Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании
1Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании
3Костадиновска-Стојчевска: СДСМ предлага воведување на државните награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“
3Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
МакедонијаПретседателот на Демократскиот Сојуз на Власите, Бабовски со честитка по повод 23-ти Мај Денес, со гордост и длабока почит го одбележуваме 23-ти Мај – Националниот ден на Власите. Овој историски датум, кој не враќа во далечната 1905 година и султанскиот указ (Ираде) за признавање на влашкиот идентитет, е симбол на нашата вековна борба за зачувување на својот јазик, култура и посебност. Влашкиот народ на овие простори, но и во поширокиот европски контекст, никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности. Како автентичен, космополитски народ, низ вековите дадовме неповторлив придонес во економијата, занаетчиството, дипломатијата и културата. Нашата традиција е длабоко вткаена во темелите на оваа држава, за чиј напредок и слобода секогаш сме несебично соделувале. Но, Власите не се само минато – тие се сегашност и иднина. Денес, како лојални граѓани, ние сме целосно интегрирани во модерните општествени и европски текови. Преку нашите успешни бизнисмени, интелектуалци, уметници и млади луѓе, продолжуваме да бидеме мост на поврзување, промотори на соживот и важен двигател на демократските процеси. Како претседател на Демократскиот Сојуз на Власите, порачувам дека нашиот фокус останува врз зачувувањето на уникатниот влашки јазик како европско културно богатство и унапредување на нашите права во едно модерно и праведно општество. Во име на Демократскиот Сојуз на Власите и во свое лично име, им го честитам 23-ти Мај на сите припадници на влашката заедница. Нека е честит и вековит Националниот ден на Власите! Ti multsã anji Dzua Natsionalã a Armãnjlor! Со почит, Демократски сојуз на Власите од Македонија Претседател, М-р Никола БабовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Јамал „непознат“ за АмериканцитеВирално видео од Ламин Јамал во американски маркет. Нема никој околу него, никој не го препознава.18- годишниот шпански фудбалски виртуоз Ламин Јамал, една од најголемите ѕвезди на Светското првенство, е фотографирана како пазарува во американски супермаркет. Шпанскиот крилен играч изгледа опуштено и се чини дека никој од муштериите не го препознава. Иако Шпанија има големи надежи за него, Јамал се движеше низ продавницата во Форт Оглеторп, Џорџија, сосема мирно и опуштено без вообичаената гужва која го следи кога се појавува во Европа,како да не е светски познат спортист. Lamine Yamal & Walmart is a combo we never expected 😂 (via TT/poopyyyunderwear) pic.twitter.com/th0mDSQ4cv — FOX Soccer (@FOXSoccer) June 11, 2026 Видеото објавено на социјалните мрежи од „Фокс Сокер“ стана вирално. На него се гледа како Јамал излегува од продавница со намирници без никој да го запре или забележи. Треба да се напомене дека младиот фудбалер не носел опрема за шпанската репрезентација и бил околу триесет километри од Чатануга, Тенеси, каде што е сместен неговиот тим. Непрепознавањето на Јамал се вклопува во пошироката слика дека треската на Светското првенство сè уште не ги зафатила Соединетите Американски Држави, каде што американскиот фудбал, кошарката, бејзболот и хокејот се најпопуларните спортови.Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров спроведува дератизација и дезинсекција за заштита на јавното здравјеОпштина Ѓорче Петров продолжува со редовните активности насочени кон заштита на јавното здравје и унапредување на хигиенските услови на својата територија.Во рамки на планираните мерки, во тек е спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста, побезбедна и поквалитетна животна средина. Градоначалникот Александар Стојкоски посочува дека ваквите активности претставуваат важен дел од континуираните напори на Општина Ѓорче Петров за создавање здрава и уредена животна средина за сите граѓани. „Грижата за здравјето на граѓаните не е еднократна активност, туку постојана обврска. Затоа продолжуваме со превентивни мерки кои придонесуваат за поголема безбедност, подобра хигиена и поквалитетни услови за живот во секое населено место во нашата општина“, порача Стојкоски. Општина Ѓорче Петров и во наредниот период ќе продолжи со активности за одржување на јавната хигиена и заштита на јавното здравје, како дел од заложбите за создавање чиста, безбедна и уредена општина. Ѓорче Петров – чисто, безбедно и одговорно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаКостадиновска-Стојчевска: СДСМ предлага воведување на државните награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди. Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“. Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во 2019 година, предложи да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјата и во странство, за која се предлага да го носи името „Блаже Конески“, кој е основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач. Значењето на „Блаже Конески“ е непроценливо и сестрано: тој е прв претседател на Друштвото на писатели на Република Македонија, претседател на Друштвото на писатели на Југославија, член на првата генерација академици и прв претседател на МАНУ во два мандата, колку да напоменеме некои од неговите достигнувања. Исто така, со иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, се предлага да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава, за која се предлага да го носи името „Ремзи Несими“, кој е лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правопис на албанскиот јазик во 1972 година. Ремзи Несими е истакнат лингвист, просветител и универзитетски професор со богата научна и образовна кариера и со врвни заслуги за албанологијата во Северна Македонија, но и за едукација на голем број филозофи во земјава. Тој е единствен делегат од Македонија кој на Конгресот за правопис на албанскиот јазик, одржан во периодот од 20 до 25 ноември 1972 година, учествувал со научна тема и е потписник на Резолуцијата за албанскиот правопис. Почитуван од сите албанолози во земјава и во светот, сè до неговата смрт бил референца за секое прашање поврзано со албанскиот стандарден јазик. Прес-конференција на СДСМ , Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка Скопје, 12.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook