ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
2ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
КултураПретседателот и сопругата во посета на Трескавец, Јанакиески си го крсти дететоПретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја денеска го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Трескавец. Од владиките Петар, Климент и од отецот задолжен за манастирот Калист, претседателот Иванов беше запознат со сосотојбата во која сега се наоѓа, шест месеци по пожарот во кој изгореа конаците, со историјатот на манастирот и на црквата „Успение на пресвета Богородица“ кој датира од 13 и 14 век. Со големи впечатоци за значењето на манастирот за нашата историја и она што го оставил низ вековите, претседателот Иванов по неговата прва посета на Трескавец, нагласи дека манастирот е сведоштво за минатите, сегашните и идни генерации. - Ова е сведоштво за многу епохи, многу генерации кои овде наоѓале утеха, во овој амбиент каде што се себеосознавале. Сведоштвата за темелите и за фрескоживописот во манастирот укажуваат дека и во минатото имал слични непогоди. Меѓутоа, луѓето секогаш биле сплотени, солидарни, да се обнови да се изгради, изјави Иванов. Одговорност на оваа генерација, кои сме сега свидетели на ова, потенцира тој, е повторно да ја покажеме нашата солидарност за идните поколенија да се сеќаваат на нашата хуманост, помош и на нашата верба во бога. Според владиката Петар, за обновата на Трескавец многу е битно што државата, конкретно Министерството за транспорт и врски го изгради патот долг 7,5 километри. Манастирот ќе се обновува во оригиналната верзија. - Манастирот и досега страдал во пожар. Страдал и во 90-ите од минатиот век. По повеќе од 20 години, сега ќе се трудиме што е можно пооригинално да се реконструираат конаците и што побрзо. Многу е битно што се изгради патот, тоа ќе ја забрза обновата, материјалите побрзо ќе стигнуваат до манастирот, изјави владиката Петар. Откако е изграден патот голем е бројот на посетителите на Трескавец. - Ќе се трудиме како општина да направиме се за да му го вратиме сјајот на манастирот, изјави Никола Димески, претседател на советот на општина Прилеп. Инаку, денеска манастирот го посетија гости од Кавадарци, група од планинарско друштво, 11 члена група од Холандија кои првпат се во посета, а за манастирот прочитале на светски мапи. Вчера и денеска во манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“ се одржани три крштевки, први откако изгореа конаците. И министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го крсти своето дете денеска во манастирската црква. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28