Претседателот на Барселона случајно откри во кој клуб заминува Меси (ВИДЕО) - Канал 5

Претседателот на Барселона случајно откри во кој клуб заминува Меси (ВИДЕО)

Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ, изјави Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, на еден навивач.

Претседателот на Барселона случајно откри во кој клуб заминува Меси (ВИДЕО)

Таа изјава на првиот човек на Барселона дојде 24 часа откако Калид бин Хамад Бин Калифа Ал-Тани, катарскиот шеик и брат на катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, кој е сопственик на ПСЖ, се пофали на Твитер дека го донел Меси. Аргентинецот се уште молчи за се`, но најави прес -конференција за денес во 12 часот.

"Дадов се од себе за да го задржам Меси. Ќе беше одлично ако останеше, но тоа не беше можно", додаде Лапорта додека се фотографирал синоќа со фан кој ја објави веднаш снимката на социјалните мрежи .

Да потсетиме, Меси помина 21 година во Барселона и мораше да си замине поради лошата финансиска состојба во клубот. Меси се согласил на драстично намалување на платата за да може клубот да го почитува финансискиот фер-плеј, но Барселона не успеа бидејќи Ла Лига го намали т.н. ограничување на платата за Реал и Барселона. И додека Реал се подготвувал за тоа и немал проблем да го почитува тоа правило, Барса се најде во огромни проблеми. Моменталниот буџет за плати на играчите на Барселона е 110 проценти од годишниот профит на клубот. Во Барселона се надевале дека финансиската помош на инвестицискиот фонд ЦВЦ, кој купил 10 проценти од профитот на лигата за 2,7 милијарди евра во следните 40 години, ќе биде доволна. Но, дури и со таа помош, Барселона не би можела да ги израмни сметките, па започнале преговори со Ла Лига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион падна во Хрватска

 Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.

Мал авион падна во Хрватска

Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облините

Американската старлета Ким Кардашијан е фотографирана на улиците на Париз во провокативно издание, таа самоуверено чекореше по улица, а нејзиниот целокупен изглед потсети на славната Мерилин Монро.

Фото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облините

Провокативната Ким повторно го спои модерното со класичното и самоуверено зачекори во провокативен фустан што го истакнуваше секој милиметар од нејзината препознатлива фигура.

Таа лежерно ја заокружи смелата комбинација со кратка бела кожна јакна-бомбер префрлена преку рамениците, големи црни очила за сонце и интересни чевли со високи, тенки потпетици.

Кројот на фустанот беше она што најмногу ја потсети Ким Кардашијан на култната русокоса и секс-симбол, а овојпат таа не „заборави“ ниту да го истакне своето деколте и својата препознатлива фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот на бранители“ во населбата Драчево.

Присутните ќе имаат можност да слушнат корисни совети и лични искуства преку излагањата на Наташа Бабулова, која ќе ја сподели својата борба како лице со рак на дојка и членка на „ХЕМА-ОНКО“, како и низ обраќањата на стручните лица: спец. д-р Албина Чресловник Пупакоски, на медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“.

Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и заеднички да ја дадеме нашата поддршка, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се најважни во битката за животот.

Со овој настан се означува почетокот на кампањата „Розев Октомври“ која стартува од општина Кисела Вода, а ќе заврши со голем РОЗЕВ ПИКНИК на Школка во Градскиот парк. Активностите посветени на оваа важна тема ќе продолжат, па така, по трибината во Драчево, ќе се одржи уште една на 26 септември во околината на општината.

Ве очекуваме!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер