Прес-конференција на портпаролите на Владата, Арсовски и Хоџа

 Новите инвестиции во енергетиката ја потврдуваат зелената агенда на Владата.

Портпаролите на Владата на Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 106-та седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

За одлуките на вчерашната владина седница, портпаролите информираа дека Владата утврди како стратешки два инвестициски проекти.

Станува збор за проектот на друштвото „ЕФТ Солар" за сончева електрична централа „Ерџелија" и проектот на друштвото „Ветерен парк – Вирови" за ветерна електрана „Вирови" кои ги исполнуваат условите од Законот за стратешки инвестиции и со овие одлуки тие се квалификуваат за вадење банкарска гаранција, која им е неопходна за целосно затворање на постапката за стратешки инвестиции утврдена со Законот.

Портпаролите соопштија дека Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за државна гаранција за обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот на АД „ЕСМ" за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи со Европската банка за обнова и развој.

Проектот, со вкупна проценета вредност изнесува 25 милиони евра ќе има позитивен ефект врз животната средина, бидејќи со пуштање во употреба на фотонапонските електрани „Осломеј 2", со моќност од 10 MW и „Битола", со моќност од 20 MW, ќе се намали производството на електрична енергија од термоцентралите, со што, нема да има штетно влијание врз животната средина.

Тие истакнаа дека оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони, каде што е планирана изградбата на двете фотонапонски електрани.

Портпаролите информираа дека Владата ја разгледа и усвои информацијата за усогласување на договорите и меморандумите кои ќе бидат на дневен ред на заедничката владина седница со Република Косово, која ќе се одржи утре, четврток 16 септември.

„Ова информација произлегува како резултат на ангажманот на работната група составена од претставници од двете Влади. Целта е да се задржи континуитетот во развивањето на добрососедските односи, имајќи предвид дека вакви седници беа одржани и со другите соседни земји. Придобивките од овие средби се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни, проекти од заемен интерес, подобра меѓу гранична соработка и така натаму. На заедничката владина седница ќе бидат потпишани низа договори, односно меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави", посочија портпаролите.

Договорите и меморандумите се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетика, економија, туризмот, безбедноста, иновациите и технолошкиот развој и други.

Портпаролите соопштија дека на оваа седница, Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн, заклучно до 20 септември.

Портпаролите информираа дека Пописот се спроведува непрекинато и со силен интензитет, а заклучно до вчера во 20:00 часот попишани се 618.120 лица.

„Граѓаните се најважниот партнер во процесот, и затоа Владата го поздравува позитивниот пристап и отворените врати за попишувачите. Секој граѓанин ќе биде попишан каде што вообичаено живее независно од личната карта. Во текот на целиот процес на потпишување секој граѓанин има право на увид во податоците кои попишувачот ги внесува. Моменталната динамика и соработка со граѓаните се потврда дека Пописот успешно ќе биде завршен во предвидениот рок, до 30 септември", истакнаа портпаролите.

На новинарско прашање за владината одлука за „недела неработен ден" од октомври, портпаролите истакнаа дека Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи со кој се предвидува денот недела да биде ден за неделен одмор сѐ уште не е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

„Владата очекува дека ова законско решение наскоро ќе помине на матичната комисија, а потоа согласно собраниските процедури да се најде и пред пратениците на пленарна собраниска седница. Апелираме до сите пратеници и од власта и од опозицијата да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните на нашата држава", нагласија портпаролите.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер