Претседателот Пендаровски се сретна со претседателот на албанското Собрание, Ручи

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи, во рамки на официјалната посета на Албанија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу двете земји при што, беше изразено задоволство од позитивните случувања во однос на конструктивната соработка, демонстрираната посветеност за зајакнување и продлабочување на билатералните и добрососедските односи преку динамизиран и континуиран политички дијалог како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Претседателот Пендаровски рече дека нашиот сосед, Република Албанија е континуиран партнер во обезбедувањето на просперитет, стабилност, безбедност и европска перспектива на регионот. Досегашната парламентарна соработка меѓу двете земји е конструктивна и интензивна, а за нејзино продлабочување потребно е интензивирање на контактите помеѓу парламентарните тела и комисии.

Двајцата соговорници оценија дека двете земји имаат идентични надворешно-политички цели во врска со регионалната соработка и европските интеграции, кои се значајни предуслови за стабилност и просперитет на регионот.

Заблагодарувајќи се за поддршката на Република Албанија за членство на нашата земја во НАТО, претседателот Пендаровски рече дека од голема важност е што двете земји една со друга се поддржуваат и во однос на нивните аспирации за станување рамноправна членка на Европската унија. И покрај фактот дека нашите земји не добија датум за почеток на пристапните преговори на последниот Самит на ЕУ, според претседателот Пендаровски, треба да се продолжи со посветеноста кон остварување на нашите европски аспирации.

На средбата беа разгледани и можностите за продлабочување на билатералната соработка и можностите за унапредување на економските односи, се анведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност. Политика, Жосеп Борел.

„Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака прво да го усогласи со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и земјите-членки на ЕУ, особено со земјите од Квинта“, објави на профилот на X.

Пахор нема да одговара на новинарски прашања и барања за интервјуа што ги добива во пресрет на улогата на кандидат за специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања.

Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме

Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина.

Санела Шкријељ, кандидат за пратеник во ИЕ2

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието, во својата изјава пред Собранието изјави:

Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата.

Како пратеници, треба да покажеме дека државата ја сакаме со ум, а не со насилство. Да се спротивставиме на политиките на делби и ширење омраза, да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина!

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер