Пресврт во Шпанија, репрезентативецот сепак нема корона

Шпанскиот репрезентативец Диего Љоренте вчера бил негативен на ковид-19, откако беше позитивен претходниот ден, објави Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) ден пред почетокот на Еврото.

"Тестовите за потврда на ПЦР извршени во среда, 9 јуни, дадоа негативен резултат. Контролната анализа спроведена неколку часа подоцна го потврди резултатот", се вели во соопштението на РФЕФ, претпоставувајќи дека тестот направен во вторникот бил "лажно позитивен".

Дефанзивецот на англиската Премиер лига, Лидс, беше втор позитивен случај во шпанската репрезентација откако во неделата вечер беше објавено дека е заразен капитенот Серхио Бускетс. Диего Љоренте беше ставен во изолација по првиот позитивен тест, но сега кога вториот тест е објавен како негативен, тој може да се врати во националниот тим кој го игра својот прв натпревар на Евро во понеделник во Севилја против Шведска.

"Фудбалерот повторно ќе биде тестиран со ПЦР во четврток и петок. Ако резултатот и тогаш биде негативен, Диего Љоренте ќе се приклучи на националниот тим во петок попладне", додава РФЕФ.

Другите играчи на Ла Роје исто така ќе бидат тестирани и сите резултати ќе бидат познати во текот на целиот ден. По објавата дека Бускетс и Љоренте за позитивни, шпанската влада одлучи да ја вакцинира целата репрезентација пред почетокот на Еврото.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер