Преку алатка за споредување на цените на електричната енергија до пониски трошоци за струја за фирмите

Алатката Switch.mk е наменета пред се за малите потрошувачи и домаќинствата и има за цел  да им помогне при нивниот избор на снабдувач со електрична енергија. 

На потрошувачите од денеска им е достапна веб платформата Switch.mk на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на која може да направат споредби на дополнителните понуди од страна на активните снабдувачи на пазарот на мало со електрична енергија и да добијат јасни и сеопфатни и ажурирани информации за цените на струјата, периодот на траење на договорот за снабдување, фактурирањето, како и другите услуги поврзани со снабдувањето.

Алатката Switch.mk е наменета пред се за малите потрошувачи и домаќинствата и има за цел да им помогне при нивниот избор на снабдувач со електрична енергија. Достапна е на македонски, албански и англиски јазик. Изработена е со техничка поддршка од USAID и Националната асоцијација за регулаторни комисионери – NARUC, а во консултација со активните снабдувачи со електрична енергија.

-Регулаторната комисија за енергетика е прва во регионот и во Енергетската заедница која воведува функционална алатка за споредба на цените на електричната енергија. Switch.mk овозможува транспарентност на малопродажните цени со што компаниите ќе имаат директна корист во намалување на нивните трошоци за електрична енергија, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека алатката ќе придонесе фирмите да ги намалат нивните трошоци за струја и додаде дека со нејзиното воведување се покажува дека РКЕ има исклучителен капацитет и посветеност да ја донесе иднината пред и формално да има обврска за тоа и пред голем дел од земјите од Европската Унија.

-Платформата нуди и други корисни информации за потрошувачите со цел подобро разбирање како функционира пазарот на електрична енергија, кои се нивните права и обврски, како да се заштеди енергија,… Овозможува прикажување индикативна крајна цена за електрична енергија за секој снабдувач и за секоја објавена понуда, а снабдувачот не може да склучи договор со потрошувачот по цена и под услови понеповолни од објавените на платформата, рече Бислимоски.

Индикативната цена, како што кажа, е пресметана врз основа на цената на електричната енергија содржана во понудата, просечната цена на струјата произведена од повластени производители од ОИЕ кои користат повластени тарифи, просечните тарифи за користење на услугите за пренос и дистрибуција на струја, надоместок за оператор на пазар на струја и ДДВ, а заради поедноставување на пресметката не е вклучен надоместокот за јавно осветлување.

-Во овој момент на Switch.mk се објавени конкурентни понуди од снабдувачите пред се за малите компании, а за домаќинствата има само понуда од универзалниот снабдувач од причина што снабдувачите на слободниот пазар се уште не можат да понудат пониски цени од регулираната, рече Бислимоски и потенцира дека разликата меѓу најниската и највисоката понуда е дури 28 отсто.

Маргарита Липковска Атанасов од USAID посочи дека алатката е моделирана според најуспешните примери на вакви модели во Охајо и Пенсилванија и во неа има вградено и модели за комуникација и едукација на јавноста по примерот во САД.

-Преку своите билатерални и регионални проекти USAID во континуитет обезбедува поддршка на Република Македонија во развојот на конкурентен пазар кој ги исполнува барањата на третиот енергетски пакет. Нашите имплементатори NARUC и локалниот тим на консултанти со поддршка на Мисијата на USAID во Македонија заедно со РКЕ работеа на изработката и дизајнот на оваа алатка, но и на подготвување на правилата за нејзина употреба, рече Липковска Атанасов.

Таа посочи дека алатката ќе треба постојано да се надградува и ажурира, а како што најави Бислимоски, тоа се планира да се прави уште од утре.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер