Претседателот на ФИФА по одложувањето на најзначајните фудбалски настани : Повторно ќе играме фудбал кога тоа нема да биде опасно за другите

УЕФА поради пандемија на коронавирус ,денеска го одложи финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа и финалето на Лигата на шампионите за фудбалерки, што требаше да се случи во мај.

Состојбата во фудбалскиот свет ја коментираше Џани Инфантино, претседател на ФИФА.

"Здравјето е на прво место, потоа доаѓа сè друго. Секој мора да биде подготвен за сите сценарија. Не смееме да паничиме, туку мора да бидеме јасни - ќе започнеме да играме повторно, кога тоа нема да претставува опасност за нечие здравје. Мора сојузите и лигите да ги следат сите препораки од владите и Светската здравствена организација “, рече Инфантино, додавајќи:

"Рецесијата е ризик, но мора да видиме како сè ќе влијае на светската економија. Не можеме да знаеме кога ќе се вратиме во нормала, но можеме да го реформираме светскиот фудбал на чекор назад. Помалку конкуренција, но поинтересно, можеби помалку екипи, но поизбалансирани , помалку натпревари за да ги задржиме играчите здрави. Не е научна фантастика, ајде да зборуваме за тоа “, рече Инфантино.

притисни ентер