Претпоследно коло во фудбалската Лига Европа - Канал 5

Претпоследно коло во фудбалската Лига Европа

По возбудувањата во Лигата на шампионите, денеска, ќе се играат средбите од претпоследното коло во фудбалската Лига Европа.

Претпоследно коло во фудбалската Лига Европа
За разлика од досегашната пракса, наместо во два, денеска натпреварите ќе се играат во три термини.

Двојки и табели:

А група: Фенербахче – Зорја (од 17 часот) и Манчестер Јунајтед – Феенорд (21:05 часот).
Табела: Феенорд 7 бодови, Фенербахче 7, Манчестер Јунајтед 6 и Зорја 2.

Б група: Астана – АПОЕЛ (17 часот) и Олимпијакос – Јанг Бојс (21:05 часот).
Табела: АПОЕЛ 9, Олимпијакос 7, Јанг Бојс 4 и Астана 2.

Ц група: Кабала – Андерлехт (17 часот) и Сент Етиен – Мајнц (21:05 часот).
Табела: Сент Етиен 8, Андерлехт 8, Мајнц 5 и Габала 0.

Д група: Зенит Петербург – Макаби Тел Авив (17 часот) и Дундалк – АЗ Алкмар (21:05 часот).
Табела: Зенит 12, Дундалк 4, Макаби ТА 4 и АЗ Алкмар 2.

Е група: Рома – Викторија Плзен и Австрија Виена – Астра (21:05 часот).
Табела: Рома 8, Австрија Виена 5, Астра 4 и Викторија Плзен 3.

Ф група: Генк – Рапид Виена и Атлетик Билбао – Сасуоло (21:05 часот).
Табела: Генк 6, Атлетик Билбао 6, Сасуоло 5 и Рапид Виена 5.

Г група: Селта Виго – Стандард Лиеж и Ајакс – Панатинаикос (19 часот).
Табела: Ајакс 10, Стандард 5, Селта Виго 5 и Панатинаикос 1.

Х група: Шахтјор Донецк – Коњаспор и Гент – Брага (19 часот).
Табела: Шахтјор 12, Брага 5, Гент 4 и Коњаспор 1.

И група: Шалке – Ница и Краснодар - Салцбург (19 часот).
Табела: Шалке 12, Краснодар 6, Салцбург 3 и Ница 3.

Ј група: Слован Либерец – Карабаг и Фиорентина – ПAOK (19 часот).
Табела: Фиорентина 10, Карабаг 7, ПАОК 4, Слован Либерец 1.

К група: Спарта Прага – Саутемптон и Хапоел Бир Шева – Интер (19 часот).
Табела: Спарта Прага 9, Саутемптон 7, Хапоел 4 и Интер 3.

Л група: Стеауа Букурешт – Османлиспор и Цирих – Виљареал (19 часот).
Табела: Османлиспор 7, Виљареал 5, Цирих 5 и Стеауа 3.

Пласман во следната фаза имаат обезбедено: Зенит, Ајакс, Шахтјор и Шалке. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.

Народна банка го крие решението за тоа како Славески го проценил ризикот за влез на Алта банка во Македонија.

Медиумите го побарале решението на Извршниот одбор на НБРМ, кој се состои од гувернерот и вицегувернерите. Посочиле дека го бараат без евентуалните класифицирани и чувствителни информации.

Ама не го добиле.

Ова е потврда на се што СДСМ говори. Вистината се крие од јавноста за да се заташка случајот, да се спасат виновниците кои ја донесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Гувернерот Славески јавно изјави дека одлуката за Алта банка ја донел во консултација со Мицкоски.

Затоа се крие од јавноста. Одговорноста чука на вратата на Славески и Мицкоски.

Во Законот за банки точно стои кога треба да се одбие барањето за стекнување акции.

Член 59, став 6, ги издвојува високиот ризик за стабилноста, сигурноста и угледот на банката и основаниот сомнеж во законското потекло на парите, интегритетот или вистинскиот идентитет на лицето и поврзаните лица.

Блиските врски, сопственичката или организациската структура може да ја отежнат супервизијата и преземањето корективни мерки.

Ова е составен дел и од Кривичната пријава којашто СДСМ ја поднесе , а за која поминаа 10 дена и не се постапува.

21 ден откако пукна скандалот нема истрага за Алта банка. 10 дена нема постапка по Кривичната пријава на СДСМ.

Очигледно им се купува време на Мицкоски и Трајко Славески да го заташкаат случајот, да го сокријат трансакциите, документите, сметките....

Во Србија на големо се постапува, истрага, стечај, 400 милиони, блокирани сметки, приведен Мацура. Само во Македонија ништо не се презема.

А народот не може да дојде до своите пари.

Сега гледаме истите тие кои што ја внесоа Алта банка во земјата, Мицкоски и Славески, брзаат, да ја обезвреднат и да ја продадат. Потоа СДСМ ќе го обвинуваат за проблемите кои тие ги создадоа.

Времето одминува.

Обвинителот Савески мора да постапи, да отвори истрага за Алта банка и согласно Закон сите да одговараат.

Доколку не постапи ќе стане соучесник, и тоа мора да му биде јасно.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Пред повеќе од половина век, „VW Golf“ предизвика вистинска револуција во Европа и практично го дефинираше сегментот на компактни автомобили. Сепак, кога пристигна во САД во средината на 1970-тите, работите не беа толку едноставни.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Првично увезуван во САД, моделот започна да се произведува локално во 1978 година, во фабриката во Вестморленд. Сепак, таму не се продаваше под името „Golf“, туку под името „Rabbit“.

Оваа одлука беше донесена од маркетиншки причини. Од „VW“ сметаа дека името „Golf“ премногу се поврзува со елитен спорт и со побогатите слоеви на општеството – перцепција што не соодветствуваше со позиционирањето на автомобил наменет за пошироката американска публика.

Името „Rabbit“ не беше ексклузивно само за САД – се појавуваше и во Европа, главно како ознака за одредени „GTI“ верзии или пакети на опрема на одредени пазари – но токму во Америка ова име сега се враќа на сцената.

Новиот „Rabbit“

„Volkswagen Golf GTI Rabbit“ треба да пристигне во средината на 2027 година и ќе послужи како еден вид „освежување“ за „Golf GTI“ во Северна Америка. Оваа специјална изведба е опремена со адаптивна суспензија „DCC“, 19-инчни тркала и летни гуми.

Што се однесува до визуелните промени, моделот се одликува со затемнето лого, црна маска на ладилникот, црн покрив и разни други детали во темни тонови. Единствениот елемент што не е црн е ознаката со зајак („rabbit“), која служи како почит кон оригиналниот модел. Оваа верзија ќе биде достапна исклучиво во САД. Цената сè уште не е објавена, но се очекува да започнува од 43.000 евра па нагоре.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. 

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.

Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер