по сличните електрични концептни возила, треба да се очекува минималистички дизајн со целосно дигитализирана командна табла.

Што се однесува до моторизацијата, единствено е јасно дека станува збор за целосно електричен погон и дека Рено нема во план верзии кои ќе бидат опремени со мотори со внатрешно согорување.

Рено 5 Прототип го претстави шефот на дизајн на францускиот произведувач, Жил Видал, кој во оваа компанија пристигнал од ривалот ПСА.

За продукциската верзија ќе треба да почекаме уште некое време, а по моделот 5, Французите ќе обноват и друга легенда од своето минато- моделот Рено 4, кој исто така ќе има исклучиво електричен погон.

Во план е до 2025 година дури 30% од продажбата на компанијата да бидат исклучиво автомобили на струја, а новиот Рено 5 треба да одигра важна улога во оваа стратегија.

Италијанската полиција го уапси најбараниот американски бегалец среде Ватикан

Италијанската полиција минатата недела го уапси „најбараниот“ американски бегалец кој носел три скриени ножеви на преполниот плоштад Свети Петар пред Ватикан, соопшти денеска судски извор.

Бегалецот, кој сега е во притвор, се вика Мозес Техада и е осуден како насилник од Одделението за истраги на казнено-поправните институции во државата Њујорк.

Тој е на листата на најбарани во одделот.

Италијанскиот весник „Република“ прв објави дека Техада е уапсена, а подоцна тоа го потврди и извор од правосудството.

Тој го привлече сомнежот на полицијата која го приведе и констатира дека носи ножеви долги 20 сантиметри. Плоштадот Свети Петар беше исполнет со верници и туристи додека папата Франциско одржа општа аудиенција тој ден, среда, 10 април. Засега не е познато дали Техада, која е осудена за грабеж и киднапирање, претставувала некаква закана за папата Франциско.

Инспекторите откриле дека тој неодамна пристигнал во Рим од Молдавија, а претходно престојувал во Украина. На истражителите им рекол дека во Украина бил од 2022 година, каде се борел против руските сили, пренесе „Република“. Италијанските власти сега чекаат американските власти да одлучат дали ќе бараат негова екстрадиција.

Меган Фокс покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Меган Фокс објави фотографија на Инстаграм на која позира без шминка.

Нејзината објава за еден ден им се допадна на повеќе од милион луѓе.

„Многу си поубава без шминка“, „Прво мислев дека ова е Ким Кардашијан“, „Некои изгледаат исто со и без шминка. Меган е една од нив“, „Одлична фотографија“, „Треба да си без шминка почесто“, ѝ пишувале луѓето во коментарите.

Инаку, Меган неодамна ја промени фризурата. Откако извесен период се појавуваше во јавноста со розова коса со средна должина, сега има екстензии во тиркизна боја.

На следбениците им се допадна нејзината промена. „Одам на фризер со твојата слика“, „Секоја фризура ти стои убаво“, „Косата ти прилега со очите“, „Сега морам да ја фарбам и косата“, ѝ рекле.

Инаку, 37-годишната актерка многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот.

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари

Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се случила околу 04.20 часот.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

притисни ентер