Претставен е спортски компакт со потпис на Ферари (ВИДЕО) - Канал 5

Претставен е спортски компакт со потпис на Ферари (ВИДЕО)

Најновата преработка го воведува Ферари во светот на компактните хот-хечеви.

Претставен е спортски компакт со потпис на Ферари (ВИДЕО)

Се разбира, земете го терминот компакт со резерва бидејќи во основа тоа е кросоверот Purosangue на Ferrari. А за тој автомобил навистина е тешко да се каже дека е компакт. Оваа екстремна модификација не е потпишана од Mansory, но целта е слична - да се понуди автомобилот на клиентите во Дубаи.

Purosangue е придвижуван од 6,5-литарски V12 мотор, кој по преработката стана уште поатрактивен и со цена на ниво на суперспортски автомобил со централно поставен мотор. Обработката ја потпишува Venuum, а од фотографиите е јасно зошто го носи името Black Edition.

Компанијата ја промени надворешноста со инсталирање на нови карбонски делови, особено напред, каде доминира поагресивно исечениот браник. Сепак, највпечатлив дел е предниот капак со атрактивно исечени облини. Автомобилот е опремен со бандажи од 22 инчи напред и поголем број назад.

YouTube video

За краен впечаток автомобилот е спуштен, па на крајот остава впечаток на хот-хеч, а помалку на спортски кросовер.

Погледот во кабината сè уште не е достапен, но лесно е да се замисли насоката во која се одвиваше преработката. Во секој случај тоа е производ кој без разлика на цената сигурно лесно ќе го најде патот до купувачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплавени и недостапни гробишта во Бутел – граѓаните се жалат на кал, вода и запуштени канали

Или со гумени чизми или скокање од камен на камен преку вировите и калта за да се стигне до гробното место на починатите на гробиштата во Бутел. 

Поплавени и недостапни гробишта во Бутел – граѓаните се жалат на кал, вода и запуштени канали

Крсте Велков две години доаѓа по оваа калива и поплавена патека на вечното почивалиште на неговата сопруга. Откако бил направена улицата “Александар Урдаревски“ и целиот канал покрај патот бил оставен неуреден и запуштен.

Велков реагирал до АД БУТЕЛ, општина Бутел и Град Скопје, но засега во разговорите сите објасниле дека немаат директна надлежност. Проблемот стои, а многу често водата стигнува и до самите сандаци на покојните. Водата е нон стоп присутна и ги опколува гробните места без разлика дали врне дожд или не, вели Велков.

Од АД БУТЕЛ за Канал 5 објанија дека проблемот го знаат но дека не е во нивна надлежност а водата често ја испумпуваат, но дека таа нон стоп е тука и мора итно да се уреди каналот. Од јавното претпријатие Улица и патишта обајснуваат дека чистењето на каналот се одвива според годишна програма и овој канал бил во план да се реализира во текот на наредниот период. Екипите работеле на чистење на коритото на Вардар и на други канали. Екипи веќе излегле на терен на оваа улица, велат од претпријатиетот за канал 5. Тие аплерираат граѓните да не ги корстита каналите за фрлање на отпад и шут.

- „Екипи излегоа на терен и заклучија дека веднаш ќе постапат за да може да има проток на отпадните води до реакта Серава. Во текот на утрешниот ден ќе започне расчистувње на вегетацијата која исто така ја попречува видливоста на дел од сообраќајниците“. извор ЈП „Улица и патишта“

Велков вели дека на живите утеха им се почивалиштата на нивните блиски, и се надева дека до почивиалиштата ќе достоинствен пристап.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истрагата за запленетата марихуана во Србија се уште е во тек

Речиси пет месеци откако 5 тони марихуана од Македонија беа запленети во Србија истрагата е без конечен епилог. Српската полиција уапси четири лица а се уште трага по организаторот на групата Александар Миајајловиќ. 

Истрагата за запленетата марихуана во Србија се уште е во тек

Министерот Ивица Дачиќ не открива детали за случајот ниту пак до каде е потрагата на осомничениот организатор.

-Јас не можам ништо да кажам. Мислам дека е тоа еден голем успех што го постигнавме, во последните две и пол години мислам дека 18 тони дрога се запленети во Србија. Ова е една од најголемите заплени што се случила во Коњух, ама не беша само таа имаше уште неколку на таа линија и се трагаше за тие осомничени и организаторот но тоа е се во рацете на обвинителството,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија.

