ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност
1ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамПресврт во Фиат: Електричниот 500е добива и верзија на бензин Електрификацијата дефинитивно не оди како што се очекуваше.Ситуацијата не е алармантна, но работите дефинитивно не се добри. Навистина, Fiat (сè уште) не губи пари продавајќи го 500e како што беше во случајот со првата генерација на електричниот модел, но продажбата слабее. Како што објави Automotive News Europe, продажбата не е на нивото на очекувањата, а тоа би можело да го принуди Fiat да направи некои неочекувани потези. Стариот добар Fiat 500 на бензин продолжува да се продава по 100.000 годишно, додека продажбата на поновиот електричен 500E почна да се намалува од 77.000 годишно во најдоброто време на 62.000 сега. Сега на сето тоа додајте ја сè поголемата веројатност дека се приближува моментот кога Fiat ќе престане да ја продава класичната 500, дополнително поттикната од новите европски регулативи. Истовремено, италијанскиот производител контактираше со добавувачите и само со фабриката Мирафиори каде што се произведува 500e со барање за можноста за зголемување на производството на 175.000 единици. Малку математика и работите стануваат јасни кога веројатните перформанси на бензинецот ќе се вклучат во равенката. Имено, медиумите пренесуваат дека бензинскиот мотор 1.0 во форма на благ хибрид со 70 КС би можел да заврши во новиот Fiat 500. Со новиот мотор би дошло и ново име, па наместо 500е, на задната страна би пишувало 500гр. Првите примероци на патиштата би можеле да се појават кон крајот на следната година, а се очекува да бидат најмалку 5.000 евра поевтини од електричната верзија. Ваквите конверзии, каде што електричниот модел е опремен и со класичен бензински мотор, би можеле, доколку овој тренд продолжи на пазарот, да станат вообичаена практика и едно од најпопуларните решенија во сегментот на поевтини електрични модели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независностОчигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија.Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата. Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски. Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат. Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја. Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка. Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист. Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место. Фактите победија, лагите паднаа. А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета. Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат. Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби. Тагови: пожар Шуто Оризари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов ликДетското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето. Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook