3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова лично им го честиташе успехот на кадетите и кадетките на Светското ракометно училишно првенствоПретседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во претседателската резиденција ги прими машката и женската кадетска училишна ракометна репрезентација, кои освоија медали на Светското училишно ракометно првенство Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во претседателската резиденција ги прими машката и женската кадетска училишна ракометна репрезентација, кои освоија медали на Светското училишно ракометно првенство што се одржа во Скопје. Младите ракометари и ракометарки уште еднаш покажаа дека македонскиот спорт има иднина, а нивните успеси беа препознаени и од највисоко државно ниво. Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, им го честиташе успехот и им се заблагодари за витешката борба и достојното претставување на Македонија на светската ракометна сцена. „Освоените медали се резултат на истрајна работа, темелна посветеност и исклучителен талент, како и награда за манифестираната способност за рамноправен натпревар со најдобрите училишни селекции во светот, што ве прави најдобри македонски спортски амбасадори. Ракометот е повеќе од игра – тој е животна филозофија во која се спојуваат дисциплината и страста, умот, вештината и храброста, личниот напор и колективниот дух“, истакна претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, ја истакна важноста на поканата, нагласувајќи дека за младите нема поголема инспирација кога честитките доаѓаат од врвот на државата. „Неизмерно сме благодарни за укажаната покана и чест. Вашето внимание и присуство што им го посветивте на младите спортисти претставуваат силна потврда дека тие се движат по вистинскиот пат. Вашите инспиративни и искрени зборови се дополнителен мотив за нив и во иднина да продолжат со посветена работа, да останат верни на спортот и на вредностите што тој ги гради. Спортот е универзален јазик кој обединува и создава мостови меѓу младите. За нас претставува особена чест што токму Вие го отворивте Светското училишно првенство во ракомет – настан кој доби највисоки оценки од сите учесници, како и од пошироката јавност. Ова признание беше потврдено и од претседателот на Светската училишна федерација, Жељко Танасковиќ, што дополнително ја нагласува успешноста на организацијата и значењето на овој настан за нашата држава. Ова се моменти кои младите спортисти ќе ги паметат цел живот – моменти што ги обликуваат нивните соништа и ја зацврстуваат нивната љубов кон татковината.“ Федерацијата на училишен спорт на Македонија изразува искрена благодарност до претседателката Сиљановска-Давкова за укажаната чест и поддршката што ја дава на младите спортисти. Ваквите средби претставуваат силен поттик за понатамошен развој на училишниот спорт и дополнителна мотивација за нови успеси на меѓународната сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28