Меѓу уапсените во Србија беше и Иван Драгниќ, српски државјанин, но и косопственик на фирма во Македонија за одгледување на медицински канабис, со уште тројца Срби. Македонското МВР во февруари поднесе кривична пријава против 10 лица а обвинителството отвори истрага за шестмина. И министерот Панче Тошковски очекува резултат од истрагата.

-Мислам дека треба да оставиме обвинителството да си ја сработи работата во надлежноста што ја има согласно закон. Знаете дека МВР за дел од групата поднесе кривична пријава. Дел од учесниците во рамки на овој кривично правен настан се обезбедени, лишени од слобода и за нив се определени најствоги мерки согласно ЗКП,- изјави– Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Како 5 тони марихуана ја поминаа македонско српската граница беше едно од прашањата што се отвори откако беше запленета дрогата. Дачиќ, кој денеска со Тошковски на граничниот премин Табановце ја започнаа првата заедничка превентивна кампања „Вози одморен“, уверува дека без разлика на која функција биле сите инволвирани ќе одговараат.

Обвинителството ја води таа истрага но сите оние кои се вклучени во овој процес ќе бидат процесуирани без оглед на која функција се наоѓаат,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија.

Истрагата за овој случај ја води ОЈО ГОКК каде предметот се уште е во фаза на истрага.

За конкретниот транспорт, предметот во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е во истрага и активно се постапува против шест лица, од кои двајца се во притвор.

...велат од ова обвинителство за Канал 5.

Тие се осомничени за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, а во истрагата се вклучи и Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата „разговори за иднината во 12 и 5“ – меѓу присутните поранешни и актуелни функционери од СДСМ

Во најголема тајност и зад затворени врати во познат скопски хотел, одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“,

Дебата „разговори за иднината во 12 и 5“ – меѓу присутните поранешни и актуелни функционери од СДСМ

Во најголема тајност и зад затворени врати во познат скопски хотел, одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“, како што го насловија настанот организаторите. Фокус на Настанот кој беше затворен и за новинарите, биле актуелните проблеми во државата и унапредување на демократијата.

Модератор на разговорот беше беше екс високиот функционер, близок на т.н. скопско крило на СДСМ, Игор Ивановски – Шема, поранешниот пратеник од партијата Емилијан Станковиќ, унверзитетскиот професор Ненад Марковиќ, актуелниот градоначалник на Крива Паланка – Сашко Митовски, а посебно внимание привлече присуството на пратеничката Славјанка Петровска. Тема на разговор вели СДСМ не бил, а поканата за присуство ја прифатила како што ги прифаќа и сите останати кои се однесуваат на иднината на државата и демократијата.

-Ниту јас, ниту пак било кој ќе дозволам да зборувам на друго место, разговрите за СДСМ, место каде што се разговараат е на Бихаќка, во седиштето на партијата и во рамките на органите на партијата. Но, се разбира овој состав беше да речам замена за било какви кулари или било какви собиранки на места на кои не им е местото да се зборува за иднината на државата, така што мислам дека нема ништо спорно. Демократските процеси мора да се дигнат на повисоко ниво, парламентаризмот треба да доживее издигнување над партиската припадност и дека политиките кои се водат во државата не не водат во добар правец. Власта е дезиорентирана, а за промена на власта е потребна силна опозизиција која тоа ќе го овозможи. - Славјанка Петровска – Пратеничка на СДСМ.

Дел од гостите пристигнаа преку главниот влез, но дел од нив преку спореден влез, преку гаражите директно со лифт се упатија до местото на настанот, пред хотелот ги пречекаа од социјалдемократската младина, со порака дека иднината нема да се крои зад затворени врати. Средбата ја поврзаа со премиерот Мицкоски.

Денеска ќе бидеме тука да ги погледнеме во очи оние кои зад затворени врати ја кројат нашата иднина, да ги видиме луѓето без имиња, политиката на иднината без лице, односно иднината што ни ја подготвува Христијан Мицкоски. Ние младите ќе бидеме тука да видиме кој во наше име, зад затворени врати, под превезот на тајноста и странските принципи на доверливост ја крои нашата судбина. Да ги погледнеме во очи и да им порачаме јасно. Нема да одлучуваат наместо нас, нема да одлучуваат во име на организираната криминална група, нема да одлучуваат во име на Христијан Мицкоски.

Меѓу 20тината поканети, беа и поранешниот градоначалник на Карпош – Андреј Петров, унверзитетските професори Ненад Марковиќ и Гордан Георгиев, актуелниот градоначалник на Крива Паланка – Сашко Митовски, адвокатот Звонко Давидовиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер