Претседателот на Барселона за раскинувањето на Пике со Шакира: Многу страда, да му помогнеме - Канал 5

Претседателот на Барселона за раскинувањето на Пике со Шакира: Многу страда, да му помогнеме

Скандалот околу раскинувањето на Пике и Шакира во последните денови е главна тема на таблоидите, не само во Шпанија.

Претседателот на Барселона за раскинувањето на Пике со Шакира: Многу страда, да му помогнеме

Легендарниот играч на Барселона наводно ја изневерил славната пејачка по 11 години врска, а таа не му простила и ја напуштила куќата. Додека шпанските медиуми шпекулираат со кого дефанзивецот на Барса ја изневерил Шакира, во приказната се вклучи и првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.

„Пике страшно страда. Имаме ваква слика кога играчите се славни, полни со пари и имаат сѐ што сакаат, но сите тие се луѓе како сите нас. Пике е одлична личност, еден од нашите капитени и даде многу на овој клуб“, рече Лапорта и додаде:

"Тој сега минува низ многу нешта и сигурно не му е лесно и удобно. Пике заслужува поддршка од навивачите на Барселона, кои немаат потреба да ги читаат сите тие глупости од таблоидите. Тој е одлична личност и во моментов многу страда. Сите ние сакаме да му помогнеме и јас ќе бидам првиот што ќе му ја дадам поддршката што ја заслужува“.

Наводно, на Пике му било најтешко тоа што Шакира сакала да се пресели од Барселона и да замине во Мајами, каде има куќа и каде би ги одвела двата сина на Пике. Фудбалерот се обидува да ја убеди да не го прави тоа и да остане во Барселона. По раскинувањето, Пике живее сам во станот во Барселона, а шпанските таблоиди пишуваат дека тагата ја лечи со алкохол и излегувања секоја вечер до раните утрински часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Локалната власт со инвестиции во спорт и образование, а за земјоделците олеснет пристап до административни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Инфраструктурата на локалната власт во Росоман предводена од ВМРО-ДПМНЕ е приоритет, исто како што се и образованието, спортот и животната средина.

Се работи на реконструкција на повеќе улици, а голем дел се веќе и завршени, како во село Сирково, Манастирец каде проектот беше во соработка со Министерство за спорт и Светска банка, а со што дополнително се изработија и сообраќајни решенија.

За ЈПКД Росоман беше набавена опрема, и преку претпријатието за прв пат беше активирана зимската служба. Целта на локалната власт е ЈПКД Росоман да биде совртемено и опремено претпријатие кое ќе може самостојно да одговара на потребите на општината.

Општината инвестира во паркови, зеленило, како и во спортот, за младите да имаат подобри услови. Во моментов се реконстуира стадинот во Росоман, на трибината да има нови 350 места, донација од ФФМ, а се работи и осветлување на цел терен.

Во функција е ставена и подрачна единица за земјоделие за да можат земјоделците да си ги завршуваат административните обврски во местото од каде доаѓаат, а за земјоделците беа исплатени над 24 милиони денари за штетите од мраз од 2025 година.

Се работи и на чистење на диви депонии, па така беа исчистени неколку, во Паликура, Манастирец и Сирково и се поставија контејнери за кабаст отпад на околу 10-тина локации.

Во основното училиште ,,Пере Тошев“ е изградена летна училница и се реализира набавка на нагледни средства, како и реконструкција на останати делови од тој објект. За најмладите, веќе е во подготвка нов дел на детската градинка ,,Праскичка“, за да има поголем капацитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер