Премиерен грен – слем трофеј за Гауф - Канал 5

Премиерен грен – слем трофеј за Гауф

Американската тинејџерка Коко Гауф го освои првиот грен – слем трофеј во кариерата, откако помогната од своите навивачи и нивната френетична поддршка ја совлада со пресврт Белорусинката Арина Сабаленка со 2-1 во синоќешното финале на УС Опен.

Премиерен грен – слем трофеј за Гауф

Гауф со загуби првиот сет со 2-6, а на самиот старт на вториот сет Сабаленка имаше две брејк топки, но американската тенисерка се извлече од ситуацијата и тоа што пресвртен момент во натпреварот.

Деветнаесетгодишната Гауф ги освои преостанатите два сета со 6-3, 6-2 и ја освои премиерната титула во своето второ грен – слем финале, по ланското на Ролан Гарос, кое го загуби од Ига Швјонтек.

Сабаленка остана на една грен – слем титула, која ја освои на почетокот на оваа година на Австралија Опен.

И покрај поразот, 25-годишната белоруската тенисерка од утре ќе го запоседна првото место на ВТА листата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снема пиво во баровите во Бостон поради жедните навивачи од Шкотска

Баровите во Бостон се подготвуваат за втор бран на пиење пиво од страна на шкотските фудбалски навивачи кои речиси испразнија некои пабови и ги оставија без пиво во првиот викенд од нивната окупација на градот.

Снема пиво во баровите во Бостон поради жедните навивачи од Шкотска

Баровите во Бостон се подготвуваат за втор бран на пиење пиво од страна на шкотските фудбалски навивачи кои речиси испразнија некои пабови и ги оставија без пиво во првиот викенд од нивната окупација на градот каде што се одржуваше натпреварот на Светското првенство помеѓу Шкотска и Хаити.

Жедни навивачи

Кога Шкотска го победи Хаити со 1-0 во саботата во нивниот прв настап на Светското првенство од 1998 година, персоналот на барот мораше да бара залихи за да ги задоволи потребите од пиво на бучните и жедни навивачи на Шкотска, кои броеја десетици илјади во Бостон.

„Во овој бизнис сум повеќе од 30 години и никогаш не сум видел нешто вакво“, рече Били ДеКејн, генерален директор на „Сем Адамс Тап Рум“ во центарот на градот.

Во еден момент минатиот викенд, барот мораше да повика специјален камион за достава од пиварницата „Сем Адамс“ за да се справи со навидум незаситната побарувачка за пиво од Шкотите, па дури и тогаш, ДеКејн се грижеше дека можеби ќе мора да се прибегне кон продажба само на лименки.

„Едвај стигнавме. Да немавме тие итни испораки, тоа ќе беше тешка задача“, рече тој во среда, додека навивачите пиеја пинти пиво за да го убијат времето пред натпреварот во петок против Мароко.

„Дали некогаш се заморуваат?“

Како и натпреварот со Хаити, натпреварот со Мароко ќе се игра на огромен стадион, дом на фудбалскиот тим „Њу Ингланд Патриотс“, во предградието Фоксборо. ДеКејн рече дека еквивалентно ниво на возбуда за Американците би било да го видат нивниот омилен американски фудбалски тим како за прв пат стигнува до Супербоул.

„Цел викенд сте на адреналин и дефинитивно го гледате тоа“, рече тој за Шкотланѓаните и нивната прва авантура на Светското првенство по речиси 30 години. „Дали некогаш спијат? Дали некогаш се заморуваат? Се вратија следниот ден во 11 часот.“

Славеничкиот дух на „Тартанската армија“ од Бостон - кој вклучуваше марш под звукот на масивни гајди до паркот Фенвеј, дом на бејзбол тимот „Бостон Ред Сокс“ во недела - освои многу луѓе во градот.

Градоначалник на Бостон: Шкотланѓаните се најлудите навивачи

Градоначалничката на Бостон, Мишел Ву, изјави дека локалното население веднаш се поврзало со љубовта на гостинските навивачи кон нивниот фудбал.

„Се сметаме себеси за едни од најстраствените и најлудите спортски навивачи насекаде. Затоа, да се види истото ниво на посветеност и заложба носи вистинско почитување“, рече Ву, која ја даде изјавата во сина маица со тартан.

„Шкотските навивачи се апсолутно најдобри. Тие беа неверојатно топли, ги поддржаа нашите бизниси, ја запознаа нашата заедница и се однесуваа кон Бостон како кон уште еден дом далеку од дома“, додаде Ву. „Затоа се надевам дека Армијата на тартаните ќе продолжи да се враќа во Бостон.“

По натпреварот со Мароко, Шкотска игра против Бразил во Мајами, додека Бостон ќе се подготви за посетата на „стариот непријател“ на Шкотска, Англија, и нивната армија навивачи пред натпреварот на Англија против Гана во Фоксборо следниот вторник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски нема резултати, затоа тера кампања на конфликти и поделби

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека по две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, граѓаните живеат полошо, економијата е ослабена, а европскиот пат е целосно закочен .

Филипче: Мицкоски нема резултати, затоа тера кампања на конфликти и поделби

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека по две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, граѓаните живеат полошо, економијата е ослабена, а европскиот пат е целосно закочен и додаде дека Мицкоски нема никаков резултат и затоа тера кампања на конфликти и поделби.

„Оваа власт ниту има визија, ниту капацитет, ниту знаење како да ги менаџира работите, согласно тоа нема никаков резултат. Ветеното пред граѓаните пред скоро две години нема исполнето ниту 20%. А граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат, поради тоа што паричниците веќе им се празни, исто како и фрижидерите“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека единственото што расте во државата се долговите, додека животниот стандард опаѓа, а младите масовно ја напуштаат земјата.

„Изминатите две години единствено нешто што е зголемено се долговите на државата. Падна животниот стандард, сиромаштијата е во пораст, луѓето, посебно младите, сѐ повеќе се иселуваат“, рече Филипче.

Кога власта нема резултати таму каде што граѓаните најмногу ги очекуваат – во економијата и квалитетот на животот – прибегнува кон старата тактика на поделби и конфликти.

„Тука доаѓам до клучното, а тоа е дека кога нема испорака и нема никакви резултати таму каде што најмногу треба, а тоа е во квалитетот на живот на граѓаните, што се прави? Нормално, тоа што го прави секоја популистичка влада, како оваа на чело со Христијан Мицкоски, а тоа е дека се тера кампања на конфликти, на поделби, на креирање надворешни непријатели, идентификување на внатрешни предавници“, порача Филипче.

Претседателот на СДСМ оцени дека власта намерно ја користи темата за идентитетот за да го прикрие сопствениот неуспех во економијата и европските интеграции.

„Се претставува европскиот пат како некое загрозување на нашиот идентитет, со што луѓето се исплашени. Се користи истата приказна со која настапија на изборите во 2024 година – дека тие се големите патриоти кои ќе го одбранат идентитетот и дека Европа е таа што го загрозува. Тоа не е голема лага. Апелирам граѓаните да не подлегнат повторно, како пред две години, на неговиот трик. Да не подлегнат на овие националистички, популистички говори, затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е изолација и сиромаштија“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е зошто Меси се расплака среде историскиот натпревар на СП

Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа на отворањето на Светското првенство со хет-трик, но прославите беа обележани со солзи од фудбалската икона по првиот гол.

Познато е зошто Меси се расплака среде историскиот натпревар на СП

Иако Меси по натпреварот спомена „тешки денови“ кои не се поврзани со спортот, точната причина за неговото плачење не беше позната досега. Ја откри аргентински новинар.

Актуелниот шампион Аргентина влезе во натпреварувањето со победа од 3-0 над Алжир, а 38-годишниот Меси беше клучен играч и покрај тоа што беше под голем притисок. Тој постигна три гола и со тоа обезбеди совршен почеток на одбраната на титулата за својата репрезентација. Сепак, беше очигледно дека имал други работи на ум за време на натпреварот. Откако го постигна својот прв гол, тој се расплака на теренот.

Запрашан по натпреварот зошто е толку емотивен, тој рече: „Не, искрено, тоа нема никаква врска со спортот. Беа тешки, комплицирани неколку дена.“ Потоа додаде: „Преживав тешки и комплицирани денови, но сум благодарен на целата делегација и на сите мои соиграчи бидејќи, како и секогаш, беа покрај мене. Ми дадоа многу сила да бидам добро, и тоа е сè.“

Новинарот откри семејни проблеми

Недолго потоа, спортскиот новинар Едуардо Фајнман на една од најслушаните станици во земјата, Радио Митра, ја откри позадината на приказната. „Станува збор за неговиот татко. Неговото здравје не е добро. Тоа трае веќе некое време, неколку месеци, од минатата година“, рече Фајнман.

„Оваа недела се случија некои ситуации што му го влошија здравјето малку, а Меси поминува низ таа внатрешна борба. Како и секое човечко суштество.“

Исто така, беше објавено дека Хорхе доживеал „медицински инцидент“ дома во јануари поради кој бил хоспитализиран. Се вели дека бил подложен на кардиоваскуларни и невролошки тестови, но дијагнозата на неговиот проблем сè уште е непозната.

Улогата на неговиот татко во кариерата на Меси

Таткото на Меси имал огромно влијание врз неговата фудбалска кариера и продолжува да работи со својот син зад сцената. Хорхе сè уште е агент и бизнис менаџер на осумкратниот освојувач на Златната топка. Пред да почне да ја управува кариерата и бизнис империјата на Меси, тој работел во челичарница.

Родителите на Меси, Хорхе и Селија Кучитини, се во брак од 1978 година и сè уште се заедно, живеејќи во Мајами и Росарио. Покрај Лионел, тие имаат уште три деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер