3Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
МакедонијаПрекуграничен успех во обновување на шумите во Македонија и АлбанијаИницијативата за шуми го одбележа својот успешен завршеток со регионален настан посветен на обновувањето на шумите во Албанија и Македонија. Овој значаен собир ги прослави постигнувањата на проектот во намалување на деградацијата на шумите и зајакнување на одржливото управување со шумите низ Западен Балкан. Настанот собра над 40 засегнати страни – меѓу кои владини претставници, локални власти, партнери во спроведувањето и експерти за заштита на природата – и ја истакна клучната улога на обновувањето за природата и заедниците. Дискусиите нагласија како решенијата засновани на природата придонесуваат за зачувување на биодиверзитетот, зголемување на климатската отпорност и поддршка на локалното население. Проектот „Иницијатива за северни шуми - Обнова на шумите во Албанија и Македонија“, започнат во 2023 година, се фокусираше на намалување на загубата на шуми преку обновување на приоритетни предели, градење институционален капацитет и промовирање одржливо управување со шумите во двете земји. Проектот беше спроведен од Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN-ECARO) во партнерство со организациите ППНЕА (Заштита и зачувување на природната средина во Албанија) и МЕД (Македонско еколошко друштво), а поддржан од Фондацијата на Шведската поштенска лотарија. Иницијативата постави пример за прекугранична соработка во обновување на шумските предели. „Горди сме што ги поддржавме овие напори за обновување како дел од нашата глобална Иницијатива за шуми, која покажа дека локално водените активности за обновување, можат да донесат трајни придобивки за природата и заедниците. Резултатите постигнати во Албанија и Македонија го одразуваат потенцијалот на соработката и моќта на решенијата засновани на природата, во справување со загубата на биодиверзитет и климатските предизвици. Со нетрпение го очекуваме напредокот на IUCN во унапредување на еколошкото обновување и зајакнување на отпорноста на заедниците на Западен Балкан,“ изјави Андреас Ериксон, генерален секретар на Фондацијата на Шведската поштенска лотарија. Активностите за обновување беа насочени кон два клучни биодиверзитетни предели: Буковиќ во Македонија и Паштрик-Морина во Албанија. Овие области се клучни за зачувување на критично загрозениот балкански рис (според Црвената листа на загрозени видови на IUCN) и претставуваат витални еколошки коридори кои овозможуваат движење на видовите и одржување на поврзаноста на екосистемите. Преку насочени интервенции за обновување на шумските предели, проектот ги подобри условите на живеалиштата, ја зајакна отпорноста на шумите и придонесе кон ублажување на климатските промени. „Иницијативата за шуми ја покажа моќта на регионалната соработка и решенијата засновани на природата во обновување на шумските предели и зајакнување на климатската отпорност. Искрено сме благодарни на Фондацијата на Шведската поштенска лотарија за нивната непроценлива поддршка и партнерство во текот на целиот процес. Иако оваа фаза завршува, остануваме посветени на напредокот во обновување на шумите и одржливо управување со земјиштето во Западен Балкан, градејќи врз темелите што ги постави оваа иницијатива,“ истакна Оливер Аврамоски, регионален директор на IUCN ECARO. Меѓу клучните постигнувања на Иницијативата за шуми се обновувањето на 40 хектари деградирани предели во Албанија и Македонија преку комбинација на мерки како пошумување, проредување на шуми, подобрување на пасишта и контрола на ерозија. Овие активности не само што го подобрија квалитетот на живеалиштата, туку ја зајакнаа и прекуграничната соработка во заштитата на шумите. Проектот ги унапреди локалните капацитети преку обуки за одржливо управување со шумите за заедниците и властите, додека стратешката примена на решенија засновани на природата придонесе за зголемување на биодиверзитетот, апсорпција на јаглерод и подобрување на климатската отпорност. „Обновувањето и одржувањето на еколошката поврзаност е суштинско, не само за опстанокот на видови како балканскиот рис, туку и за зајакнување на отпорноста на нашите предели и заедници. Остануваме посветени на заштитата на овие коридори на живот, каде биодиверзитетот и човечкото благосостојба одат рака под рака,“ изјави Александер Трајче, извршен директор на ППНЕА. Примената на „мозаичен“ пристап – кој интегрира повеќе техники за обновување – ги засили еколошките и социјалните придобивки, поставувајќи основа за долготрајни и стабилни живеалишта. „И покрај предизвиците со институционалниот капацитет, проектот постави силен пример за решенија засновани на природата и нуди модел што може да се повтори за обновување на шумите и соработка во заштита на големите ѕверови низ регионот на Западен Балкан,“ изјави Робертина Брајаноска, извршна директорка на МЕД. Она што ги прави овие интервенции посебни е нивната интегрирана и координирана примена, создавајќи ефект што ги засилува придобивките за зачувување и обезбедува конкретни резултати за локалните заедници. Овој холистички пристап гарантира дека напорите за обновување одат подалеку од изолирани акции, создавајќи отпорни екосистеми, кои носат позитивни резултати за сите нивни корисници, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаЃорѓиевски: За Скопје во кое секој безбедно се враќа домаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на втората Национална конференција за безбедност на патиштата и ја истакна заедничката обврска до 2030 година да се намали бројот на загинати и тешко повредени.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на втората Национална конференција за безбедност на патиштата и ја истакна заедничката обврска до 2030 година да се намали бројот на загинати и тешко повредени во сообраќајот за најмалку 50 проценти, како и дека за Скопје е поставена уште поамбициозна цел, нула сообраќајни несреќи со смртен исход до 2030 година. - Како градоначалник, моја одговорност е да направам сѐ што е во моја моќ за секое дете безбедно да стигне на училиште и секој родител да се врати дома кај своето семејство. Во мојата програма предвидов редизајн на 50 критични крстосници и улици според докажани европски стандарди. Ќе вложуваме во подобро осветлување, јасна сигнализација и поврзани пешачки и велосипедски патеки. Моја цел е детето што тргнува на училиште да може безбедно да ја премине улицата, а човекот што користи инвалидска количка да може непречено да се движи по тротоарот. Токму затоа, уште од првиот ден, меѓу приоритетите ги ставив булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и клучката „Момин Поток“. Нивната вредност скопјани ќе ја почувствуваат секој ден кога ќе патуваат побезбедно до работа, до училиште и до дома – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски го поздрави проектот „Безбеден град“ (Safe City) на МВР кој веќе е и меѓународно награден, благодарение на министерот Панче Тошковски, кој со евидентирањето на прекршоците придонесува за поголема дисциплина зад воланот. - Правилата мора да важат за сите. А до секој што денес ќе седне зад воланот имам една порака. Да го остават телефонот. Да ја намалат брзината пред пешачки премин. Ниту едно брзање не вреди повеќе од човечки живот. Да бидеме одговорни – нагласи Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФрлена бомба врз домот на помошник управител на затворскиот систем во Црна ГораУтринава во дворот на домот на Небојша Јанковиќ, помошник управител на црногорската Управа за извршување на кривични санкции (УИКС), експлодираше бомба.Во експлозијата целосно е уништен неговиот автомобил „Волво“, кој бил паркиран пред куќата во подгоричката населба Златица, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“. Според неофицијални информации, експлозивната направа била активирана околу 04:00 часот наутро, а полицијата веднаш била известена. Полицијата, во соработка со надлежното државно обвинителство во Подгорица, го истражува случајот, а во тек е и увид на лице место. Полицијата го поврзува нападот со неговата работа Црногорската полиција најави реакција на нападот, спроведена во координација со разузнавачките и безбедносните служби, како и со вработените во затворскиот систем. Тие истакнаа дека на овој инцидент не гледаат само како на напад врз јавен функционер, туку како на удар врз владеењето на правото и борбата против организираниот криминал. Од полицијата додаваат дека нападот врз Јанковиќ го поврзуваат со неговите професионални должности и улогата во раководењето со затворскиот систем во Спуж. „Управата на полицијата му дава целосна поддршка на нашиот колега, со јасна порака дека сите расположливи ресурси ќе бидат насочени кон заштита на полициските службеници и вработените во УИКС, кои чесно ги извршуваат своите должности и задачи. Понатаму, ваквите криминални обиди за заплашување поединци нема да ја ослабат пошироката, сеопфатна борба против криминалот“, наведуваат од полицијата. „Сите понатамошни процесни, истражни и дејствија за утврдување на фактите ќе се спроведуваат во соработка со Основното државно обвинителство во Подгорица, кое ја презеде надлежноста над овој случај, а кој се однесува на кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено поседување и носење оружје и експлозивни материи“, се додава во соопштението. Од полицијата најавија дека навремено ќе ја информираат јавноста за понатамошниот тек и резултатите од истрагата. Извор: Индекс.хрТагови: Бомба Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
БалканПретседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“Граѓаните на Србија наскоро повторно ќе излезат на гласачки места - на 27 декември, кога ќе изберат нов претседател.Официјалните кандидатури се очекуваат во наредните денови, а додека тоа не се случи, шпекулациите за одредени имиња што би можеле да се најдат на гласачкото ливче продолжуваат. - Пред точно 24 часа беа објавени претседателските избори, но денес стоиме пред вас со името на кандидатот - рекоа тие на почетокот на медиумската конференција на Студентската листа. - Влегуваме во овие избори многу поподготвени и поискусни. Нашите контролори ќе сторат сè за да се осигурат дека секој глас е заштитен - рекоа тие. - Сакавме да предложиме човек чија поддршка никогаш не беше декларативна. Сакавме некој што беше со нас од самиот почеток. Се надеваме дека граѓаните ќе ја препознаат кај нашиот кандидат подготвеноста да се држи до принципите што го изградија секој наш успех во неговата работа - нагласија тие. Претседателскиот кандидат е Радомир Саичиќ. - Сега имаме можност слободата за која се боревме да ја претвориме во трајна промена. Владата и судовите мора повторно да ја заработат довербата на народот. Ќе се залагам за суверена Србија во која секој граѓанин ќе живее со достоинство - рече Саичиќ. - Ние ги почитуваме и институтите за управување во Црна Гора, имаме најдобри можни односи со нашиот народ. Не гледам никакви противречности таму. Она што мислам дека е обврска на новата влада е да го обедини српскиот народ, а не да создава поделби - рече тој како одговор на новинарско прашање.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook