Премиерот Мицкоски на охридскиот аеродром го пречека својот гостин хрватскиот премиер Пленковиќ - Канал 5

Премиерот Мицкоски на охридскиот аеродром го пречека својот гостин хрватскиот премиер Пленковиќ

Премиерот Мицкоски на охридскиот аеродром го пречека својот гостин хрватскиот премиер Пленковиќ
-Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, објави на својот профил на Фејсбук, македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците на Делхи измерени 64°C

Индискиот главен град Њу Делхи веќе неколку недели е зафатен од топлотен бран, при што температурите редовно надминуваат 40 степени Целзиусови.

На улиците на Делхи измерени 64°C

Иако апликациите за временска прогноза предупредуваат дека вистинската температура е секогаш неколку степени повисока, реалната ситуација на улиците на градот открива уште подрастична слика.

Додека Индискиот метеоролошки оддел (IMD) минатиот вторник регистрираше максимална дневна температура од 43,5°C, термовизиските камери на некои локации покажале површински температури кои достигнувала и до 64°C, објавува BBC.

Оваа разлика произлегува од методологијата на мерење.

Официјалните податоци од IMD се однесуваат на температурите на воздухот под стандардизирани услови, додека термалните камери ги снимаат температурите на површината.

Во топли денови, патиштата, бетонот, возилата и другите изложени површини можат да станат значително потопли од околниот воздух. Високите површински температури ја зголемуваат топлината што ја апсорбира човечкото тело преку зрачење, што може да ги направи урбаните области да изгледаат значително потопли од официјалната температура, особено таму каде што нема сенка или зеленило.

Теренски тим на Greenpeace India со термална камера посетил една од најпрометните раскрсници во градот по пладне. Кога истражувачката Нибедита Саха ја насочила камерата кон области под надвозник, отчитувањето било 42°C. Но, кога ја свртела камерата кон мотоциклистите што чекале на семафор на директна сончева светлина, температурата се искачила на неверојатни плус 64°C. На асфалтот на кој стоеле измерена е температура од 61°C, а само три метри подалеку, во сенката на дрво, температурата била „само“ 39,8°C.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнаа подготовките и на младинската репрезентација

Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Започнаа подготовките и на младинската репрезентација

Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи

Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи, а воедно беше утврден и планот за работа во подготвителниот период.

Младите македонски кошаркари ова лето ќе бидат дел од континенталниот шампионат кој од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, каде Македонија ќе настапува во групата „А“.

Во рамките на подготовките, стручниот штаб предводен од Велев предвиде вкупно 23 тренинзи преку кои ќе се работи на достигнување на посакуваната форма пред европските предизвици.

Во групната фаза нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка.

На првиот тренинг беа присутни, но не тренираа, Никола Јаничиќ и Димитар Зетов.

Подготовките ги започнаа: Даниел Бутемер, Даријан Димовски, Давид Петрушевски, Сергеј Младеновски, Матеј Митревски, Коста Ќириловски, Андреј Стојановски, Амар Грбовиќ, Атанасиј Трајанов, Бојан Димитриев, Горазд Митев, Марко Луканоски, Сергеј Петровиќ, Андреј Чадамов и Максим Трајковиќ.

Со стартот на работата на младинската селекција, започна и новиот репрезентативен циклус за македонските млади кошаркари, кои во следниот период ќе се подготвуваат за настапот на европската сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трибина: Органодарителството и значиењето на трансплантацијата

Претставници на здравствени инстутуции, трансплантациски тимови, владини претставници, студенти учествуваат на трибината посветена на органо – дарителството и значењето на трансплантацијата..

Трибина: Органодарителството и значиењето на трансплантацијата

Трибината на Медицинскиот факултет ја следи Мирјана Мирчевска Јовановиќ.. Мими, какви пораки произлегоа од собирот..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер