Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики
1Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики
3ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски
МетеоПретпладне сончево, а попладне облачно Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 5 до 0, а максималните ќе достигнат од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до минус 2, а максималните ќе достигнат до 10 степени. Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурите. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприликиПрограмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија. Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев. „Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти. Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер. Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија. Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 08.09.2026 во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Б.К.(37) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка, семки од растението канабис, пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј ЖерновскиАко СДС се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски.Бидејќи Жерновски меѓународно беше и неуспешен амбасадор во обид, треба да му е јасно каков е распоредот на протоколарното седење кога станува збор за државни прослави, и е потребно барем да не се брука себе со прашањето зошто седел јавниот обвинител до премиерот. Што се однесува до талогот, Жерновски и СДС сами се препознаа иако премиерот Мицкоски, директно не ги спомна.Но кога сме кај тоа прашање талогот во СДС се фабрика за ширење на нихилизам, омраза и жестоки поделби. Тие се против се што е прогресивно во земјата. Тие се против сè што оди напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме со унгарскиот кредит, против брза железница, против покачени плати и пензии. Против дата центри, против нови инвестиции Oмраза на СДС го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат. Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку различни. Тој талог мора и ќе биде победен. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter