Премиерот Христијан Мицкоски во работна посета на Општина Кавадарци - Канал 5

Премиерот Христијан Мицкоски во работна посета на Општина Кавадарци

Изјава на претседателот на Владата Христијан Мицкоски по работната посета на Општина Кавадарци.

Премиерот Христијан Мицкоски во работна посета на Општина Кавадарци

Премиерот Христијан Мицкоски најавува во периодот што следи средби со пратеници и пратенички групи со цел да се реши прашањето со изборот на народниот правобранител за кој е потребно Бадентерово мнозинство.

- Ќе разговараме со повеќе пратеници и пратенички групи за да се надмине овој проблем. Цениме дека треба да се надмине бидејќи е дел од Извештајот што го подготвува Европската комисија за напредокот на Македонија како држава. И доколку сите сакаме да се придвижиме напред, доколку сите имаме желба да ја видиме земјата како рамноправен дел во рамки на Европската унија, тогаш не гледам причина зошто едно такво решение да не поддржано и сето ова да не биде завршено, изјави денеска Мицкоски при посетата на Кавадарци.

Мицкоски е задоволен и досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“ за што вели потврда се и бројките за нула загубени човечки животи во сообраќајни незгоди во декември годинава во однос на истиот период лани.

- Морам да кажам дека ако се спореди декември 2025 со декември 2024 година ќе дојдеме до еден параметар кој нас не прави задоволни и среќни бидејќи во Скопје во декември 2024 година поради сообраќајни незгоди животот го загубиле пет лица, а оваа година ниту едно. Значи, примената на апликацијата го дава резултатот. Вкупниот број на лица кои го загубиле животот во сообраќајни незгоди во 2024 година е 142 лица, а во 2025 година е 131 лице со драматично намалување на бројката во декември. Тоа значи дека и во градовите каде нема инсталирано вакви уреди, внимателно возат, но и на автопатите каде има инсталирано ваков тип на уреди, изјави денеска Мицкоски.

Вели дека од 1 февруари за кога се најавува официјалната примена на системот со казнување, не очекува се да функционира беспрекорно, но дека системот ќе се надоградува постојано.

- Ценам дека како Влада опстојавме и покрај, јас би рекол, оној мал дел од општеството којшто го нареков талог на општеството којшто го исмејуваше сето тоа - правеше шеги на моја сметка, на сметка на Владата, имаше разноразни рилсови, но овие нула загубени човечки животи во Скопје, не прават задоволни. Сето она што беше антикампања или кампања почна со сарказам од овој мал дел од наши сограѓани, бројките ги демантираат, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кавадарци на првиот ден од Новата Година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер