Преку ГП „Ново село" лани 850 илјади премини, се рехабилтира најфрекфентната делница

 Најфрекфентната делница во државата-патниот правец Струмица-граничен премин Ново Село на македонско-бугарската граница, се рехабилитира по повеќе од половина век, вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Во 2017 година повеќе од 750 илјади премини се регистрирани преку граничниот премин Ново Село, а во 2018 година се забележани повеќе од 850 илјади. – Ова се значителни бројки кои зборуваваат за растот на размена меѓу двете држави, но и од други држави кои го користат овој патен правец, изјави Јаневски, при неодамнешниот увид на работите на патот со ресорниот министер Горан Сугарески и со директорот за ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, беше истакнато дека патот што е изграден многу одамна е прилично дотраен.

-Долго време, укажа Јаневски, не само луѓето од општините коишто гравитираат кон овој пат, како што се Ново Село, Босилово и Струмица, туку и за други овој пат е влез за целата држава во ЕУ. Овој пат одигра значајна улога во некои поранешни времиња кога целиот извоз на стоки од нашата држава се одвиваше по овој правец и нормално е при таква интензивна експлоатација да се амортизира патот.

За градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков овој патен правец е вистинска артерија за движење на стоки и патници.

-Лицето на една држава се препознава по квалитетната инфраструктура, односно патишта, така што при влез од граничниот премин со Бугарија ќе оставиме една добра слика за посетителите. Покрај тоа, овој пат е многу амортизиран и е изграден некаде во шеесетите години и со оваа рехабилитација слободно можам да каажам дека сите ќе имаме бенефит, рече градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков.

Стариот слој асфалт којшто се отстранува од делницата во општина Босилово се користи за тампонирање на пристапните патишта до нивите со што се овозможува на земјоделците да имаат полесен пристап до своите посеви.

Патниот правец Струмица-граничен премин Ново Село се рехабилитира во должина од 12,3 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 1,8 милиони евра, обезбедени од Светска банка. Досега е завршено асфалтирањето на 8,2 километри.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Зоран Китанов најфрекветниот патен правец во државата е еден од дванаесетте, што се градат со средства од Светска банка по така наречениот „жолт видик", со кој се опфатени патиштата кои се најмногу оштетени во државата.

– Ако прашате некој од населението кога овој патен правец е направен ќе ви кажат „од времето на Тито". Многу е ветувано од минатите влади и во изминатиот период, но ете ние го реализираме тоа што го ветивме. Самата фреквенција покажува дека овој пат повеќе не може да ја апсорбира и затоа веќе се проектира експресен пат од граничниот премин Ново Село до Струмица и експресен пат кој ќе продолжи заедно со обиколницата до Коридор 10, кај Гевгелија и Смоквица, најави директорот Китанов.

До крајот на овој месец треба да почне рехабилитацијата на патот Радовиш-Струмица во должина од 5,5 километри, како и на регионалниот пат Струмица-Берово во должина од 10 километри. Освен тоа ќе се изработи проектна документација за патните правци Струмица-Валандово, Радовиш-Струмица на ниво на експресен пат, како и за изградба на регионален пат меѓу селата Долни Липовиќ во општина Конче и Рич во општина Струмица.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер