Претседателот на Барселона откри: „Наскоро ќе започнеме преговори за овие двајца фудбалери“ - Канал 5

Претседателот на Барселона откри: „Наскоро ќе започнеме преговори за овие двајца фудбалери“

Претседателот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Жоан Лапорта, откри дека клубот активно работи на преговори околу потпис на договор со двајца фудбалери.

Претседателот на Барселона откри: „Наскоро ќе започнеме преговори за овие двајца фудбалери“

Станува збор за ангажман за двајца Португалци , кои во моментов како позајмени фудбалери играат за шпансиот шампион. Тоа се Жоао Феликс и неговиот имењак Кансело кои се фудбалери на Атлетико Мадрид, односно Манчестер Сити.

- И Кансело и Феликс покажаа дека имаат иднина во клубот и дека сакаат да останат во Барселона, истото како и ние. Имаме одлични односи со Атлетико и Манчестер Сити и наскоро ќе започнеме преговори околу нивните трансфери - изјави Лапорта.

Веќе извесно време се шпекулира дека Барселона е подготвена да одвои 25.000.000 евра за Кансело, на кого воопшто не размислува Пеп Гвардиола од Сити, додека за Феликс ќе понуди околу 40.000.000 евра како обесштетување.

Атлетико би можел да го одбие овој предлог, но многу веројатно е дека Феликс ќе остане на Ноу Камп уште една сезона на позајмица, со задолжителен откуп на крајот од следната сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Трендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР..

Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk...

..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температури до 37 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температури до 37 степени

Температурите ќе се движат од 12 до 37 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер