Претседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром - Канал 5

Претседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Солстром.

Претседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром

На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете држави, како и силното партнерство во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации.

Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на Македонија во процесот на европска интеграција. Во разговорот беше истакната важноста од задржување на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, како клучен инструмент за зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

Амбасадорот Солстром ги поздрави одличните односи меѓу двете држави и посебен акцент стави на работата на Собранието и на реформските процеси кои се спроведуваат во насока на зајакнување на демократските институции и напредокот кон Европската Унија. Тој уште еднаш ја потврди силната и континуирана поддршка на Шведска за европската интеграција на Македонија, истакнувајќи дека Македонија несомнено припаѓа на европското семејство.

Соговорниците се согласија дека одличната соработка меѓу двете пријателски држави треба и понатаму да се продлабочува, со посебен фокус на унапредување на економската соработка, инвестициите и меѓупарламентарните врски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер